Македонија
Почна сезоната за изнајмување на велосипеди

Под мотото „Остави го автомобилот, вози велосипед“ Скопјани од денеска повторно ќе можат да изнајмуваат велосипеди.
Под мотото „Остави го автомобилот, вози велосипед“ Скопјани од денеска повторно ќе можат да изнајмуваат велосипеди. Велосипедите ќе се изнајмуваат по иста цена од минатата година, односно за 10 денари за час од три локации во градот, на јавното паркиралиште Треска, Плоштад Македонија и во населба Аеродром, поточно кај трговскиот центар Бисер.Велосипедот којшто е изнајмен од една постојка, ќе може да се вратат на друга најдоцна до 23 часот во секој ден во неделата, додека велосипедите ќе да се изнајмуваат од 7 до 21 часот.Од Градот апелираат граѓаните посовесно да се однесуваат со изнајмените велосипеди, а движењето да се одвива по сообраќајници на обележани велосипедски патеки или на однапред утврдени патеки.Проектот „Скопје изнајми велосипед“ стартуваше минатата година како резултат на заедничката соработка на Град Скопје, преку ЈП „Градски паркинг“, ГЕФ ПМГ ( Глобален еколошки фонд, Програма за мали грантови) и Здружението на граѓани ЕкоСвест. За реализација на проектот претходно се обележуваа велосипедски патеки, се воспостави непрекината велосипедска врска меѓу источниот и западниот дел на градот, се обнови и постави нова, дополнителна хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација и беа постави држачи за велосипеди. крај/к.с
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
МОН и УЈП ќе ја унапредуваат финансиската едукација училиштата

Министерството за образование и наука и Управата за јавни приходи потпишаа меморандум за спроведување на проект чија цел е унапредување на финансиската едукација и даночната писменост кај младите.
Ќе бидат опфатени сите основни и средни училишта, затоа што, како што посочија потписниците на документот – министерката за образование и наука, Весна Јаневска и директорката на УЈП, Елена Петрова е исклучително важно да создаваме генерации кои ќе го разбираат значењето на даноците, функционирањето на даночниот систем, улогата на УЈП и другите финансиски институции.
Едукацијата ќе се реализира на интересен и интерактивен начин – преку игри, симулации и креативни работилници, а стекнатото знаење ќе се проверува со даночен квиз, односно натпревар меѓу учениците. Активностите во училиштата започнуваат во декември и ќе се реализираат до крајот на учебната година.
Јаневска и Петрова очекуваат висока ефективност, а резултатите од проектот може да послужат како основа за надградување на наставните програми во иднина.
Македонија
Отворена нова амбуланта во Радуша

Министерот за здравство, Азир Алиу денес беше во посета на Радуша, каде повторно се отвори амбуланта која претходно беше запуштен и нефункционален простор.
„Денес е навистина посебен ден за Радуша. По речиси една и пол година, амбулантата повторно ги отвора вратите за своите жители. Овој простор, кој беше запуштен и нефункционален, денес е целосно обновен на наше особено задоволство. Амбулантата располага со современа опрема и услови достојни за едно модерно здравство на примарно ниво. Горд сум што првпат амбулантата ќе ја води доктор од самото село, тоа е докторот Руфат Ќаили, кој ќе биде тука секојдневно за потребите на граѓаните“, истакна Алиу при посетата.
Македонија
Ивановска: Време е да ѝ објавиме војна на корупцијата во општина Центар

Независните кандидати за градоначалници на Град Скопје и Општина Центар, Горан Марковски и Билјана Ивановска ги повикаа граѓаните да излезат на Локалните избори во недела и да гласаат за стручност, професионалност, визија и антикорупција.
– Со гласот за 128 за градоначалник на Скопје, гласаме за стручност и деполитизација на градската администрација. Скопје заслужува да добие стручен и независен градоначалник кој ќе гради партнерства со граѓаните, а не со бизнис елитите и урбаната мафија, истакна Марковски.
Време е да објавиме „војна на корупцијата“ во општина Центар. Излезете слободно, независно и гласајте за градоначалничка која ќе управува чесно, одговорно и транспарентно со локалната самоуправа. Гласај за 149 за градоначалник на општина Центар, посочува Билјана Ивановска, кандидатка за градоначалник на Центар на „Независни заедно“.
„Нема силни општини без советите“ Јана Белчева Андреевска ги повика скопјани да гласаат за советничката листа на Независни заедно и да го заокружат бројот 35.
– Советите треба да добијат стручни и независни советници, кои ќе работат во интерес на граѓаните и ќе дискутираат за релевантни теми. Нашата цел е да работиме во интерес на здравјето и јавното добро, а не на профитот, истакна Белчева Андреевска.
Јане Димески, носител на советничка листа за Општина Центар ги повика центарци га гласаат за бројот 39.
– Докажавме дека можеме да се бориме во советот на Центар и да имаме вистински партнерски однос со граѓаните, со организациите, со сите локални чинители. Центар повеќе не смее да биде општина која ќе работи во интерес на одредена партија туку целосно да се отвори кон граѓаните, истакна Димески.