Македонија
Рокот за пријавување новороденче за 2009 истекува на 31-ви јануари
На крајот на јануари 2010 г. истекува рокот за пријавување новороденче во рамки на програмата за доделување еднократна парична помош за семејствата со новороденче родени во текот на 2009 година
Барањето за парична помош во износ од 5.000 денари за секое новороденче во Општина Аеродром го поднесува еден од родителите под исти услови како и досега.Покрај барањето на соодветен образец, треба да се приложи и извод од матичната книга на венчаните (за родителите на новороденчето), извод од матичната книга на родените (за новороденчето), фотокопија од важечки лични карти или други исправи од двајцата родители за идентификација од која се видни податоците за живеалиштето во Општина Аеродром и фотокопија од трансакциска сметка.Инаку, Советот на Општина Аеродром на 22–та седница што се одржа на 12.1.2010 година донесе Одлука за доделување еднократна парична помош за семејствата со новороденче, со која и во тековната 2010 година семејствата со новороденче од Општина Аеродром ќе може да ја остварат оваа парична помош.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Дел од две скопски населби без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, известува дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа без напојување со електрична енергија ќе останат:
• од 09:00 до 12:00 часот Сеизмологија, Пржино, Институт за земјотресно инженерство, Француска амбасада и ул.Милан Мијалковиќ. (Општина Центар)
• од 08:00 до 15:30 часот Дел од улица Регионален пат R1102 Скопје – Катланово на потегот од бензинска Мак Петрол до исклучок кон с. Огњанци, улица 3, дел од улица 7 и дел од улица 2. (Општина Петровец)
Македонија
Поради водоводен приклучок: дел од Центар без вода за пиење
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, соопшти дека денеска- петок, поради изведување на водоводен приклучок од Ф-80мм на ул.Македонија ( спроти Спомен куќата на Мајка Тереза ) во населба Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од Димитрие Чуповски до Даме Груев и дел од Луј Пастер , од 08:30 часот до завршување.(општина Центар)
Македонија
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни и поројни, проследени со појава на грмежи.
Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 15, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени.
Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, попладне пообилни проследени со грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 22 степени.
Во сабота во западните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Потоа во следните денови времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Дневната температура ќе биде во постепен благ пораст.