Свет
Јеменските власти потпишаа примирје со опозицијата
Владата на Јемен потпишала договор за прекин на огнот со бунтовниците предводени од генерал-мајорот Али Мухсен ал-Ахмар, пренесува во вторникот Reuters, повикувајќи се на владин претставник.
Владата на Јемен потпишала договор за прекин на огнот со бунтовниците предводени од генерал-мајорот Али Мухсен ал-Ахмар, пренесува во вторникот Reuters, повикувајќи се на владин претставник.Според соговорникот на агенцијата, страните , исто така, се договориле за ослободување на сите граѓани уапсени во време на конфликтот.Тој додал дека договорот бил постигнат со посредство на заменик-претседателот Абдул Хади Манура Хади. Советот за безбедност при Обединетите нации минатата седмица донесе одлуката за резолуција со која остро беше осудено „кршењето на човековите права што го прави јеменската влада“ .Со оваа резолуција од претседателот на Јемен, Али Абдулах Салех се бара „веднаш да го потпише и примени“ мировниот план кој го осмислија земјите од Советот за соработка на земјите од Персискиот залив (GCC), со кој од него се бара да отстапи од власта.Меѓународната организација за заштита на човековите права Amnesty International смета дека претседателот Салех кој со Јемен владее со цврста рака речиси три децении, не смее да ужива имунитет поради кршењето на човековите права.„Меѓународната заедница мора да испрати јасна порака дека во секој преоден договор мора са стои дека оние коишто се одговорни за погубувањата, мачењата и исчезнувањето на луѓето во Јемен, мора да одговараат“, се наведува во соопштението на организацијата. Претседателот Салех во неделата изјави дека постои „сеопфатна документација за соработката меѓу Ал Каеда и Муслиманското братство, којашто упатува на дестабилизација на земјата и воен удар“. Според него опозицијата ја сочинуваа „пореметени луѓе кои не можат да спијата туку само ја посакуваат власта“.Осиромашената земја во којашто истовремено режимските сили се борат и со ќелии на терористичката глобална мрежа Ал Каеда, од јануари годинава е потресувана од речиси секојдневни масовни протести, со кои се бара оставка на режимот, како и ставање крај на корупцијата и невработеноста.Речиси 40 отсто од населението на Јемен опстојува со приход од два американски долара на ден или помалку а една третина се бори со хроничен глад.Претседателот Салех кој во државата се врати н апочетокот од октомври и пет други високи функционери на Јемен се наоѓаа во Саудиска Арабија, каде што се лекуваат по нападот врз џамијата во комплексот на претседателската резиденција во Сана’а од 3-ти јуни. Тогаш врз Салех непознати лица пукаа додека тој беше во џамијата во близина на претседателската палата. Според други извори, во џамијата експлодирала подметната бомба. Повредени во експлозијата беа и премиерот и заменик премиерот, претседателот на парламентот и неколку политичари кои присуствуваа на традиционалната петочна молитва. Салех, во нападот се здоби со изгореници околу 40 проценти на кожата и повреди на белите дробови. По два дена во Ријад нему му беше извршена операција со која беа отстранети шрапнели од проектил.Противниците Салех бараат негово непосредно заминување од функцијата, иако неговиот мандат истекува на крајот од 2013 г. Претседателот Салех на 18-ти март објави воведување полициски час во земјата за период од 30 дена. Таа одлуката беше одобрена од страна на јеменскиот парламент. Објавувањето на вонредната состојба следеше еден ден откако западните медиуми објавија дека јеменските безбедносни сили стрелале врз анти-владините демонстранти во главниот град на Сана при што убија 40 лица, а околу 300 беа ранети. Јеменски претседател изрази жалење за загинувањето на цивилите, но ги негираше вината на припадниците на безбедносните структури на земјата.Водечката опозициска организација во земјата „Револуционерна младина на Јемен“ на почетокот од есенва го повика претседателот Салех да си поднесе оставка и апелираше на итно формирање преоден револуционерен совет, кој треба да ги преземе ингеренциите и да го подготви новиот устав на земјата.Во истиот период и повеќе од сто влијателни племенските и верските лидери во Јемен, исто така, повикаа на брзо спроведување на претседателските избори во земјата. Тиево јуни годинава издадоа писмена изјава, во која уште еднаш побараа оставка од претседателот Салех и избор на нов претседател во рок од 60 дена.Протестите инспирирани од востанијата во Тунис и во Египет го доведоа до раб на пропаст 32-годишното владеење на актуелниот претседател Али Абдула Салех. Но, Салех во почетокот повика на прекин на насилствата, затоа што немал никаква намера да си поднесе оставка.Во Јемен од почеток во февруари продолжуваат анти-владините демонстрации, со кои се бара оставката на Салех, кој стана претседател на Северен Јемен во 1978 г. а по повторното обединување на Северен и Јужен Јемен во 1990 г., застана на чело на новоформираната унитарна Република Јемен./крај/ро/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Силен ветер ја урна репликата на Статуата на слободата во Бразил
Реплика на Статуата на слободата во градот Гваиба во јужен Бразил се урна во понеделникот поради силни ветрови.
