Економија
Обама ги намалува платите на менаџерите за 50%
Администрацијата на американскиот претседател Барак Обама наскоро ќе нареди намалување на платите на менаџерите на компаниите субвенционирани од државата.
Администрацијата на американскиот претседател Барак Обама наскоро ќе нареди намалување на платите на менаџерите на компаниите субвенционирани од државата.
Со мерката се предвидува кратење на приходите во просек за 50 проценти, на 25 – те најдобро платени менаџери, вработени во седумте најголеми компании – корисници на државна помош.
Според планот, станува збор за менаџери вработени во Citigroup, AIG, Bank of America, General Motorsa, Chryslera, GMAC Financiala i Chrysler Financiala.
Мерката треба да почне да се применува од идната недела, а неа за сега не ја коментираат менаџерите од споменатите компании./крај/хн/мс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
(Фото) Во министерството за финансии се крои ребалансот на буџетот, работата тече и викендов
Се крои ребалансот на буџетот. Во министерството за финансии се работи и викендов без прекин. Се пренаменуваат пари од нереализирани и непродуктивни трошења за она кое е попотребно и неопходно. Една од тие ставки е зголемувањето на пензиите од 2.500 денари од септември. Пари требаат и за капиталните проекти за општините. Според информациите, планирано е да бидат пренаменети 200 до 300 милиони евра.
„И овој викенд повторно работно во Министерството за финансии. Се работи на ребалансот на Буџетот. Секогаш во интерес на граѓаните на Македонија!“, напиша на Фејсбук министерката за финансии Гордана Димитреска Кочоска.
Економија
(Видео) Трипуновски: Земјоделските задруги се важни за решавање на проблемот со пласманот на производи
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски присуствување на панел дискусија во организација на Македонската асоцијација на земјоделски задруги.
– Мораме да работиме да го развиваме задругарството, во моментов се наоѓаме во еден правен вакуум бидејќи законот за земјоделски задруги е укинат и се формираше еден посебен закон за задруги меѓутоа делот на земјоделските задруги остана недефиниран. – изјави Трипуновски.
На панел дискусијата се споделија неколку идеи за во која насока треба да се движат земјоделските задруги, а министерот Трипуновски ги презентираше мерките и проектите од владината програма за земјоделски задруги.
Преземавме обврска да веќе во наредниве месеци да го измениме законот за земјоделство и рурален развој каде што ќе ги дефинираме земјоделските задруги и нивното здружување. Ние во нашата владина програма имаме ставено фокус на задругарството преку разни мерки и проекти се со цел да овој начин на здружување биде еден од алките на решавање со пласманот на нашите земјоделски производи – заврши Трипуновски.
Економија
Димитриеска-Кочоска – Гир: Континуитет во поддршката од ЕУ, МФ ќе го искористи искуството за спроведување на реформскиот план
Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, денеска оствари средба со евроамбасадорот Дејвид Гир, на која соговорниците се осврнаа на реформите што ѝ претстојат на земјата во нејзиниот евроинтегративен процес.
На средбата беа разменети мислења за активностите што ги презема Министерството за финансии како институција, која е координатор во рамките на економско-финансискиот дијалог со ЕУ, како и за реформската агенда на земјата поврзана со новиот план за раст на Западен Балкан, активност што ја реализира Министерството за финансии заедно со Министерството за европски прашања.
„Министерството за финансии ги координира активностите во рамките на Економско-финансискиот дијалог веќе 10 години и во тој процес има континуитет. Тоа искуство ќе се искористи и во рамките на реформскиот процес поврзан со планот за раст на Западен Балкан“, рече министерката.
Таа изрази уверување дека реформите што се поврзани со Министерството за финансии во рамките на тој евроинтеграциски процес ќе бидат во фокусот на работата бидејќи тие значат и унапредување на процесите и приближување на земјата до ЕУ-стандардите.
Како што беше посочено, ЕУ е значаен поддржувач на земјата од нејзината независност и дека таквата поддршка ќе продолжи и во наредниот период.