Македонија
Стратешки план за заштита на римскиот аквадукт во Скопје

Промоција на Меморандумот за разбирање за имплементација на проектот “Стратешки план за заштита и рехабилитација на археолошкиот локалитет и околината на римскиот аквадукт во Скопје“, ќе се одржи утре во просториите на Град Скопје
<!– /* Font Definitions */ @font-face {font-family:Calibri; panose-1:2 15 5 2 2 2 4 3 2 4; mso-font-charset:204; mso-generic-font-family:swiss; mso-font-pitch:variable; mso-font-signature:-1610611985 1073750139 0 0 159 0;} /* Style Definitions */ p.MsoNormal, li.MsoNormal, div.MsoNormal {mso-style-parent:””; margin-top:0cm; margin-right:0cm; margin-bottom:10.0pt; margin-left:0cm; line-height:115%; mso-pagination:widow-orphan; font-size:11.0pt; font-family:Arial; mso-fareast-font-family:Calibri; mso-ansi-language:MK; mso-fareast-language:EN-US;} @page Section1 {size:612.0pt 792.0pt; margin:72.0pt 90.0pt 72.0pt 90.0pt; mso-header-margin:36.0pt; mso-footer-margin:36.0pt; mso-paper-source:0;} div.Section1 {page:Section1;} –> Меморандумот за разбирање е дел од Програмата за соработка на Фландрија, Кралство Белгија и Република Македонија и со него се воспоставува партнерски однос за реализација на овој проект меѓу Град Скопје, Католичкиот Универзитет од Лувен, Белгија и Управата за заштита на културното наследство на Македонија.
Меморандумот ќе го промовираат градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, амбасадорот на Кралството Белгија , неговата екселенција Марк Микелсен, директорот на управата за заштита на културното наследство на Македонија, Паско Кузман и професорката Тереза Стенберген, од Католичкиот универзитет Лувен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Промоција на новиот готвач на Dave’s Kitchen „Брзо и забавно готвење“ во Веро Џамбо – трета книга со рецепти на Давор Панчевски

Во Веро Џамбо, на 10 мај во сабота, со почеток во 12 часот, ќе се одржи промоцијата на новата кулинарска книга на Давор Панчевски, кај нас познат како Dave’s Kitchen. Станува збор за неговиот трет готвач, „Брзо и забавно готвење“, издаден на македонски и англиски јазик, во две посебни изданија.
Оваа книга е посветена на сите љубители на готвењето кои сакаат да уживаат во подготовката на вкусни, лесни и брзи јадења, кои се подготвуваат за помалку од половина час. Авторот во ова дело објави 100 нови рецепти со кои покажува дека готвењето не мора да биде комплицирано за да биде неверојатно вкусно.
Посетителите на промоцијата ќе имаат можност да го купат новиот готвач, да дегустираат специјално подготвени јадења од рецептите во книгата, да се запознаат и да се советуваат со авторот и да уживаат во една убава атмосфера и вистинско кулинарско доживување.
Поканата е отворена се сите љубители на вкусната храна кои ќе имаат можност да добијат инспирација за брзо и креативно готвење и да запознаат луѓе со слични интереси.
Забавата од кујната на Dave’s Kitchen в сабота во Веро Џамбо ќе биде незаборавно гастро искуство!
ПР
Македонија
(Видео) „ВМРО-ДПМНЕ пак излажа: пратениците не го изгласаа предлогот за незастарливост на дела против службената должност“, велат од Левица

