Македонија
Полицискиот синдикат се стекна со репрезентативност
Полицискиот синдикат е првиот синдикат во Македонија кој се стекна со решение за репрезентативност од страна на надлежната комисија на Министерството за труд и социјална политика
Полицискиот синдикат е првиот синдикат во Македонија кој се стекна со решение за репрезентативност од страна на надлежната комисија на Министерството за труд и социјална политика.
Ова денеска на прес конференција во Скопје го изјави претседателот на македонскиот полициски синдикат Тихомир Климоски, додавајќи дека овој синдикат има 8.119 регистрирани членови, што е близу 80 отсто од вкупниот број вработени во МВР.
„Македонскиот полициски синдикат успеа во рекорден рок да ја обезбеди и обработи бројната документација и ситана да ја презентира пред надлежната комисија, која по обемна и темелна процедура со решение ја потврди репрезентативноста на нашата асоцијација“, рече Климоски.
Тој појасни дека согласно измените во законот за работни односи, синдикатите на сите нивоа на организирање се обврзани да се пререгистрираат и за прв пат во историјата да пристапат кон докажување на својата репрезентативност.
Ваквата досегашна состојба им погодуваше на бројни ад-хок групации кои внесуваа забуна во комуникацијата меѓУ социјланите партнери претставувајќи се како легитимен фактор, рече Климоски
Тој додаде дека репрезентативниот статус е своевидно признание и за организацијата во која полицискиот синдикат членува а тоа е сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).
Претседателот на ССМ Живко Митревски честитајќи и на водачите на полицискиот синдикат истакна дека станува збор за историски ден на синдикализмот во Македонија.
Тој најави дека и останатите гранкови синдикати наскоро треба да се стекнат со решение за репрезентативност со што широко ќе се отворат вратите кон потпишување на општите колективни договори./крај/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Од 15 ноември задолжително поседување зимска опрема
Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека од 15 ноември до 15 март, согласно одребите од „Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата“ и Законот за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, возилата кои учествуваат во јавен сообраќај на патиштата задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема.
Согласно одребите од Правилникот за задолжителна опрема на возилата, за безбедно учество во сообраќајот на патиштата. (Службен весник бр. 31 од 2010 година), како зимска опрема на моторните возила се подразбира:
За моторни возила кои не надминува 3.500 кг.:
– зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од четири милиметри;
– пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и широчина, со минимум од најмалку 4 мм., ако возилото во приборот поседува синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.
За моторни возила со погон на четири тркала (4×4):
– зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од 6 мм;
– пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и широчина со минимум од најмалку 4 мм., ако возилото во приборот поседува синџири за снег и во случај кога имаат постојан погон, синџири за снег треба да имаат најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да имаат најмалку на постојано вклучената осовина.
За моторни возила кои надминува 3.500 кг:
– зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од 6 мм.
– пневматици со летен профил на сите четири тркала, со длабочина на шарите на нагазниот слој, по обем и широчина со минимум 4 мм, ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала;
– автобуси и товарни моторни возила кои поради технички причини не можат да постават синџири за снег на погонските тркала треба да имаат зимски пневматици на погонските тркала и прирачен алат – лопата.
Зимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака „MS”, “M+S”, “M & S” и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва.
Согласно одредбите од Правилникот за задолжителна опрема на возилата, во патниот сообраќај на возилата е забрането поставување на пневматици со клинци, се наведува во соопштението на МВР.
„Апелираме до возачите да се придржуваат кон законската обврска за поседување на зимска опрема, бидејќи така овозможуваме непречено и безбедно одвивање на сообраќајот на патиштата во зимски услови“, додаваат од МВР.
Македонија
(Видео) Николоски: Засилено работиме на реконструкција на обиколицата Крива Паланка
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави видео од реконструкцијата на обиколницата во Крива Паланка.
„Рехабилитација на обиколницата Крива Паланка која води до соседна Бугарија. Многу значаен проект на Коридор 8 кој е продолжение на експресниот пат Страцин – Крива Паланка и патна врска со граничниот премин Деве Баир кој е главна врска со Бугарија.
Обиколница на Крива Паланка е проект со кој го поттикнуваме регионалниот развој и соработка, во истовреме обезбедуваме побрз транспорт и безбеден сообраќај” напиша вицепремиерот Николоски.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на магистралниот пат Струмица – Дабиле
Од 04:20 часот сообраќајот на магистралниот пат Струмица – село Дабиле е нормализиран, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

