Македонија
Пожар во зграда во Гостивар-изгореа два стана
Избувна пожар во станбена зграда на улица Павле Аврамовски во Гостивар, соопштуваат од СВР Тетово. Повредени нема, изгореа два стана.
Избувна пожар во станбена зграда на улица Павле Аврамовски во Гостивар, соопштуваат од СВР Тетово. Повредени нема, изгореа два стана.
Пожарот избувнал синоќа околу 22:30 часот во поткровјето на зградата и почнал да се проширува, при што зафатил два стана кои целосно изгореле.
Со интервенција на гостиварските пожарникари, станарите биле евакуирани, а пожарот бил изгаснат околу еден час по полноќ. При интервенцијата на пожарникарите биле блокирани улиците Павле Аврамовски и ЈНА, за да им се овозможи непречена работа на пожарникарите.
Неофицијално, причина за избувнувањето на пожарот е неквалитетната изведба на оџакот или дефекти во електричната инсталација, човечкиот фактор засега е исклучен.
Материјалната штета и точните причини допрва ќе се утврдуваат. Уште еден пожар вчераутро избувнал во фирма за градежна столарија „Кверкус“ во село Волковија, гостиварско.
Во пожарот изгореле неколку електромотори, 140 филтер вреќи за пилевина, а материјалната штета се проценува на околу 1.300.000 денари./крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

