Свет
Крвав поход на Јеменец во трговски центар во Саудиска Арабија
Јеменец кој живеел во Саудиска Арабија во саботата ја прободел со нож својата поранешна сопруга и неколку други луѓе во трговски и забавен центар во градот Џизан на југ од земјата, пишува во недела саудискиот весник Al-Yaum
Во саботата навечер, околу 22.30 по локално време, Јеменецот вооружени со два ножа се упатил во трговскиот центар каде во еден дуќан ја нападнал поранешната сопруга нанесувајќи и’ сериозни повреди на главата. Потоа напаѓачот со ножеви нападнал случајни минувачи, при што биле сериозно повредени уште двајца мажи и едно момче.Тогаш на катот од трговскиот центар каде се случил нападот настанала паника кај неколку десетини купувачи во која исто така биле повредени неколку лица. Обезбедувањето на трговскиот центар брзо интервенирало и го разоружале напаѓачот.Покрај лицата што добиле убодни рани од ножот на Јеменецот, во болницата биле примени и лица кои претрпеле нервен шок од нападот, пишува весникот. Две од жртвите од кои една е жена биле хоспитализирани на одделот за интензивна нега.Според портпаролот на полицијата во Џизан, капетанот Абдурахман ал-Захрани, 47-годишниот напаѓач во времето на злосторството бил под дејство на наркотик.Тој бил женет за 45-годишна државјанка на Саудиска Арабија, со која имал седум деца. Причината за разводот била злоупотребата на дрога од страна на нејзиниот сопруг и заради тоа што подолг период бил невработен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

