Свет
Меркел и Саркози на заедничка седница на двете влади
Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Николас Саркози во понеделникот во Париз претседаваат со заедничката седница на француската и германската влада посветена на финансиската криза во еврозоната.
Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Николас Саркози во понеделникот во Париз претседаваат со заедничката седница на француската и германската влада посветена на финансиската криза во еврозоната.Бидејќи седницата на двете влади се одржува во екот на кампањата за претседателските избори во Франција, како што пренесува AFP, француските медиуми пишуваат дека на овој начин германската канцеларка Ангела Меркел му ја дава најавената поддршка на својот десничарски партнер Николас Саркози.Станува збор за билатерална средба што е 14-ти состанок на француското и германското државно раководство, кој започна во понеделникот наутро со средбата Саркози – Меркел, на којашто присуствувал и францускиот премиер Франсоа Фијон. Последниот заеднички состанок на двете влади беше одржан во декември 2010 година во германскиот град Фрајбург. Според соопштението на кабинетот на претседателот на Франција, состанокот е посветен на „јакнењето на француско-германската соработка во сите подрачја, особено во фискалната сфера“.Како што е од порано познато, Париз и Берлин се залагаат за воведување данок на фискалните трансакции во Европската унија. Францускиот претседател Саркози минатата недела соопшти дека Франција ќе го воведе таквиот данок од август годинава во висина од 0,1 отсто, додека Меркел е повнимателна и таа сака ваквата мерка да биде воведена за сите земји членки на ЕУ.Германските и француските челници во Париз ќе разговараат и со повеќе европски прашања, особено со ситуацијата во Грција, како и со меѓународните прашања како што се состојбите во Сирија./крај/афп/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
По пет часа заврши средбата меѓу Путин и Американците – продуктивно, но без компромис за мировниот план, според првичните реакции
Разговорот на рускиот претседател Владимир Путин со специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф и зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер, заврши во Кремљ по повеќе од пет часа.
Заедно со Путин, во руската делегација се и двајца негови советници, Кирил Димитриев и Јуриј Ушаков.
По средбата, Димитриев се огласи на социјалната мрежа „Икс“, каде што објави фотографија од средбата со стикер од гулаб со маслиново гранче, што симболизира мир.
Productive 🕊️ pic.twitter.com/YlkqF0b7tr
— Kirill Dmitriev (@kadmitriev) December 2, 2025
„Продуктивно“, напиша тој, пренесе „ТАСС“.
По него, зборуваше и Јуриј Ушаков.
Тој рече дека засега не е изнајден компромис на мировниот план за решавање на ситуацијата во Украина.
„Сè уште не е пронајдена компромисна варијанта на мировниот план за Украина, но некои американски нацрти за мировно регулирање изгледаат повеќе-или-помалку прифатливи, но потребна е дискусија. Некои формулации што ни беа предложени не ни одговараат. Односно, работата ќе продолжи“, објасни Ушаков, во изјава што ја пренесоа руските медиуми.
Свет
Италија планира да ја одложи одлуката за продолжување на воената помош за Украина
Италијанската влада има намера да го одложи одобрувањето на декретот што ќе му дозволи на Рим да ја продолжи воената помош за Киев за следната година, соопштија денес извори блиски до ова прашање, пренесе „Ројтерс“.
Застојот доаѓа во услови на тензии во десничарската коалициска влада околу поддршката за Украина. Премиерката Џорџа Мелони вети продолжување на помошта, но нејзиниот заменик Матео Салвини ја доведе во прашање оправданоста на таа одлука.
Во својата критика за помошта за Украина, Салвини се осврна на корупцискиот скандал во енергетскиот сектор што ја тресе администрацијата на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Од руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, италијанската влада испрати 12 пакети воена помош за Украина, вклучувајќи го и системот за воздушна одбрана SAMP/T.
Прописите ѝ дозволуваат на владата да дејствува без да бара одобрение од парламентот за секоја нова рунда воени испораки. Важечкиот пропис истекува на крајот од годината.
Откако ќе биде одобрен од владата, новиот пропис ќе стапи на сила веднаш, но парламентот ќе мора да го ратификува во рок од 60 дена.
Свет
Путин три часа преговара со пратениците на Трамп за Украина
Разговорот меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стивен Виткоф, трае веќе три часа и засега нема најава за негово завршување. На состанокот учествуваат и Јуриј Ушаков и Кирил Дмитријев од руската страна, како и Џаред Кушнер од американската делегација.
Состанокот е дел од интензивна дипломатска активност последниве две недели. Според изворите на Аксиос, Виткоф и Кушнер утре треба да го информираат украинскиот претседател Володимир Зеленски за разговорите во Москва.
Американскиот план за примирје, првично со 28 точки, сега е фокусиран на утврдување де факто граница како дел од можен договор. Путин изјави дека предложениот план може да биде основа за разговори, но Русија не отстапува од клучните барања, вклучувајќи ја и контролата врз целиот Донбас. САД наводно ја повикале Украина да направи територијален отстапок, што е политички тежок потег за Киев.
Зеленски од Даблин порача дека најтешки делови од планот се територијата, користењето замрзнати руски средства и безбедносните гаранции. Тој смета дека постои „најголема шанса досега“ да се стави крај на војната. Потврди дека со САД е усогласен нов мировен договор со 20 точки.
Украина е подготвена за нова средба со Виткоф и Кушнер по нивниот состанок во Москва, а опција е таа да се одржи во Брисел, каде утре заседава НАТО. На состанокот нема да присуствува американскиот државен секретар Марко Рубио.