На денешната седница на Собранието, на Дневен ред се најде и предлогот за измена и дополнување на Кривичниот законик, поднесен од пратеничката група на Левица. Измените предвидуваа дуплирање на роковите за застарување на кривичните дела и незастарчивост на кривичните дела кои се однесуваат на економски криминал и злоупотреба на службената должност, извести партијата Левица.
По овој предлог на Левица гласаа само 18 пратеника, односно, парламентарното мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ – не гласаше и не се произнесе по овој Предлог-закон.
Предлогот го образложи пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ кој потсети дека вакви измени налага одлуката на Уставниот суд, но беа и дел од предизборните ветувања на ВМРО-ДПМНЕ: „Ако има некаква политичка кичма денеска, овој предлог треба да добие поддршка. Затоа што оваа владејачка партија сегашна и нејзиниот лидер, сегашниот претседател на Владата, рече дека ќе иницира промени во Кривичниот законик кои ќе ги анулираат оние од ноември 2023 година“ – рече тој.
„Буквално беа аболицирани сите работи кои директно влијаеа на квалитетот на животот, на реформскиот капацитет за Европска Унија, за која нели се целите и стремите и барате гласови. Но, резултати нема. Единствениот резултат е што оние кои се огрешиле од државниот апарат, сега можат многу побезбедно да дишат. Корупцијата е дефинирана рак-рана во македонското општество, и овие измени кои ги предлагаме се акутна терапија за македонскиот контекст. И тоа сите во оваа просторија го знаеме, дека она кое го храни најповеќе магепсаниот круг на нашата стагнација – се коруптивните зделки помеѓу политичката и бизнис елитата“ – потенцираше Мециновиќ.
„Затоа, јавноста беше згрозена. Меѓународната заедница реагираше. Европската унија бараше, но, во македонското Собрание се случуваше какафонија и покрај сите повици за разум. И откако се случи најголемата трагедија во македонското општество во поновото време, а тоа е трагедијата во Кочани, многу функционери кои се директно вмешани во резултатите кои ги имавме трагични, нема да ги стигне правдата заради Кривичниот законик кој беше изменет во ноември 2023 година“ – потсети пратеникот.
„Измените кои ги нудиме се однесуваат на две работи. Иако во тие измени тогаш беше променета и казнената политика и периодот за застарување на делата, ние денеска нудиме одредбите кои се однесуваат на застарување на делата да бидат дуплирани, па така – сите рокови да бидат дуплирани за да се овозможи да биде остварена правдата. Затоа што во Македонија гледаме дека жртвите и нивните семејства и нивните најблиски не можат никогаш да бидат утешени преку соодветен процес на правда и задоволување на правдата. Свесни сме сите дека во судството и во обвинителството се злоупотребуваат кратките рокови за застарување за да се заташкаат дела. За тоа постојат и ценовници. За тоа постојат и притисоци. За тоа постои и Ваша пракса, колеги, која најдобро ја знаете“ – појасни Мециновиќ во однос на предлогот за дуплирање на роковите за застарување на сите кривични дела.
„Покрај роковите за застарување, нудиме и додавање на економскиот криминал во плејадата на дела кои не можат да застарат. И тие дела поврзани со економскиот криминал би биле поврзани со злоупотребата на службената должност и целата глава во врска со злоупотребата на службената должност т.е. тие дела да не можат да застаруваат“ – објасни пратеникот во однос на предологот за незастарување на делата кои се однесуваат на службената должност.
„Јас сум свесен дека овие измени се однесуваат на некои од вас, но не сме ви ние криви. Вие се наоѓате во Собранието на Република Македонија и две години се бараат овие измени од вас. Така да, веројатно е тешко да се надмине личниот интерес кога се работи за казнената политика. Но, ова е една од работите кои ги засегаат граѓаните во Македонија, особено во последниот период кога сфатија дека не е потребен само трансфер на власт за да се смени нешто, туку дека секој трансфер на власт само го легитимира процесот на девалвирање на сите услови на живот во Македонија. Зошто? Затоа што преку корупција во Македонија треба да се создаваат милионери. И тие милионери да бидат аболицирани од кривична одговорност со нивните пријатели во политиката кои ја овозможуваат нивната генеза воопшто со нивното политичко постапување. Затоа сметам дека ова ќе ви биде лесно да го прифатите во однос на Вашите ветувања. Затоа што се во јадрото на Вашите ветувања за овој мандат, ветувања на вашите лидери, ветувања на вашите политичари, ветувања на вашите аналитичари и медиуми блиски до вас“ – кажа пратеникот Мециновиќ, но парламентарното мнозинство, сепак не гласаше по овој предлог.
Македонија
Обвинение против вкупно 10 лица за злоупотреби во РЕК Битола

Основното јавно обвинителство Битола поднесе обвинение против 7 лица кои се осомничени дека како соизвршители сториле кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик со дејствија со кои на Буџетот на АД ЕСМ-Подружница РЕК Битола му предизвикале значителна имотна штета во износ од 178.370.319 денари. Обвинение е поднесено и за 3 службени лица од Бирото за јавни набавки, кои како соизвршители во кривично дело Несовесно работење во службата од член 353в став 4 од Кривичниот законик со пропуштање на должен надзор, очигледно несовесно постапиле во вршењето на своите овластувања и должности при вршење на управна контрола на постапката за јавна набавка.
Од обвинетите за злоупотреби, тројца се службени лица – членови на Стручната комисија со овластување да извршат евалуација на понудите на јавна набавка за избор на фирма за ископ на јаловина во РЕК Битола, кои спротивно на Законот за јавни набавки донеле одлука со која незаконито ја елиминирале понудата на еден економски оператор од понатамошна евалуација. Иако фирмата доставила доказ дека ги исполнува условите за техничка и професионална способност од тендерската документација, тие сепак ги оцениле ваквите докази како неприфатливи и ја отфрлиле понудата.
Тројца членови на Комисијата за јавни набавки за спроведување на отворена постапка за јавна набавка го прифатиле ваквото стручно мислење, иако спротивно на одредбите од Законот за јавни набавки и на електронската аукција поканиле само два други економски оператори кои имале понудено повисоки почетни цени од елиминираната фирма.
Обвинетиот директор на РЕК Битола го прифатил предлогот за избор на најповолна понуда содржан во Извештајот на Комисијата за спроведување на јавната набавка иако бил спротивен на одредбите од Законот за јавни набавки и на 03.10.2022 склучил договор за ископ на инвестициска откривка во Рудникот Брод Гнеотино со РУД-КОП увоз-извоз ДООЕЛ Битола во износ од 708.000.000 денари со ДДВ. Потоа, во септември 2023 година, директорот склучил и анекс кон договорот со кој вредноста на јавната набавка ја зголемил за дополнителни 20% односно за 120.000.000 денари, со што исто така постапил спротивно на Законот за јавните набавки, бидејќи претходно не извршил дополнителна анализа на исплатливост и не ги дообезбедил потребните парични средства кои според законските одредби требало да бидат обезбедени во целост пред склучување на договорот.
Службените лица од Бирото за јавни набавки, обвинети за несовесно работење, извршиле увид во целокупната документација поврзана со јавната набавка и требало да утврдат дека понудата на еден економски оператор е незаконски отфрлена, но тие пропуштиле тоа да го сторат и на договорниот орган противправно му дале инструкции да продолжи со постапката за јавна набавка и да го склучи договорот.
Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Битола достави предлог за одземање на противправно прибавената имотна корист од 178.370.319 денари која како резултат на сторените кривични дела од обвинетите била исплатена на правното лице ДПТУ РУД-КОП увоз-извоз ДООЕЛ Битола. Оваа имотна корист во текот на постапката, по барање на Основното јавно обвинителство Битола е предмет на привремена мерка за обезбедување имот и средствата се замрзнати на сметка до донесување пресуда.