Свет
Владата нема да попушти пред уцените на "Матав"
Владата нема да прифати никакви уцени од ,,Матавви, со цел да ја добие ветената дивиденда од 42,4 милиони евра од компанијата.
Затегнати односите меѓу двете страни поради дивидендата од 42,4 милиони евра
Унгарците условуваат да нема тендер за трет мобилен оператор до крајот на годинава
НИНА НИНЕСКА-ФИДАНОСКА
Владата нема да прифати никакви уцени од ,,Матавви, со цел да ја добие ветената дивиденда од 42,4 милиони евра од компанијата. Владиниот кабинет нема да влегува во никакви преговори со Унгарците ниту, пак, ќе направи какви било отстапки од своите намери да обезбеди конкуренција на пазарот на телекомуникации. Тоа значи дека Владата нема да подлегне на притисоците на ,,Матавви, кој бара таа да не распишува тендер за трет мобилен оператор до крајот на годинава, со што би си ја задржал својата прилично удобна, речиси монополска позиција што ја има на пазарот, а што би се постигнало или со измени на Законот за телекомуникации или со носење подзаконски акти, кои би ја промениле суштината на овој закон. Сепак, Владата ќе инсистира ,,Матавви доследно да го испочитува она што неодамна беше договорено меѓу двете страни, а тоа е да ја исплати ветената дивиденда од 42,4 милиони евра.
Ова вчера децидно го тврдеа во Кабинетот на македонскиот премиер Владо Бучковски откако дефинитивно стана јасно дека Унгарците немаат намера да Ј исплатат дивиденда на Владата доколку таа не го исполни нивниот главен услов, а тој е да го пролонгира распишувањето на тендер за трет мобилен оператор.
Но, наспроти официјалниот став на премиерот, во јавноста проструија и неофицијални информации дека Владата, сепак, е подготвена да разговара со ,,Матавви за сите негови барања, но тоа ќе го направи само доколку Унгарците претходно Ј ја исплатат договорената дивиденда на нашата држава. Оваа порака грчкиот бизнисмен Кондоминас, кој во петокот беше во Скопје и се сретна со Бучковски, во името на нашиот владин кабинет требало да им ја пренесе на унгарските доминантни газди на ,,Телекомми.
Имено, Кондоминас во Македонија допатува токму во улога на посредник меѓу Владата и ,,Матавви. Причината за неговото доаѓање беше фактот што максимално се нарушија односите меѓу двете страни, по одлуката на унгарските сопственици да не Ј ја исплатуваат дивидендата на Владата.
Како што е познато, откако Унгарците не го одржаа своето ветување за дивидендата, во нашата Влада завладеа голема вознемиреност од несериозноста на партнерите. Министерот за финансии, Никола Поповски, веднаш потоа изјави дека е крајно разочаран од однесувањето на ,,Матавви. Поради лошото практикување на нивната доминантна позиција во компанијата, првиот финансиер рече дека Владата дури размислува и да ја промени својата сопственичка политика во ,,Телекомми, а тоа, всушност, значи да го продаде својот пакет-акции.
Но, и покрај ваквите изјави, Владата, сепак, прави обиди да го зачува партнерството со Унгарците, што се гледа и од фактот што беше побарано посредништво од грчкиот бизнисмен.
Инаку, со новиот Закон за телекомуникации, Владата мора да обезбеди целосна конкуренција на пазарот на телекомуникации, што значи дека овие ,,непристојниии барања на ,,Матавви се дијаметрално спротивни на нејзината обврска и на постоењето фер и конкурентска игра на пазарот.
Од друга страна, доколку ,,Матавви, кој е доминантен газда на ,,Телекомми, евентуално не ја исплати дивидендата од 42,4 милиони евра, тоа ќе креира дупка во Буџетот на државата. Како што нагласи Поповски, тој во годинашнава државна каса проектирал 18 милиони евра дивиденда од ,,Телекомми, исто како ланскиот износ. Но, досега компанијата нема уплатено ниту денар, со што сериозно ја отежнала ликвидноста на државната каса. Поточно, доколку во Буџетот не влезат ни овие 18 милиони евра, ќе мора со ребаланс да се скуси од многу други буџетски расходи. Доколку, пак, фирмата уплати повеќе пари, има голем број проекти на кои би можеле да се потрошат, на пример, за нови пасоши и за лични карти, велат во Владата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Врховниот лидер на Иран: Ова е предупредување до Америка
Врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, им честиташе на социјалните мрежи на учесниците на денешните провладини собири.
Во серија објави на X, ајатолахот сподели фотографии од провладини демонстранти и рече дека тие „одлично ја завршиле работата“ и „го спречиле планот на странските непријатели, кој требало да го спроведат домашни платеници“.
„Големата нација Иран им се покажа на своите непријатели, заедно со својата решителност и идентитет“, додаде Хамнеи.
„Ова беше предупредување до американските политичари да престанат да бидат измамници и да не се потпираат на предавнички платеници“, додаде тој.
Свет
Украинската војска објави видео: Го освоивме градското собрание во Купјанск
Украинските одбранбени сили ја вратија контролата врз зградата на Градскиот совет на Купјанск, објави Вториот корпус на Националната гарда на Украина (НГУ), познат како Хартија.
„Хартија воспостави контрола врз зградата на Градскиот совет на Купјанск. Единицата за пребарување и уништување на Хартија и тактичката група Купјанск ги завршуваат операциите за расчистување во градот, кој беше деблокиран за време на успешната операција предводена од командата на Вториот корпус на НГУ“, се вели во соопштението.
Корпусот објави снимка од GoPro камера за која тврди дека е направена од борци од 4-тиот баталјон Хартија за време на упадот во зградата на Градскиот совет на Купјанск. Војниците од извидувачката и ударна група на баталјонот го кренаа украинското знаме над градскиот совет во центарот на Купјанск.
„Операцијата во Купјанск докажува дека благодарение на планирањето, стручноста на командантот и штабот и висококвалитетната подготовка на единиците – сето тоа го нарекуваме метод на Хартија – е можно успешно да се запре и уништи непријателот“, рече полковник Ихор Оболенски, командант на Вториот корпус.
Свет
Белата куќа: Трамп не се плаши да употреби воена сила против Иран
Портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп „покажал дека не се плаши да употреби воени опции“ кога смета дека е потребно.
„Мислам дека едно нешто во што претседателот Трамп е многу добар е тоа што секогаш ги држи сите опции на маса, а воздушните напади би биле една од многуте, многу опции што се на маса“, изјави Ливит пред новинарите.
Во исто време, таа додаде дека „дипломатијата е секогаш првата опција“ за Трамп.
„Претседателот ви кажа на сите синоќа дека она што јавно го слушате од иранскиот режим е многу различно од пораките што администрацијата ги добива приватно“, рече Ливит.
„Претседателот покажа дека не се плаши да користи воени опции ако и кога смета дека е потребно, а никој не го знае ова подобро од Иран“, заклучи таа.
фото/депозитфотос