Градоначалникот на Гваиба, Марсело Мараната, објави дека нема повредени во инцидентот.
In Brazil, a strong wind toppled the Statue of Liberty – the moment of the collapse was captured on video. Fortunately, no one was injured. However, the 25-meter replica of the American sculpture was severely damaged. Workers are currently dismantling the monument. pic.twitter.com/rOrSSibwOz
— Farnak (@Farnakyboy) December 16, 2025
Тој изјави дека градските служби, во соработка со членовите на државната цивилна заштита, веднаш го обезбедиле подрачјето и ги спровеле потребните истраги.
Бразилската агенција за цивилна заштита објави дека налетите на ветерот надминале 90 километри на час, додека предупредувањата се на сила низ целиот регион поради неповолни временски услови.
Фото: депозитфотос
Регион
Самит ЕУ-Западен Балкан без Србија: Вучиќ вели дека никој нема да оди во Брисел
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека нема да оди во Брисел на Самитот ЕУ-Западен Балкан, односно дека Србија нема да има свој претставник.
„За прв пат во последните 13 или 14 години, ниту јас ниту некој друг нема да одиме на таа меѓувладина конференција. Никој нема да ја претставува Република Србија, па затоа Западниот Балкан ќе биде без Република Србија“, изјави претседателот за РТС.
Тој изјави дека донел таква одлука за да не биде обвинет никој друг и дека Владата нема да трпи никаков притисок.
Тој рече дека во претходните 24 часа разговарал со голем број европски лидери.
„Искрено сум благодарен за почитта што Урсула фон дер Лајен и Антонио Кошта ја покажаа кон Србија. Исто така, сум благодарен и на претседателот Макрон, со кого разговарав синоќа. Сметам дека сè што правам, го правам за граѓаните на Србија. Без оглед на тоа што знам дека оваа одлука ќе предизвика критики, и во Брисел и од оние кои секогаш критикуваат, дури и кога не знаат точно што критикуваат. Верувам дека со ова ја штитам Република Србија и нејзините интереси, бидејќи мора да покажеме што сме направиле“, рече Вучиќ.
Тој повтори дека Србија ќе го продолжи својот европски пат додека тој е претседател, а потоа, како што рече, ќе видиме, пренесува РТС.
Фото: депозитфотос
Свет
Сијарто предупредува: На економијата на ЕУ ѝ се заканува колапс во случај на конфискација на руски средства
Конфискацијата на замрзнатите руски резерви може да предизвика колапс на економијата на Европската Унија, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.
„Руската национална банка ja чува својата имовина и средства во Белгија.
Сосема е очигледно дека ако ЕУ ги конфискува своите резерви, глобалната доверба во белгискиот пазар ќе исчезне, а преку него и целиот финансиски пазар на ЕУ.
Ако довербата во европската инвестициска средина исчезне, тоа може да доведе до колапс на европската економија“, рече тој во програмата „Час Правде“.
Рускиот претседател Владимир Путин и унгарскиот премиер Виктор Орбан претходно потврдија за време на разговорите дека таков чекор од Брисел нема да помине без одговор од Москва.
Ова ќе зависи од ставот на поединечните земји во Европската Унија, истакна Сијарто.
„Конфискацијата на руски државен имот е една од најсериозните ескалации на ризикот во последните четири години, а запленувањето на резервите од страна на ЕУ е решение кое се заканува со ескалација на војната“, нагласи дипломатот.
И покрај фактот дека се чини дека дипломатското решение за украинската криза се приближува, Европејците всушност се обидуваат да ја продолжат и влошат војната со целосно непотребно присвојување на руски средства, резимираше тој.
На 12 декември, Советот на Европската Унија усвои одлука за трајно замрзнување на суверените руски средства, пренесува Спутник.
Европската комисија се надева дека на самитот на 18 и 19 декември ќе обезбеди одлука од земјите на ЕУ за експропријација на 210 милијарди евра руски средства, од кои 185 милијарди евра се блокирани на платформата „Јуроклир“ во Белгија.
Фото: депозитфотос

