Македонија
Името останува услов
Евроамбасадорот Ерван Фуере изјави дека решавањето на проблемот со името останува од суштествено значење за одредување на датум за старт на преговорите
Вели дека минатогодишната препорака за отпочнување на пристапните преговори со Европската Унија значело и охрабрување за владата да го реши прашањето на името што е можно побрзо, што е случај и денес.„Мислам дека на владата јасно и беше дадено до знаење, на највисоко ниво во многу прилики, дека е важно ова прашање да биде разрешено еднаш засекогаш, со што преговорите и се останато ќе следи“, изјави Фуере.Евроамбасадорот повтори дека во претстојниот годишен извештај на Комисијата ќе бидат посочени областите во кои има напредок, но и слабости. Смета дека независноста на судството, борбата против корупцијата, реформата на јавната администрација, како и недостатокот на средства за работата на одредени институции, остануваат слабости со кои Македонија треба да се справи во претстојниот период./
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајка на патот Радовиш – Штип, сообраќајот во прекин
Од 18:05 ч. сообраќајот на магистралниот пат Радовиш – Штип, во близина на „Алкопласт“, е во прекин поради сообраќајна незгода, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Владата ќе ја одбележи 121 годишнината од смртта на Гоце Делчев
Владата на Република Северна Македонија, на 04.05.2024 година (сабота), ќе ја одбележи 121 годишнината од смртта на Гоце Делчев со положување свежо цвеќе на неговото вечно почивалиште, во црквата „Св.Спас“,Скопје.
По тој повод, во 10:30 часот, свежо цвеќе ќе положи претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, владина делегација предводена од Славјанка Петровска, министерка за одбрана во Владата на Република Северна Македонија, Каја Шукова, министерка за животна средина и просторно планирање во Владата на Република Северна Македонија.
Македонија
Димитриевски во Тетово: Ја бараме поддршката на граѓаните на претстојните избори за работите во Македонија да не бидат како досега
Претседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски денеска беше во Тетово, каде што со носителот на листата на кандидати за пратеници во ИЕ 6, Небојша Захариески и останатите кандидати, ја промовираа програмата на Движењето за претстојните парламентарни избори „Проглас за достоинствена Македонија“.
Димитриевски во изјавата за медиумите рече дека Движењето ЗНАМ – За наша Македонија се етаблираше како нова политичка сила на македонскиот политички простор токму со поддршката на граѓаните.
„Ја претставуваме програмата и ја бараме поддршката за нашите кандидати за пратеници предводени од господин Небојша Захариески во ИЕ 6. Јас знам дека никогаш повеќе ЗНАМ нема да дозволи нештата во државата да бидат исти. Ќе бидеме коректив на идната власт, но и на идната опозиција. Нашиот број секојдневно се зголемува, а и поддршката од граѓаните е се поголема и верувам дека заедно ќе успееме да ја вратиме државата таму каде што припаѓа, во рацете на граѓаните“.
Тој ги повика граѓаните масовно да ја дадат својата поддршка на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, на носителот на листата во ИЕ 6, Захариески, како и на сите кандидати за пратеници.
Со тоа, рече Димитриевски, граѓаните го даваат својот глас од граѓанин за граѓанин. Ние сме политички субјект кој расте токму со граѓанската поддршка. Продолжуваме понатаму со позитивни промени во државата, со позитивни промени во Македонија.
Носителот на листата во ИЕ 6, Небојша Захариески, рече дека со она што го нудат во програмата „Проглас за достоинствена Македонија“ сакаат да ги вратат илинденските и асномските темели на државата.
„Сакаме да ја направиме државата самоодржлива, со што ќе биде и самостојна. Сакаме да градиме стабилни меѓуетнички односи, а Тетово е симбол за добар соживот“, рече Захариески.
Тој додаде дека нивна цел е добро владеење, правна држава, како и запирање на клиентелизмот, непотизмот и корупцијата, со што, како што рече, ќе го дадат својот максимум за Македонија.