Контакт

Македонија

“Партизанска дипломатија”

Објавено пред

Предлогот на Нимиц, за кој се шпекулираше дека е последен, беше уште еден “сет идеи”, околу кој владите во Атина и Скопје ќе треба да се произнесат. Тоа покажа дека не постои т.н. “партизанска дипломатија”, односно дека Советот за безбедност не сака да наметнува решенија во билатерални спорови

dobivaj vesti na viber

Во последната недела во македонската јавност се создаде атмосфера дека медијаторот на ОН за спорот околу името Македонија, Метју Нимиц, ќе изготви готов предлог во стилот “земи или остави”, со кој двете страни во процесот ќе ги стави пред свршен чин. Во таков амбиент, непосредно пред средбата на Нимиц во Њујорк со амбасадорите Василакис и Димитров, во Скопје беше одржана лидерска средба на која политичките партии во Македонија уште еднаш покажаа дека немаат капацитет да постигнат политички консензус околу стратегијата за решавање на едно клучно прашање од национален интерес. Предлогот на Нимиц, за кој интензивно се шпекулираше дека ќе биде последен, беше уште еден нов “сет идеи” – како што тој ги нарече – околу кој владите во Атина и Скопје ќе треба да се произнесат. Тоа уште еднаш покажа дека не постои т.н. “партизанска дипломатија” во светот, односно дека Советот за безбедност на ОН не сака да наметнува решенија на членките на ОН во билатерални спорови, туку дека ОН и натаму, како и во изминативе 15-ина години, ќе бараат заеднички прифатливо решение од двете страни врз кое двете соседни земји ќе можат да продолжат да живеат заедно во иднина. ПРЕДЛОГОТ НА НИМИЦ Бидејќи станува збор за еден од десетиците предлози на Метју Нимиц, веројатно е дека Македонија и Грција ќе се однесуваат кон овие предлози како и досега – односно дека она што им одговара во предлогот ќе го прифатат и поздрават, а оние аспекти што повеќе ì одговараат на другата страна, ќе ги отфрлат. И досега двете влади се однесуваа кон “пакетите” на Нимиц како муштерии во самопослуга кои од пакетот ги одбираат само “артиклите” што им одговараат. Од друга страна, не постои човек на планетава кој може да понуди таков сет идеи кои истовремено ќе им одговараат и на Македонија и на Грција. За да биде изнајдено решение, двете страни ќе мора да прават компромиси и да прифатат нешта кои не им одговараат, односно јасно е дека решението треба да се бара во позициите на Скопје и на Атина и во нивно приближување, а не во некаква магична формула на Метју Нимиц. Во спротивно, овој процес ќе се влечка бесконечно долго, без да има перспектива да биде затворен, а во зависност од актуелната позиција на меѓународната сцена, де Грците, де ние, ќе сметаме дека во некој друг период ќе може да извлечеме подобар компромис. Овој сет идеи што го нуди Нимиц е повеќе или помалку рефлексија на актуелните политички ставови на Македонија и Грција и како тие гледаат на клучот за решението на спорот.  Од една страна, компромисното име што е предложено содржи географска одредница – најверојатно Северна Македонија – и во таа смисла повеќе ги респектира позициите на Атина, а од друга страна не задира во македонскиот национален идентитет, за што Македонија порача дека и е светост, за што нацијата и државата не се подготвени да се ценкаат, ниту, пак, некој може да има таков мандат. Клучот, пак, на преговорите, веројатно е опсегот каде сè ќе важи евентуалното договорено име, околу што двете страни имаат дијаметрално спротивставени гледишта. Грција бара тоа да биде едно име, кое ќе важи секаде и секогаш; Македонија, пак, сака тоа име да важи единствено во билатералната комуникација со Грција. МАКЕДОНСКАТА ПОЗИЦИЈА Она што е најважно во овој момент за Македонија е дека мора да постигне консензус меѓу власта и опозицијата околу идната стратегија за надминување на овој проблем. Нема збор дека и едните и другите сакаат да постигнат што поповолно решение за Македонија, но имаат различен пристап кон стратегијата што треба да се употреби во овој миг. Претседателот Црвенковски и опозициските партии сметаат дека по ветото во Букурешт, Македонија мора да ја промени досегашната стратегија базирана врз двојната формула, зашто политичките констелации се променети и  Македонија веќе не е таа на која не ì се брза да се изнајде решение. Истовремено, механизмот на одлучување во НАТО покажа дека меѓународните сојузи во кои имаме амбиции да станеме членки – НАТО и ЕУ – функционираат врз принципот на консензус, односно дека е безмалку невозможно грчкиот став да биде изолиран и да станеме земји-членки на овие сојузи наспроти волјата на Грција. Ова во вторникот во Охрид ни го порача и американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс, кој нагласи дека САД се разочарани што Македонија не стана членка на НАТО, но оти не постои друг начин за наше членство во НАТО, освен договор со Грција, бидејќи Алијансата функционира врз принципот на консензуално одлучување. ВМРО-ДПМНЕ и нејзините помали коалициски партнери сметаат дека  Македонија не треба да ја промени стратегијата и да се откаже од двојната формула и убедени се дека по ветото во Букурешт, Македонија не смее да манифестира слабост во преговорите со Грција. Со други зборови, за нив е поважно да се зачува националното достоинство, па макар и по цена на забавен прием на Македонија во НАТО и ЕУ. Обете позиции имаат своја логика и издржана аргументација. Она што е важно за државата е овие две концепции целосно да се усогласат и Македонија да настапува во преговорите со цврст консензус околу стратегијата. Ако продолжат преговорите во атмосфера на целосна недоверба, па и отворена кавга меѓу претседателот и премиерот, со двајца преговарачи во Њујорк , едниот што ги застапува ставовите на Владата, а другиот на Кабинетот на претседателот, тоа ќе биде отворена манифестација на слабост и национално неединство. Ова, без сомнение, Грција ќе го искористи до максимални граници, зашто во дипломатските битки умешноста е да се искористат слабите страни на противникот и тие да се ефектуираат во сопствена полза.  Јасно е дека клучот не е во пакетите што ги нуди Нимиц, зашто никој не може да нè принуди да прифатиме нешто што сметаме дека е недостоинствено. Треба да изградиме заедничка позиција на државниот, политичкиот и партискиот врв, таа да се изгради полека и без голема врева, а во никој случај “партизански” пред следниот “последен, финален и клучен” предлог на Нимиц , и со јасни ставови да се обидеме да извлечеме компромис кој сметаме дека е поволен и достоинствен. Во спротивно, оваа тема од клучен интерес ќе продолжи да биде полигон за партиска пресметка и политички маркетинг, каде што ќе почнат да се бараат предавници и вештерки, а ќарот од таа ситуација ќе го има Грција, каде што политичката елита постигна апсолутен консензус.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста

