Македонија
Фуере ги повика властите да организираат лидерска средба
Евроамбасадорот Ерван Фуере по средбата со лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски уште еднаш повтори дека бојкотот не е начин за решавање на проблемите во Собранието и ја повика опозицијата да се врати во законодавниот дом. Тој изрази жалење за неуспехот на владата да ги следи препораките на Европската комисија.„Истовремено морам да кажам дека жалам за неуспехот на владата да ја следи препораката на комисијата од оваа година и од минатата година да обезбеди политички дијалог и токму поради тоа необезбедување на политички дијалог во земјава, се наоѓаме во денешната ситуација“, рече Фуере. Тој ги повика властите да организираат лидерска средба која ќе биде фокусирана на новонастанатата политичка ситуација. „Навистина е жално што бројот на средбите на политичките лидери се сведе на минимум. Имавме се на се една до две средби на лидерите во изминатите две години и освен средбата организирана од страна на претседателот на државата, ние немавме средба меѓу политичките лидери во изминатата година и пол. Затоа ја користиме оваа прилика да ја повикаме владата, властите, дали е тоа премиерот или претседателот да се организира лидерска средба која ќе биде фокусирана на сите тековни прашања, сите отворени прашања во земјава“, рече Фуере.Прашањето за предвремени парламентарни избори, Фуере им го остава на политичките партии. „Прашањето за избори е во рацете на парламентот, им оставам ним да одговорат на тоа, она што сметам дека е трагично во оваа ситуација е дека земјата се соочува со многу сериозни, не само политички туку и економски предизвици, со трагично висока стапка на невработеност, трагично голема стапка на население кое што живее под линијата на сиромаштијата. Ова се прашања што бараат итно владино внимание“ додава Фуере.Фуере е категоричен дека политичка криза има, но вели дека сите партии треба да ја испитаат својата одговорност за ова што се случува. Во врска со слободата на медиумите Фуере вели дека владата треба да создаде услови за непречено функционирање на медиумите.„Вие го слушнавте премиерот кога изјави дека тие не се мешаат во судските одлуки, тоа е едно, но од друга страна владата треба и може да создаде услови за слободно и непречено функционирање на медиумите. И одблиску е набљудувана состојбата и како што знаете едни од главните забелешки на комисијата се однесуваат пред се на нормалното функционирање на судството и слободното функционирање на медиумите“ вели Фуере. /крај/фф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

