Македонија
Криминалците не смеат да добијат политички легитимитет
Иако, официјално е завршена, слободно може да се каже дека се$ уште трае акцијата на македонската полиција започната во средата рано наутро, во којашто според неофицијалните информации има загинато десетина лица припадници на вооружени групации забележени во подшарпланинските села
Според последните официјални информации, пак, во коишто се спомнуваат податоци за загинати шест лица, уапсени тринаесетмина екстремисти и ранет еден полицаец, акцијата во којашто беа ангажирани специјалните единици на МВР имала цел да се уапсат бегалците од косовскиот затвор Дубрава, Љирим Јакупи Нацист и Рамадан Штити, коишто реи два месеца се движат на потегот во тетовските села Бозовце, Бродец и Вешала. И следува по ликвидацијата на Џавид Морина, исто така, бегалец од Дубрава, којшто според информации од безбедносните македонски структури требаше мината недела да се спои на групата на Јакупи. За таа цел полицијата ги блокираше патиштата од Тетово до Попова Шапка, а кај месноста Жичара е стациониран полициски пункт. Во акцијата е уапсен еден од водачите на овие групи, Хабит Амети и уште четири други лица од овие криминални групи. Интензитетот на борбите насочуваше на тоа дека најверојатно станува збор за бројни и според нашите информации 300 до 500 добро вооружени групации составени од искусни поранешни припадници на УЧК и ОВПМБ, коишто по војната на Косово криминално се организираат а во овој период сакаат да се легитимираат како нова албанска армија којашто би требало да води војна за создавање голема албанска држава. Меѓутоа, јасно е дека овие групи немаат никаква политичка поддршка, па така остануваат да дејствуваат како криминални банди коишто не наоѓаат поддршка ниту кај локалното население.Дека на акцијата на македонската полиција и’ се придава важност во смисла на стабилизацијата на турбуленциите во регионот во пресрет на решавањето на статусот на Косово, посведочува и фактот што официјалните извори на КФОР потврдија дека нивните војници се тешко вооружени и ја блокираат границата од косовска страна за да се спречи. Косовските медиуми пренесуваат информација и дека војниците на КФОР се подготвени да пукаат за да го спречат евентуалното прелевање на судирите на косовска територија.Меѓутоа, од друга страна, пак, во продолжение на оваа акција којашто, според се судејќи ќе потрае подолг период, безбедносни извори велат дека од косовска страна на македонската територија се уфрлиле голем број припадници на Албанската национална армија и пријатели и роднини на Морина, коишто сакаат да се одмаздат за неговата ликвидација, за којашто ги обвинуваат албанските политики субјекти во Македонија. При што се поставува прашањето зошто Лирим Јакупи Нацист е пребеган на Косово, потоно во Призрен, неколку денови пред изведувањето на акцијата. Исто така, постојат сигурни индиции, дека и меѓународната заедница и косовските власти коишто порационално се обидуваат да го трасираат патот најпрво за независноста на Косово, на македонската страна и даваат поддршка за ликвидација и или неутрализација на овие криминални и екстремистички групации, пред тие да се обидат да добијат каков и да е политики легитимитет или, пак, поширока поддршка кај Албанците. Затоа што, на тој начин би ги загрозиле и косовските и албанските политики партии и авторитети коишто се етаблирани и учествуваат во политичките дијалози во регионот и со меѓународната заедница. Оттаму, како што во петокот предупреди и самата АНА на својата интернет страница, може да се очекува во близок период слична акција и во потегот на селата Танушевци, Брест, Ваксинце, односно во Кумановскиот регион, за каде што се верува дека постојат криминални структури коишто имаат поддршка од исламистички екстремни групи. Не треба да се биде многу упатен во оваа сфера, за да се разбере дека ваквите групации на чиешто постоење се предупредуваше подолг период, сметаат дека сега е вистинскиот момент кога може да се актуелизира сеалбанското прашање. Поточно, дека е дојдено времето за реализација на Бујановската декларација од 1943 г., којашто е се зема како основа за формирањето на голема албанска држава којашто би ги опфаќала териториите коишто наводно историски им припаѓале и ги населувале Албанците. Меѓутоа, како што наведуваат и некои албански извори, воопшто не треба да зачудува ниту евентуалноста српските безбедносни и тајни служби преку свои заврбувани луѓе да манипулираат со всадената идеја кај Албанците за голема и сеалбанска држава. што, пак од своја страна воопшто не го исклучува и ниту моментот дека и албанските легални политички фактори и дел од нивните поддржувачи на глобалната политика сцена, не ги користат за опипување на пулсот и пред меѓународната заедница и во регионот за ова прашање.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