Објавено пред

Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја следат состојбата, се координираат и оттаму е оваа оценка за стабилност и безбедност, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по седницата на Советот за безбедност на која на дневен ред беше безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

dobivaj vesti na viber

Таа додаде дека институциите ќе продолжат да ја следат состојбата.

-Координирани сме и со органите во регионот и ќе споделиме информации, најави претседателката Сиљановска – Давкова.

Претседателката Сиљановска Давкова е претседател на Советот за безбедност, а на седницата присуствуваа и членовите на Советот за безбедност: претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски како и експертите Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова, и Владо Спиридонов. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,Тимчо Муцунски, кој е на пат за САД, на седницата беше вклучен преку видеоврска.

На седницата присутни беа и директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева,  директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски и началникот на Генералштабот, генерал – мајор Сашко Лафчиски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Повеќе од 150 македонски државјани побарале помош од амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби за евакуација

Објавено пред

Расте бројот на македонски државјани кои пријавуваат дека се затечени во загрозените подрачја на Блискиот Исток. Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информираат дека досега повеќе од 150 македонски државјани, ги контактирале амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби, околу можностите за евакуација.

dobivaj vesti na viber

Со сите нив се одржува постојан контакт и доколку се пријават за евакуација ќе се преземаат подготвителни активности за евентуална асистенција за нивно безбедно враќање, наведуваат од МНР.

– Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, преку дежурниот телефонски број и преку дипломатско-конзуларните претставништва, и понатаму останува целосно на располагање на граѓаните. Уште еднаш ги повикуваме сите наши државјани кои се наоѓаат во земјите од регионот доследно да ги почитуваат упатствата и насоките на локалните надлежни безбедносни органи, велат од Министерството.

Поради ситуацијата на Блискиот Исток, во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија од вчера функционира кризен штаб кој е на 24 часовно располагање на граѓаните за сите информации.

За дополнителни информации и помош, на располагање се:

СОС дежурен телефон (МНРНТ):

075/273-732

Амбасада на Република Северна Македонија во Доха

Тел: +974 50 173 111

Амбасада на Република Северна Македонија во Абу Даби

Тел: +971 56 441 7532

Амбасада на Република Северна Македонија во Тел Авив

Тел: +972 54 500 8566

Тел: +972 54 967 0546.

Прикажи повеќе...

