Македонија
Во Куманово сé уште блокирани двете улици во центарот
Во Куманово, каде што пред едена седмица дојде до судир меѓу македонската полиција и поголема добро вооружена терористичка група, и во саботата полицијата ги се блокира двете улици во централното подрачје.
Двете улици во центарот на градот, „11 Октовмри“ и „Тодор Велков“, од петокот и натаму се блокирани за сообраќај, а забележливо е зголемено полициско присуство, но пешаците можат непречено да поминуваат.
Министерството за внатрешни работи во петокот соопшти дека споманатата блокада на сообраќајот е поради преземање мерки за зголемена безбедност во Куманово.
Во извештај од саботата на Регионалниот Центар за управување со кризи, се пренесува информација дека добиле известување дека улиците се блокирани поради превентивни полициски активности.
На споменатите две улици се наоѓаат зградите на важни државни институции и установи, како судот, СВР Куманово, општината, подружницата на „Македонски пошти“, и неколку локални подружници на државни институции.
Изминатиот викенд во Куманово беше изведена полициска акција за разбивање на терористичка група, во која загинаа осум полицајци, а 37 беа повредени. Десетина терористи беа убиени, а 30 се предадоа и одреден им е притвор.
Комисија на Владата и на Општина Куманово започна проценка на штетите на домовите на населението, чии куќи беа оштетени и најавено е целосно покривање на штетите. /крај/мф
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

