Македонија
Џахангир – Македонија ги почитува верските слободи

Граѓаните и припадниците на сите верски заедници во Македонија се чувствуваат слободно и слободно зборуваат за своите интереси, но и проблеми
Граѓаните и припадниците на сите верски заедници во Македонија се чувствуваат слободно и слободно зборуваат за своите интереси, но и проблеми.
Ова денеска го оцени специјалниот известувач на ОН за слобода на религијата и убедувањето Асма Џахангир на средба со претседателот на Собранието Трајко Вељановски, соопшти неговиот кабинет.
Известувачот на ОН укажала на потребата „да се посвети поголемо внимание на помалите верски заедници во Македонија”.
Вељановски во врска со укинувањето на веронауката во училиштата, на средбата со Џахангир истакнал дека „Македонија е правна држава и одлуките на Уставниот суд се почитуваат во целост“
Специјалниот известувач на ОН за слобода на религијата и убедувањето е во тридневна посета на Македонија во рамки на која остварува средби со релевантни државни институции, претставници на верските и заедниците за убедување, како и со невладиниот сектор.
Џахангир на средбата со шефот на дипломатијата Антонио Милошоски посочи во понеделникот дека Македонија е добар пример на земја за верска толеранција, напоменувајќи дека сите отворени прашања треба да се решаваат низ дијалог.
Своите први согледувања за состојбата со верските слободи во Македонија Џахангир ќе ги изнесе в среда попладне на прес конференција. Таа за посетата ќе поднесе извештај до Самитот за човекови права на Обединетите нации (ОН) на 15-та сесија, која ќе се одржи во март идната година./крај/с/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нема подолги задржувања за влез и излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од населбата Драчево денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе остане дел од населбата Драчево.
Од 08:30 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Маркова Река во населба Драчево, општина Кисела Вода, ќе останат без струја.
Македонија
Сончево и ветровито време, температури до 38 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, по должината на Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, информира УХРМ.
Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 22, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 38 степени.
Во следните денови следува период на сончево и топло време со мала до умерена облачност.
Температурите ќе бидат во постепен пораст, особено од четврток и за време на викендот кога дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе достигне до 40°C.