Македонија
Градоначалникот на Радовиш ги претстави проектите за градот
Градоначалникот на Радовиш Роберт Велков во саботата на прес-конференција во просториите на ВМРО-ДПМНЕ ги претстави проектите кои биле реализирани изминатата година и ги најави оние кои треба да се реализираат оваа и идната година.
Градоначалникот на Радовиш Роберт Велков во саботата на прес-конференција во просториите на ВМРО-ДПМНЕ ги претстави проектите кои биле реализирани изминатата година и ги најави оние кои треба да се реализираат оваа и идната година.
Реконструкција на старите простории во ОУ „Никола Карев“, изградба на фискултурна сала во село Ораовица и на канализациски системи во селата Калугерица, Ињево и Војславци, асфалтирани локални улици со површина од 13 000 метри квадратни, уредување тротоари на улиците „Кеј 8-ми Септември“ и „Партизанска“, набавка на канти и контејнери за отпад, енергетска ефикасност и реконструкција на детските градинки „22 Март“, се дел од проектите што изминатата година се реализирани во Општина Радовиш.
Во 2009 изградено е фудбалско игралиште и отворен е Електро-технички факултет со запишани над 150 студенти, завршен е локалниот пат Радовиш-Прналија долг 3,7 километри кој наскоро ќе биде пуштен во употреба и се изготвени туристички карти, водичи и брошури за туристичка понуда на Радовиш.
Од проектите кои се во фаза на реализација Велков ги истакна:„Воведување собирање комунален смет во градот и околните населени места, регулација на реките Сушица и Ступница и на коритото на Оравичка река, управување со загадувањето на рудникот Бучим, енергетска ефикасност на улично осветлување на булеварот „Александар Македонски“ со штедливи натриумски светилки, изградба на нова училишна зграда во продолжение на старата на ОУ „Никола Карев“, доизградба и реновирање на објектот за противпожарна заштита и реновирање на Паркот на младите“.
Тој со особено задоволство го најави капиталниот проект за општина Радовиш со кој се планира изградба на трговски центар и пазар.
„Веќе е во тендерска постапка и почнување изградба на Градски пазар со трговско-деловен комплекс и е формирана комисија за подготовка на сите активности, како и објава на тендер за заинтересирани домашни и странски инвеститори“, рече Велков./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата Леринска лоцирани околу број 3, општина Карпош.
Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 l/m² за 24 часа) со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 14 до 18 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Времето во наредните денови
Во вторник во претпладневните часови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Потоа до крајот на неделата времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури.

