Македонија
Хедберг: Земјата да се врати на работа за да немаме изгубена година

Европската Комисија очекува напредок во политичкиот дијалог, реформата на судството и јавната администрација, борбата против корупцијата и слободата на изразување во медиумите, со цел 2011-та да не биде, како што велат, изгубена година во евроинтеграциите на Македонија. Оваа порака на македонските власти им ја пренесе Кристијан Хедберг, раководител на одделот за Македонија во Директоратот за проширување на Европската Комисија, кој е во редовна посета на земјата. „Ако ги погледнеме случувањата по објавувањето на нашата оценка, можеме да заклучиме дека земјата треба да се врати на работа на сите овие прашања, што е важно за нас да осигураме дека нема да имаме изгубена година, дека нема да ја изгубиме годината 2011-та“, вели Хедберг. /крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја денеска дел од Шуто Оризари

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од потрошувачите на и улиците Тиквешка, Демир Хисарска и улица Хаџи Јован Шишков, општина Шуто Оризари.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

ЦУК известува дека денеска поради дефект на приклучна цевка од ф-1“ на улицата Охридска 50, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од на дел од улица Охридска и дел од улица Петричка, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 20 l/m²), засилен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град.
Во Скопје, променливо облачно, попладне и во текот на ноќта нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме.
Времето во наредните денови
Утре и во четврток времето ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 20 l/m²), засилен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град. Потоа следува период на претежно стабилно време со слаб до умерен северен ветер.