Македонија
Датум за преговори во првата половина од следната година
Европратеникот Бернд Поселт, по денешната средба со претседателот Ѓорге Иванов, изрази надеж дека Македонија би добила датум за преговори за време на унгарското претседателство со Европската Унија, кое ќе трае во првата половина од 2011-та
Според Бернд Поселт, проблем претставува што Белгија, која моментално е претседавач, ја води техничка влада. Смета дека за време на претседателството на Унгарија, која ја смета за голем пријател на Македонија, постои добра можност за старт на преговорите.„Проблемот е што сега го имаме белгиското претседателство, тие се отворени за Македонија, но немаат влада во ова време. Малку сме скептични во однос на ефикасноста на белгиското претседателство. Но, Парламентот функционира, Комисијата функционира. Се надевам на успех за време на унгарското претседателство.“, вели Поселт.Според него, главен проблем до донесувањето на одлуката за старт на преговорите е злоупотребата на правото на вето од страна на Грција.„Проблемот е во Советот, една од клучните институции во ЕУ. Значи не е ЕУ во прашање, туку Европскиот Совет. Во Советот се потребни сите гласови. Проблемот е што Грците ја злоупотребуваат нивната позиција во Советот за да ја блокираат одлуката. Ова е проблемот што го имаме – злоупотребата на правото на вето од страна на Грција. Ова не е проблем на толеранција, ние не толерираме ништо, поради тоа што ова не е прифатливо. Нашиот проблем е институционален. Без согласност од Грција, Советот не може да одлучи. “, вели Поселт.Европратеникот и со совет за македонските политичари – да нема разногласија кога е во поглед европската агенда.„Би сакал многу јасно да порачам – мора да постои консензус. Не само што е право, туку е и обврска на опозицијата да се спротиставува. Тоа е во ред, јас сум парламентарец, обожавам да се спротивставувам. Тоа е нормално. Но, мислам дека опозицијата не треба да оди во Брисел и во Стразбур и да ја уценува сопствената влада. Тоа не е добро за земјата. Сите сили треба да работат заедно во корист на својата земја.“, изјави Поселт.Тој најави лобирање во однос на одредувањето датум за преговори за Македонија и во следниот период.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја делови од Центар и Аеродром
Без струја денеска ќе останат дел од корисниците од општините Центар и Аеродром.
„Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 14.01.2026 година ( среда ) без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од ул. Наум Наумовски Борче бр. 65 и околните стамбени објекти околу него. (општина Центар). Во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од ул.Ѓорѓи Андеевиќ Кун во близина на училиштето Димитар Македонски (општина Аеродром)“, информира РЦУК – Скопје.
Македонија
Сообраќајот на патот Скопје – Штип е во целосен прекин поради запалено товарно возило
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип е во целосен прекин, поради опожарено тешко моторно возило, четири километри пред патарината „Преод“, информира АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Лидерска средба за техничката влада, СДСМ одби да учествува
Во Клубот на пратениците денеска треба да се одржи лидерска средба на премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со претседателите на парламентарните партии кои имаат пратенички групи во Собранието.
На средбата треба да се разговара за реформските закони од правосудството, за изборот на народен правобранител, за Изборниот законик и за укинување на техничката влада, но и за други прашања.
СДСМ одби да учествува на средбата. Левица најави присуство, како и коалициските партнери во Владата – ЗНАМ и и ВРЕДИ.
Вчера попладне, своето присуство го потврди и лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Претседателот на СДСМ Венко Филипче, ја одби поканата со образложение дека се против тоа во иднина да нема техничка влада која, како што образложи е гаранција за фер избори, а дека за реформските закони ќе гласаат во Собрание.

