Македонија
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ очајно се обидува нешто да сокрие
Наместо Јавниот обвинител јавно да соопшти дека е покрената истрага за целосно расветлување на огромниот корупциски скандал со Телекомот, Груевски јалово се обидува да ја умори јавноста со партиски препукувања, реагира
Наместо Јавниот обвинител јавно да соопшти дека е покрената истрага за целосно расветлување на огромниот корупциски скандал со Телекомот, Груевски јалово се обидува да ја умори јавноста со партиски препукувања, реагира опозициската СДСМ која додава дека со ова владејчачката партија потврдува дека очајно се обидува нешто да сокрие.
„Груевски, како министер за финансии, ја аминуваше приватизацијата на Македонски Телеком на 15 јануари 2001 година. Од тогаш, во изминативе 11 години, сите нелогичности со Телекомот неизбежно упатуваат на адресата на Никола Груевски. Договорот на партиската фирма на ВМРО ДПМНЕ “Аналитико“ со Телекомот е склучен во мај 2006 година, период кој е предмет на истрагата и одлуката на американските власти. Тогаш ВМРО ДПМНЕ во пресрет на изборната кампања е со блокирана жиро сметка, а партиската фирма “Аналитико“ склучува договор со Телекомот за дистрибуција на СИМ картички. Во “Аналитико“ работеле Мартин Протуѓер, Гордана Јанкуловска, Елизабета Канческа, Александар Бичиклиски. Сопственик на фирмата бил Ален Зекиров а директор Оливер Шамбевски. Дури, дел од овие лица биле повикани на разговор од страна на американските истражни органи“ изјави Гордан Георгиев, потпретседател на СДСМ. /крај/со/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

