Свет
Убиен лидерот на тамилските тигри

Мртвото тело на лидерот на тамилските тигри Велупилаи Прабакаран било пронајдено во возило на итната помош, што војниците го уништиле кога се обидело
Мртвото тело на лидерот на тамилските тигри Велупилаи Прабакаран било пронајдено во возило на итната помош, што војниците го уништиле кога се обидело да излезе од воената зона рано утрината.
„Потврдено е дека Прабакаран бил убиен додека се обидувал да избега во возило на итна помош пред зорите“, соопшти анонимен воен извор. Ројтерс пренесува дека истата информација ја потврдиле уште четири воени извори, додавајќи оти војската сè уште нема излезено со официјално соопштение.
Тамилските тигри признаа пораз по 25 годишната крвава војна за одделување на дел од Шри Ланка и соопштија дека ќе го предадат оружјето со цел да го спасат народот.
Војниците во текот на изминатата ноќ пронајдоа муниција, оружје и друга воена техника што ги оставиле бунтовниците.
Претседателот на Шри Ланка, Махинда Рајапакса во саботата објави дека тамилските тигри целосно се воено поразени.
Во завршната офанзива на војската на Шри Ланка, што почна кон средината на јануари годинава, убиени се седум илјади цивили, а околу 17 илјади се ранети, според податоците на Обединетите нации./крај/хи/амп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
„Блумберг“: Трамп побарал од Орбан да го поддржи пристапувањето на Украина во ЕУ

Претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера разговараше по телефон со унгарскиот премиер Виктор Орбан, по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски и европските лидери.
Главна тема на разговорот беше блокадата на Орбан на преговорите за пристапување на Украина во Европската Унија, според извори запознаени со ситуацијата, објави „Блумберг“.
Повикот на Трамп до Орбан следеше по состанокот во Белата куќа, каде што тој разговараше со европските лидери за начините за завршување на војната во Украина. За време на состанокот, европските лидери го замолија Трамп да го искористи своето влијание врз унгарскиот премиер за да го убеди да се откаже од своето противење на кандидатурата на Украина за членство во ЕУ, велат изворите.
Украина со години се обидува да се приклучи на Европската Унија и го гледа членството како дел од поширок пакет безбедносни гаранции што би спречиле нови руски територијални претензии доколку се постигне прекин на огнот.
За време на разговорот со Трамп, Унгарија изрази интерес да биде домаќин на следната рунда разговори меѓу Владимир Путин и Зеленски, според изворите. По разговорот, Трамп ги објави своите планови за организирање самит на лидери меѓу Русија и Украина, по што ќе следи трилатерален состанок на кој и тој би учествувал. Времето и локацијата на тие состаноци сè уште не се објавени.
Фото: ЕПА
Свет
Нетанјаху го обвини австралискиот премиер: Го предадовте Израел

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го обвини својот австралиски колега Ентони Албанезе за „предавство на Израел“ и „напуштање“ на еврејската заедница во Австралија, ескалирајќи ги веќе напнатите односи меѓу двете земји, објавува BBC News.
Нетанјаху рече дека историјата ќе го памети Албанезе „затоа што е слаб политичар“.
Овие остри зборови дојдоа откако Австралија вчера му забрани влез на крајно десничарскиот член на владејачката коалиција на Нетанјаху, Симча Ротман, со одземање на неговата виза пред планираната посета. Израел возврати со одземање на визите за австралиските претставници во Палестинската самоуправа, повикувајќи се на објавата на Канбера минатата недела дека ќе ја признае палестинската држава во септември.
Нема официјален одговор од премиерот Албанезе.
Австралија објави на почетокот на август дека ќе признае палестинска држава. Премиерот Албанезе во тоа време рече дека Нетанјаху „живее во негирање“ за последиците од војната врз невините луѓе.
„Прекинот на помошта што го видовме, а потоа и загубата на животи што ја гледаме околу овие точки за дистрибуција на помош, каде што луѓето што чекаат во ред за храна и вода ги губат своите животи, е едноставно целосно неприфатливо“, рече тој.
Објавата следеше по слични потези од Обединетото Кралство, Франција и Канада, на што Нетанјаху остро одговори, обвинувајќи ги лидерите на тие земји дека се на страната на „масовни убијци, силувачи, убијци на бебиња и киднапери“.
Државата Палестина моментално е признаена од 147 од 193 земји-членки на Обединетите нации.
Свет
Турција ќе биде домаќин на НАТО самитот во 2026 година

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес објави дека самитот на Алијансата во 2026 година ќе се одржи на 7 и 8 јули во претседателскиот комплекс Бештепе во Анкара, Турција.
„Сакам да ѝ се заблагодарам на Турција за домаќинството на овој важен состанок. Турција е силен сојузник на НАТО повеќе од 70 години и дава непроценлив придонес за нашата заедничка безбедност“, рече Руте.
Според него, на следниот самит, лидерите ќе продолжат да го зајакнуваат НАТО, правејќи го посилен, пофер и поефикасен сојуз, подготвен да одговори на клучните безбедносни предизвици.
Турција ќе биде домаќин на самитот на НАТО по втор пат, по Истанбул во 2004 година.
Самитите на НАТО ги собираат лидерите на сојузниците за да донесат одлуки за важни прашања со кои се соочува Алијансата.