Македонија
Алкохолизиран ресенчанец оштетил четири паркирани возила во Битола
Пијан ресенчанец утрово околу 04:45 часот со своето возило оштетил четири паркирани возила на улицата „Иван Милутиновиќ“ во Битола.
Пијан ресенчанец утрово околу 04:45 часот со своето возило оштетил четири паркирани возила на улицата „Иван Милутиновиќ“ во Битола.
„Станува збор за патничко моторно возило марка ‘БМВ’ со охридски регистарски таблички, сопстевност ан лице од Ресен, а управувано од 31 годишен ресенчанец со иницијали А.М. и четири патнички моторни возила и тоа ‘опел вектра’, ‘ситроен ЗХ’ и ‘југо корал’ сите со битолски регистарски ознаки и сопственост на лица од Битола.“- изјави Ѓоко Стрезовски портпарол на СВР Битола, јавува Тера.
Сопстевниците на оштетените возилата затекнати од состојбата.
„Станав за на работа во седум часот утринава и гледам од прозорец удерно југо слегвам долу и мојата кола удрена“, вели сосптвеник на едно од возилата
„Ова ни ‘Југосуровина’ за во Топилница нема да го земе“, вели сопственикот на „југото“.
Според полицијата до незгодата дошло најверојтно од неприлагодена брзина на условите на патот на возилото марка БМВ кое се движело по улицата Иван Милутиновиќ во првенц кон центарот на градот.
„Излетало в десно надвор од коловозната лента по кое се движело и удрило во четирите паркирани возила од десната страна во правецот на движење на возилото“, објаснува Стрезовски.
Според жителите на оваа улица, често се случувале незгоди заради брзо возење
„Многу брзо се вози треба полицијата да си превземе побезбедносни мерки.“
„Многу брзо и под дејство на алкохол. Често е вака на оваа улица многу брзо се вози“, велат жители на улицата Иван Милутиновиќ.
Увид на местото изврши битолската полиција, врз лицето кое го управувало „БМВ“-то е направен алкотест, а возилото е обезбедено за вештачење. /крај/тера/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Отворена нова подрачна канцеларија на Агенцијата за катастар во Општина Ново Село
Агенцијата за катастар на недвижности отвори нова подрачна канцеларија во Општина Ново Село.
Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Иван Живковски, денес заедно со градоначалникот на Општина Ново Село официјално ја отворија новата подрачна канцеларија на Агенцијата.
Со отворањето на оваа канцеларија, повеќе од 10.000 жители на Општина Ново Село и околните населени места од денес ќе можат побрзо и поедноставно да ги остварат своите катастарски права и обврски, без потреба од патување до Струмица.
Директорот на Агенцијата, Иван Живковски, при посетата на новата канцеларија истакна дека ова е дел од поширокиот процес на реорганизација и системско приближување на институцијата до граѓаните, со цел обезбедување подостапни, поефикасни и поквалитетни услуги.
Македонија
Утрешното судење за пожарот во „Пулс“ е одложено за 26 јануари
Судењето за пожарот во „Пулс“ што требаше да се одржи утре е одложено за 26 јануари, соопшти Кривичниот суд. Расправата за пожарот во Кочани се одлага по барање на една од адвокатките која е избрана за нов член на Судскиот совет.
„Главната расправа за предметот со К.бр. 1872/25 поврзана со пожарот во Дискотеката ‘Пулс’ во Кочани, насрочена за утре 14.01.2026 – та година, се одлага по барање на бранителот на еден од обвинетите, адвокат Сузана Јошевска Анастасовска“, соопшти Судот.
Барањето е од причина што во текот на вчерашниот ден, Јошевска Анастасовска е избрана за член на Судскиот совет на РСМ, па заради исполнување на правото за ангажирање нов бранител и негово запознавање со предметот, утрешната расправа се отповикува, а судењето продолжува на следниот, претходно утврден термин, на 26.01.2026 година во 09:30 часот во судницата во КПУ Идризово.
Од Судот информираат дека заради економичност во постапувањето, странките се веќе известени за отповиканата расправа.
Македонија
Бугарски државјанин протеран од земјава, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина
Полицијата уапси бугарски државјанин на Граничен премин Деве Баир, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина.
Според информациите на МВР, вчера во 13:30 часот на Граничен премин Деве Баир, на влез во државата, полициски службеници го приведоа Н.И.Л.(47) од Република Бугарија затоа што при гранични проверки и извршен преглед во содејство со царински службеници на патничко возило „хонда џез“ со бугарски национални ознаки, со кое допатувал, биле пронајдени и одземени метален боксирач и транспарент со навредлива содржина.
Од Основен суд Крива Паланка му била изречена парична глоба и санкција „протерување на странец од земјата“ во траење од една година.
На 13.01.2026 во 02:10 часот Н.И.Л. е спроведен во Граничниот премин Деве Баир и е предаден на бугарските погранични полициски служби.

