Македонија
Иванов во посета на Хрватска

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов од денеска престојува во тридневна официјална посета на Хрватска, на покана на хрватскиот претседател
Македонскиот претседател Ѓорге Иванов од денеска престојува во тридневна официјална посета на Хрватска, на покана на хрватскиот претседател Стипе Месиќ.
Претседателот Иванов за време на посетата ќе оствари средба и со хрватската премиерка Јадранка Косор, како и со спикерот Лука Бебиќ, јави хрватската агенција Хина.
Според агендата, претседателите Иванов и Месиќ денеска ќе учествуваат на хрватско-македонскиот економски форум.
Претседателот Иванов, како што пренесува Макфакс, се очекува да оствари средба со претставниците на македонското малцинство во Хрватска. /крај/хина/мс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
СДСМ: Со фирма без вработени РЕК Битола потпишала спогодба за чистење, управителот – молер со кривична историја во Германија

Обвинувања за раководството во РЕК Битола упати Методија Илиевски од СДСМ во изјава за медиумите и го повика Обвинителството да отвори постапка.
Тој рече дека она што се случува во РЕК Битола не е никаква саботажа, туку корупција од епски размер и местење на тендери за неспособни партиски фирми.
„Суштината на скандалот е следна, новото раководство на РЕК Битола, поставено од Владата на ВМРО-ДПМНЕ и лично блиско до премиерот Мицкоски, потпишало рамковна спогодба вредна 150 милиони денари за чистење со фантомска фирма без ниту еден вработен. Компанија без техничка опрема, без кадар и без искуство. И како шлаг на тортата – управителот, неофицијално, е молер со кривична историја во Германија. И како што секогаш бива, се случува хаварија во РЕК Битола, пожар. Блоковите испаѓаат од мрежата а ЕСМ веднаш излегува со термин – „саботажа“, изјави Илиевски.
Вели дека вистинската саботажа е од страна на директорите кои наместо да ангажираат сериозна фирма која може да ги испорача услугите за кои склучила договор од 2,5 милиони евра, тие ги тераат работниците сами да чистат. Чистат без соодветна опрема, без опис на работно место, без дополнителен надомест.
СДСМ тврди дека РЕК распишал оглас со брутално прецизни и тешки услови за понудивачите. Побарале минимум 330 ангажирани работници, тешка механизација, логистика за 24/7 за интервенции. Сето тоа на хартија. Во реалноста – добиле компанија која не може да ги исполни ни 1 отсто од тие услови, односно наместо да ги има вработените и опремата, фирмата склучува договор дека ако го добие тендерот, ќе ги обезбеди.
СДСМ го праша премиерот Христијан Мицкоски, кој ќе одговара? Дополнително партијата прашува кој ја потпишал оваа рамковна спогодба, кој дозволил оваа фирма воопшто да влезе во процедура, зошто јавноста е лажена и зошто документите се кријат, дали ЕСМ ќе ја активира банкарската гаранција за неспроведените обврски.
Партијата ги повика Јавното обвинителство, Државната комисија за спречување на корупција, Државниот завод за ревизија – веднаш да отворат постапка.
Македонија
И ВМРО-ДПМНЕ го повика Обвинителството да го провери случајот со сертификатот на Христовски, а ако не е вистина СДСМ да се извини

И владејачката ВМРО-ДПМНЕ го повика Обвинителството да го провери случајот со сертификатот на Христовски, а доколку испадне дека нема вистина, СДСМ јавно да се извини.
Реакцијата следи по прес-конференцијата на Социјалдемократите на која беше побарано од ОЈО повторно да го истражи случајот со сертификатот за англиски јазик на директорот на АНБ, Бојан Христовски.
ВМРО-ДПМНЕ повтори дека судиите и обвинителите се сè уште истите што ги избрал СДСМ, а доколку имаат нешто противзаконски за Христовски први ќе го повикаат за разговор.
Владејачката партија вели дека завршено е времето на „овој ми е брат“ или „од партија е не го чепкај“, па сега секој еден без разлика на партиска, верска или етничка припадност, ќе си одговара за одредена работа доколку постојат докази.
Македонија
ЗНАМ очекува до крајот на месецот да ги заврши преговорите со ВМРО-ДПМНЕ за взаемна поддршка на некои кандидати за градоначалници

ЗНАМ на локлните избори ќе настапи самостојно, како на советничките листи, така и за изборот на градоначалници, а со ВМРО-ДПМНЕ преговара за поддршка на кандидатите за градоначалници во некои општини. Портпаролот на партијата Никола Мемов, рече дека очекувааат преговорите со ВМРО-ДПМНЕ да завршат кон крајот на месецот.
„Разговараме за повеќе општини, дефинирано е Куманово, неколку општини во Скопје и повеќе помали општини низ цела држава. Кога ќе завршат разговорите, кога ќе го имаме конечниот договор со владиниот партнер, низ процедурите на органите на партијата ќе бидат дефинирани кандидатите и ќе бидат соопштени во јавноста“, изјави Мемов.
Прашан што точно преговараат со ВМРО-ДПМНЕ, односно дали ќе одат со заеднички кандидати, со заеднички листи или пак се преговара за поддршка во втор круг, портпаролот на ЗНАМ изјави дека партијата на овие избори ќе настапи самостојно, како на советничките листи, така и за изборот на градоначалници.
„Таму каде што ќе имаме кандидат за градоначалник од ЗНАМ, во договор со владиниот партнер ВМРО-ДПМНЕ, тој ќе биде поддржан од нивна страна и тие нема да имаат кандидат во тие општини. Зборуваме за целосна взаемна поддршка на кандидатите уште во првиот круг“, рече Мемов.
Движењето ЗНАМ – За наша Македонија на денешната прес конференција информираше и за одлуките на Централниот одбор, во проширен состав, на вчершната седница, меѓу кои едногласна одлука за почеток на вториот бран на активности, под мотото: „Со срце за нашата општина“, како и а отпочнување постапка за евидентирање на кандидати за советници за локалните избори.
„Само чесни и посветени луѓе, со силна морална и етичка основа, ќе го понесат товарот на одговорноста пред државата и граѓаните. Критериумите за истите се јасни и недвосмислени: етички капацитет, јасна заложба за заштита на државните интереси, почитување на сите етнички заедници, посветеност на европските вредности“ рече портпаролот на партијата Никола Мемов.
Најави дека караванот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија ќе го посети секое населено место, ќе влезе во секоја месна заедница и заедно со граѓаните ќе ја напише програмата за локалните избори.
На вчерашната седница, Централниот одбор го назначил Горан Минчев, генералниот секретар на партијата, за шеф на Централниот изборен штаб. Одлука, која како што нагласи Мемов, се темели на резултати.
Мемов на прес конференцијата ги информираше новинарите и за Вториот изборен Конгрес што ќе се одржи за седум дена, на 29 јуни, во недела, а на кој ќе бидат избрани претседател на партијата, нов состав на Централниот и Надзорниот одбор, со полн четиригодишен мандат.