Македонија
Дебата: Потребна е свест и почитување на законите за финансирање на партиите
NULL
Потребно е почитување на законите, свест, но и капацитет на институциите, со цел регуларно финансирање на политичките партии и изборните кампањи.На денешната дебата „Финансирање на политичките партии“ во организација на Државната комисијата за спречување на корупција, беше констатирано дека е потребна практична, а не само декларативна заложба со цел оневозможување на корупцијата преку финансирањето на партиите од сомнителни извори.Првиот анти-корупционер, Илми Селами ги повика партиите, покрај за теснопартискиот, да покажат интерес и за општиот интерес.„Ајде, пред избори да седнеме, да ги разгледаме сите работи, да смогнеме сили да работиме на затворање барем на некој вентил од каде што се појавува корупцијата, во однос на нерегуларностите на финансирањето на политичките партии и на изборните кампањи. Со тоа ќе покажат пред граѓаните дека, освен теснопартискиот интерес, политичките партии се заинтересирани и за општиот интерес“, изјави Селами.„Ние се чуствуваме одговорни, но истовремено свесни, дека не сме ставени во ситуација да го одработиме нашиот дел, затоа што законите, така како што се поставени, не се добро конектирани. Обидете се да ги спроведете и ќе видите дека многу сме декларативни, одлични сме за декларација, но за практика не, меѓу другото и затоа што во законите постојат празни одови, гапови, коишто не овозможуваат во практика да ги покажеме резултатите“, изјави Мирјана Димовска, поранешен претседател на ДКСК.Дел од познавачите коментираат дека капацитетот на институциите е реален проблем во Македонија.„Реален проблем во Македонија е капацитетот на институциите и тоа практично се гледа од едната препорака на ГРЕКО. Според нив, треба нешто да се смени и во надлежностите на институциите, но треба да се смени и во капацитетот на институциите. Факт е дека во Македонија немаме независно судство. Јасно е дека треба да се смени она што значи свест, но прво треба да ја смениме праксата. Се додека функционира т.н. телефонско право, односно да можете да се јавите на некој судија и да му кажете судска одлука, џабе ви е да менувате свест, ако праксата ви остане таква“, рече универзитетскиот професор Рената Десковска.Како преодно решение за спречување на финансирање на политичките партии од сомнителни извори, беше предложено зголемување на финансирањето од државниот буџет.„Бидејќи потребите на финансирање, посебно на кампањите се големи, а ако се ограничени можностите за финансирање од граѓаните, мислам дека на преоден рок, за наредните десетина години, можеби треба да се размисли за зголемување на финансирањето од буџетот на Република Македонија. Со зголемувањето на финансирањето од буџетот, ќе се намали можноста за влијание на нелегитимни и неидентификувани извори. По овој рок, со подобрување на социо-економската положба во земјата, може повторно да се стави акцент на финансирање од граѓаните“, рече Сашо Клековски од Македонскиот Центар за меѓународна соработка. /крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„ССМ и Трендафилов одбија 40% зголемување на платите во следните 2 години на штета на работниците, а по партиски диктат на СДС, ДУИ и Левица“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Слободан Трендафилов со плата 3-4 пати поголема од минималната, е единствениот синдикалец на светот кој е против поголеми плати за работниците и е политичка маша на СДС, ДУИ и Левица. ССМ и Слободан Трендафилов одбиле 40% покачување на платите во следните 2 години на штета на работниците. Слободан Трендафилов како прв синдикалец не застана во одбрана на работниците“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„ССМ и Трендафилов не го поздравија досега ниту еднаш колективниот договор во образованието и здравството, ниту пак ги поздравија зголемените плати во МВР, Министерство за одбрана и во центрите за социјална работа.
Трендафилов е политичка марионета на СДС, а доказ за тоа е што договорот кој тој лично заедно со екс министерката за труд и социјална политика, а сегашна потпретседателка на СДС, Јованка Тренчевска го потпишале е истечен, со што се отвора можност за нов колективен договор, за кој Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ предлага административните службеници да добијат 40% повисоки плати за 2 години.
Иако Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ понуди конкретно и јасно решение, 40% зголемување на платите на административните службеници во следните две години преку нов колективен договор, ССМ и Слободан Трендафилов одбија да го прифатат предлогот, оставајќи ги работниците без повисоки примања.
Одбивањето да се потпише нов колективен договор, иако стариот е истечен, јасно покажува дека кај ССМ нема волја за подобрување на стандардот на работниците. Трендафилов е политичка марионета на СДС, ДУИ и Левица“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Граѓаните да ги ажурираат своите податоци за „Безбеден град“ на посебниот шалтер во МТВ или во станиците за технички преглед
Министерството за внатрешни работи ги потсетува граѓаните дека на посебниот шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
Истото, може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Македонија
Делови од Кисела Вода и Чаир денеска без струја
Од ЕВН Македонија информираат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од улиците Кујунџиска и Битпазарска, објектите лоцирани околу националната галерија Чифте Амам, како и дел од корисниците од старата чаршија. (општина Чаир)
– во периодот од 10.00 до 14.00 часот, корисниците од ул. Јустинијан Први лоцирани околу ДИМ Маркет, како и дел од корисниците од улицата Речиште. (општина Кисела Вода)

