Економија
Примената на НАССР е билет за европските пазари
Трета и завршна посета од практичниот сегмент на НАССР информативно-едукативната кампања „Здрава храна и точка!” се одржа во среда во компанијата „Здравје Радово”
Во рамки на посетата, што е во организација на Управата за ветеринарство и Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, претставници на компании кои се во процес на имплементација на НАССР разменија искуства со одговорните во „Здравје Радово“, за спецификите на НАССР.Оваа компанија започна со имплементација на НАССР стандарди во 2006. година, а во јули 2007. година добила и сертификат за НАССР.„Примената на НАССР стандардите не е страшна работа. Тоа е само контрола на сè она што влегува во фабриката, па до финалниот производ“, изјави Татјана Антевска, земјоделски инженер во „Здравје Радово“.Според неа, со овој начин на работа се овозможува во секое време да се има целосна контрола врз производот, со што се избегнува опасноста на пазарот да се појави храна што е опасна по здравјето.Идните компании кои се на пат да започнат со примена на НАССР стандардите, сметаат дека тоа е добра работа, но дека им треба помош од државата.„Потребна е поголема организација, но и помош од државата да можеме и ние како мали компании да ги воведеме овие стандарди, бидејќи немаме доволно средства да извршиме целосна санација на објектите“, велат од компаниите.Тие додаваат дека со преземањето на поголема хигиена и стандарди во фабриките каде што се произведуваат млечни производи, задоволството ќе биде поголемо и кај купувачите.Хрватскиот експерт Хрвое Видалина посочува дека луѓето во Македонија мора да се откажат од импровизации, оти идниот европски пазар не го дозволува тоа.„Наскоро ќе се отворат европските фондови, а Европа, кога е во прашање производството на здрава храна, не трпи импровизации“, смета Видалина.Според него, треба да се работи и врз свеста на луѓето, бидејќи на европските пазари, ниту еден трговски ланец не зема производ што нема потврда за неговата здравствена исправност.Одговорните во „Здравје Радово“ додаваат дека ќе биде неопходно воведување на НАССР стандардите и во малопродажната мрежа, со цел, производите што излегуваат од фабриките, соодветно да бидат третирани и во малопродажбата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

