Македонија
Аеродромци ослободени од плаќањето за зонско паркирање пред своите згради
Жителите на Општина Аеродром од локациите каде што се наплаќа зонско паркирање од 1 јануари оваа година се ослободени од плаќање надомест.
Жителите на Општина Аеродром од локациите каде што се наплаќа зонско паркирање од 1 јануари оваа година се ослободени од плаќање надомест. Како што информираат локалните власти, тоа значи дека граѓаните бесплатно ќе паркираат на зонските паркиралишта пред своите згради.Исто така, граѓаните кои досега плаќале за паркирање повеќе немаат обврска да понесуваат барања за паркирање во пунктовите на ЈП „Градски паркинг“, бидејќи веќе се влезени во системот. Граѓаните кои досега не биле регистрирани и не плаќале за зонско паркирање, потребно е да достават барање во пунктовите за да се евидентираат.Ослободувањето од плаќање надомест за зонско паркирање важи само на паркинзите каде што живеат граѓаните, поточно доколку сакаат да паркираат на друг паркинг во општината, тогаш треба да платат 25 денари за еден час. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, во вечерните часови повремен дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта во северните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно, во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија влажни воздушни бранови од утре во вечерните часови до понеделник следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни и во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m²).