Македонија

Малолетник сакал да се самоубие, МВР го спречи постапувајќи по објава оставена на социјалните мрежи

Објавено пред

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи интервенираше навремено откако беше забележана објава на социјалните мрежи што укажуваше на можност за самоубиство од страна на малолетен корисник.

dobivaj vesti na viber

Полицијата веднаш ги презеде сите неопходни мерки за утврдување на идентитетот и локацијата на лицето, кое за кратко време беше пронајдено. Малолетникот е во добра состојба, а родителите се известени и запознаени со понатамошните чекори за негово ментално здравје.

Овој настан уште еднаш ја нагласува важноста од внимателно следење на однесувањето на младите во дигиталниот простор. Родителите треба редовно да комуницираат со своите деца, да се интересираат за нивните активности на социјалните мрежи и да реагираат веднаш при забележување загрижувачки објави или несвојствено однесување – апелираат од Секторот за компјутерски криминал.

Апел е упатен и до пријателите, соучениците и сите корисници на социјалните мрежи: доколку забележат објави што упатуваат на самоповредување, безнадежност или најави за самоубиство, веднаш да ги искористат механизмите за пријавување на платформата или да известат родител, наставник или најблиска полициска станица.

-Навремената реакција може да спаси човечки живот. Секторот за компјутерски криминал ќе продолжи со засилени активности за рано откривање и превенција на ризични појави во дигиталниот простор, велат од МВР.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

(Видео) Ново обраќање на Трамп: Веројатно ќе умрат повеќе наши војници, тоа е така

Американскиот претседател Доналд Трамп денес вети дека ќе се одмазди за смртта на тројцата американски војници убиени во конфликтот со...

Свет1 час

(Видео) Британскиот премиер: Ги ставаме нашите бази на располагање на Американците

Велика Британија го прифати барањето од Соединетите Американски Држави да користи британски воени бази за напади врз ирански ракетни објекти,...

Свет3 часа

Германија, Франција и Обединетото Кралство најавија пропорционални чекори против Иран, можно е уништување ракети и беспилотни летала

Обединетото Кралство, Франција и Германија, познати како Е3, објавија заедничка изјава за нападите на Блискиот Исток. Ги опишаа иранските ракетни...

Македонија4 часа

Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста

Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја...

Македонија5 часа

Повеќе од 150 македонски државјани побарале помош од амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби за евакуација

Расте бројот на македонски државјани кои пријавуваат дека се затечени во загрозените подрачја на Блискиот Исток. Од Министерството за надворешни...

Македонија6 часа

Малолетник сакал да се самоубие, МВР го спречи постапувајќи по објава оставена на социјалните мрежи

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи интервенираше навремено откако беше забележана објава на социјалните мрежи што укажуваше...

Свет6 часа

Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички

Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми. Иран вели дека...

Свет7 часа

Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери

Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го...

Свет8 часа

Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата. „Никој не може...

Свет9 часа

Израелската војска пак го нападна Иран

Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град. „Воздухопловните сили сега започнаа...

Свет10 часа

Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“

Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“ Папата...

Свет13 часа

Иранскиот претседател: Одмаздата е наше легитимно право по убиството на Хамнеи

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во ново соопштение порача дека одмаздата по убиството на врховниот лидер е легитимно право и должност...

Македонија15 часа

МНР и НТ формира кризен штаб, се повеќе македонски граѓани бараат помош по нападите на Блискиот Исток

Со оглед на влошената безбедносна состојба во регионот на Блискиот Исток, вчера во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија...

Свет16 часа

Откриени детали за тоа како е убиен врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи

Израел и САД го темпираа нападот врз Иран за сабота, за да се совпадне со самитот меѓу ајатолахот Али Хамнеи...

Свет17 часа

Гори Блискиот Исток, експлозии и денеска се слушаат во арапските држави во Заливот

Експлозии денеска повторно се слушнаа во арапските држави во Заливот, по убиството на иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, во...

Свет22 часа

Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост

Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој...

Свет1 ден

(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи

Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али...

Свет1 ден

(Видео) Ирански дрон го погоди и хотелот Бурџ ал Араб во Дубаи

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. Покрај аеродромот, во Дубаи беше погоден и Бурџ Ал Араб. BREAKING: Iranian drone...

Свет1 ден

Трамп: Ајатолахот е мртов

Иран очигледно потврди дека ајатолахот е мртов. На неговиот профил на социјалните мрежи е објавена порака: „Во возвишеното име на...

Свет1 ден

(Видео) Погоден аеродромот во Дубаи, евакуацијата е во тек

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. BREAKING: Iranian drone strike hits Dubai International Airport. Evacuations are underway at the...