Македонија
Македонскиот Ерусалим слави Водици
Повеќе од 1.000 пливачи денеска во 10 часот претпладне ќе скокнат по крстот што во водите на Охридското езеро ќе го фрли митрополитот г.Тимотеј.
Повеќе од 1.000 пливачи денеска во 10 часот претпладне ќе скокнат по крстот што во водите на Охридското езеро ќе го фрли митрополитот г.Тимотеј.
Културно -уметничката програма по повод христијанскиот празник Богојавленије, започна рано утринава, а во сите цркви се служи света литургија.
Според организаторите на манифестацијата бројката на гости што ќе го следат фрлањето на крстот изнесува околу 30.000, како домашни така и гости од странство.
Кумови на прославата за оваа година се бизнисмените Тане Николоски и Цветан Панделески кои ќе го даруваат најсреќниот пливач со сребрен крст тежок еден килограм.
Манифестацијата во Охрид ја следат многу политичари, членови на дипломатскиот кор и јавни личности.
Гостин на овогодинешното фрлање на крстот е и евро-пратеникот Ерван Фуере./крај/ин/вм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри на патниот правец Тетово – Гостивар, Сарамзалино – Штип 100 метри, намалена видливост до 200 метри на патниот правец Куманово – Страцин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

