Македонија
Осетно зголемен обемот на трговска размена
Вкупната вредност на обемот на надворешно-трговската размена на Македонија во период јануари-јули достигна 7,08 милијарди долари, што е 900 милиони долари повеќе во спроедба со истиот период лани.
Според податоци на Државниот завод за статистика објавени во четвртокот, вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија во наведениот период изнесува 2,83 милијарди долари, што е за околу 430 милиони долари повеќе во однос на истиот период лани.
Истовремено увозот досигнал 4,25 милијарди долари, што е за 480 милиони долари повеќе од лани.
Трговскиот дефицит, во периодот јануари – јули 2014 година, изнесува 1,41 милијарди долари, што е за околу 48 милионо долари повеќе од лани.
Покриеноста на увозот со извоз е 66,7 отсто, додека во еприод јануари-јули 2013 година покриеноста изнесувала 63,8 отсто.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, сетови на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, производите од железо и челик (валани производи) и облеката.
Во увозот најмногу се застапени суровата нафта, платина и легурите на платина, необработени или во прав, електричната енергија и други метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.
Според вкупниот обем на надворешно- трговската размена, Република Македонија најмногу тргува со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Италија (52.5% од вкупната надворешно-трговска размена се врши со овие пет земји). /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Фустани со џебови“ на Халкбанк избрана од AmCham за една од најдобрите општествено одговорни практики
Платформата „Фустани со џебови“ на Халкбанк АД Скопје, со која се дава поддршка на женското претприемништво, е избрана за една од најдобрите општествено одговорни практики од страна на Американската стопанска комора (AmCham) во рамките на проектот Partnership 4 Giving. Плаформата на Халкбанк е еден од петте проекти, кои добија посебно признание од комората за квалитетна и успешна општествно одговорна практика.
Халкбанк АД Скопје веќе една ипол година гради успешна приказна за поддршка на женското претприемништво, промовирајќи ја истовремено својата заложба за рамноправност и финансиска слобода на жените. Преку креираниот „Пакет за жени“ што е дизајниран да одговори на различните потреби на микро, малите и средните претпријатија каде сопственици или менаџери се жени, банката веќе им овозможи успешен бизнис на голем број клиентки во земјата.
Преку платформата, Халкбанк реализира и низа настани, кампањи и поддршки. Почнувајќи од хуманитарните акции поврзани со продажба на „Фустаните со џебови“, преку пласирање на кампањи за финансирање на женските бизниси, па се до организирање и давање поддршка на низата настани наменети за вмрежување и овозможување на меѓусебна поддршка на жените, Халкбанк заедно со својот партнер Мастеркард, ја подигнаа на повисоко ниво свеста и перцепцијата за финансиската моќ и слободата на жените во земјата.
Проектот Partnership 4 Giving, кој AmCham го имплементира во рамките на USAID програмата, има за цел покренување колективна акција која ќе обезбеди позитивен ефект и ќе развие одржливи перспективи за корпоративна филантропија промовирајќи ги позитивните приказни на компаниите кои служат како пример за бизнис заедницата на полето на корпоративна одговорност.
(ПР)
Економија
Македонските вина се продаваат во 40 држави во светот, Владата најавува зголемено производство и извоз
Македонија денес се претставува на „Винскa визија на Отворен Балкан“ во Белград.
Оваа година 80 винарски визби се претставуваат на овој саем од кои што 68 се мали семејни винарии и 12 винарски визби кои што се дел од здружението „Wines of Macedonia“, а за првпат имаме и изложувачи на квалитетна македонска традиционална храна.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, рече дека ова е одлична можност македонските квалитетни вина да бидат промовирани на саемот.
Тој посочи дека е зголемена продажбата на македонското вино надвор од границите на државата.
„Република Македонија е на 22 место во светот по производство на вино, а се наоѓа на 29-то место по извоз на вино во светот“, заклучи министерот.
Трипуновски додаде дека Владата има за цел да се зголеми производството на вино во државата со што ќе се зголеми и извозот на истото во светот. Девизен прилив од извоз на вино за 2023-та година изнесуваше над 57 милиони евра.
„Нашите вина се продаваат во преку 40 држави во светот. А, најголем дел се пласира овде во регионот, односно на Балканот“, истакна тој.
„Како Влада продолжуваме посветено да работиме во делот на секторот винарство бидејќи е втора најзначајна гранка во Република Македонија по извоз и девизен прилив“, нагласи министерот Трипуновски.
Економија
Грин Машинс на БРАКО на клучен европски саем за зелена и циркуларна економија во Италија
Електричните и водородните возила на Грин Машинс на БРАКО учествуваа на еден од најзначајните европски настани, ECOMONDO во Римини, Италија, кој претставува еден од најзначајните саеми и конференции во Европа, и кој ги обединува и системизира клучните елементи кои ги дефинираат развојните стратегии на политиката за животна средина на Европската унија.
На овогодинешниот настан, Грин Машис го претстави 500H2, најсовремен чистач на улици со погон на водород, заедно со целосно електричните 500ze и 400ze.
Дилерот на Грин Машинс во Италија, Грин Форсес, известува за голема заинтересираност за македонските возила не само на саемот, туку и на италијанскиот пазар воопшто, во конкуренција со производители на возила за чистење од Европа, САД и други делови на светот.
Македонските возила имаат предност на светскиот пазар поради нивниот квалитет, ефикасност и современ дизајн, како и различите модели, кои се достапни на електричен, хидрогенски и класичен погон.
(ПР)