Македонија
Француски пратеник побара од Расмусен членство на Македонија во НАТО
Францускиот сенатор Дидиер Було побара од генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен да се заложи за членство на Македонија во алијансата.
Францускиот сенатор Дидиер Було побара од генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен да се заложи за членство на Македонија во алијансата.
Барањето социјалистот Було го упати на Конференцијата на претседатели на комисии за надворешни работи на европските земји, што се одржува во Копенхаген, а на која учествува и претседателот на собраниската Комисија за надворешна политика Антонио Милошоски. Свои обраќања на состанокот имаа и високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Кетрин Ештон и генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен.
„Господине Расмусен, заложете се повеќе за членството на Македонија во НАТО, бидејќи земјата заслужи, дава голем придонес, две децении е самостојна држава и секогаш била наш партнер“, се вели во изјавата на Було, пренесена на Фејсбук профилот на Милошоски.
Конференцијата, како што информираат од македонското Собрание, е искористена за промовирање на македонскиот случај во однос на НАТО и ЕУ интеграциите, со досегашните постигнувања и реформи како главен аргумент за започнување на преговори за членство.
Милошоски пред присутните колеги ја претстави и релевантноста на Пресудата од Хаг, посочувајќи дека нејзиното почитување од страна на Грција претставува своевиден тест за владеењето на меѓународното право. Тој оствари и неформални средби со повеќе колеги, претседатели на комисиите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот дожд и снег
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните делови ќе има повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до -2, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 4 степени.
Времето во наредните денови
Во сабота ќе има локални врнежи, на планините и на повисоките места од снег, а во пониските од дожд и снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови, а висината на снежната покривка дополнително ќе се зголеми.
Во недела и понеделник ќе дува умерен до засилен северен ветер (над 60 km/h) и ќе има повремени локални врнежи од снег. Температурата ќе биде во опаѓање, а наместа дневната ќе остане под нула степени. Од вторник следува период на стабилно и суво време.
Македонија
Делови од Центар и Зелениково денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затварач од ф – 100 мм на ул. 5 бр. 47 во село Моране, во периодот од 08.30 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од село Моране, општина Зелениково.
Од ЈП Водовод и Канализација исто така информираат дека поради уличен дефект на ул. Васил Ѓорѓов б.б – пред ОУ Киро Глигоров, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улиците Васил Ѓорѓов, Адам Мицкиевиќ, дел од корисниците од улиците Киро Глигоров и Козара, како и објектот на заводот за физикална медицина и рехабилитација, општина Центар.
Македонија
Дел од Аеродром денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од улицата Тодор Чангов – крак 48. (општина Аеродром)

