Свет
Нигериската полиција спречи терористички напад во северниот дел
Безбедносните служби на Нигерија во понеделникот спречија терористички напад кој требало да биде извршен со автомобил-бомба врз зграда на владина агенција во градот Кадуна во северниот дел на земјата, јавува Reuters повикувајќи се на гувернерот на истоимената држава Рубен Бухари.
Безбедносните служби на Нигерија во понеделникот спречија терористички напад кој требало да биде извршен со автомобил-бомба врз зграда на владина агенција во градот Кадуна во северниот дел на земјата, јавува Reuters повикувајќи се на гувернерот на истоимената држава Рубен Бухари.Атентторот бил ранет во двете нозе додека се обидувал да избега. Во моментов, тој се наоѓа во притвор, рекол за генцијата Бухари.Според еден од војниците, кој бил очевидец на инцидентот, возачот на автомобилот бил државен службеник.Во јануари годинава во градот Кано во северниот дел на Нигерија, беа изведени четири бомбашки напади во близина на полициски станици во кои загинаа 178 лица. Одговорноста за тоа ја презема радикалната исламистичка група Боко Харам. По овие напади, нигериските власти уапсија 200 лица осомничени дека учествувале во нив.Претходно во Нигерија имаше серија напади околу католички Божик во кои беа убиен 49 христијани, а за што се обвинуваат припадниците на Боко Харам.Бунтот на исламистичкото движење Боко Харам, главно досега беше ограничен на нигериската сојузна држава Борно на крајниот североисток од земјата, но од годинава се прошири кон северот на Нигерија и во главниот град Абуџа.Бранот насилство ја зафати Нигерија од мај 2011 година кога на претседателските избори победи христијанинот Гудлак Џонатан кој доаѓа од западниот дел од земјата. Претседателот Џонатан, кој има целосна поддршка на југот, но освои и милиони гласови на северот, вети формирање влада која ќе ги вклучи сите политички, етнички и религиозни групи и која ќе се обиде да ги смири недоразбирањата и тензиите. Изборите коишто се одржаа на 16-ти април 2011 година се случија низа протести и безредија во кои животите ги загубија повеќе од 800 луѓе.Во сојузната нигериска држава Баучи, во една од 12 провинции во северна Нигерија со мнозинско муслиманско население, од пред десет години почна да спроведува шеријатско право, што предизвика судири меѓи муслиманите и припадниците на локалното христијанско малцинство, и оттогаш во судирите се убиени повеќе од илјада лица. Боко Харам е бара воведување на шеријатот (исламскиот закон) во Нигерија и искоренување на западниот секуларна модел на образование. Нејзините борци беа вклучени во неколку терористички напади во 2011 година, вклучително и против седиштето на Обединетите нации во главниот град Абуџа.Според Меѓународната кризна група чие седиште е во Брисел, во етничките и верските конфликти во Нигерија во периодот меѓу 1999 и 2009 година загинале повеќе до 14 илјади луѓе.Во јануари 2011 година во четиридневните насилства, според официјалните податоци, биле убиени 326 луѓе во Хос, кој е главен град на нигериската сојузна држава Платеа, која се наоѓа меѓу муслиманскиот север и христијанскиот југ.Во март 2011 година, во централниот дел на Нигерија, имаше крвави секташки судири во кои загинаа најмалку 500 луѓе. Тогаш судирите се случија во близината на градот Џос. Причината за трагедијата беше расправија меѓу локалните христијани и муслимани. Жртви на слични судири имаше и во средината на јануари 2010 година кога загинаа најмалку 326 луѓе.Големи судири меѓу ривалските етнички и религиозни групи во Џос се случија и кон крајот на ноември 2008 година. Тогаш загинаа 381 луѓе во градот а во бранот масакри беа запалени околу стотина куќи, како и цркви и џамии.Гудлaк Џонатан доаѓа од јужниот нафтоносен дел на земјата населен претежно со христијани. Според податоците од државната изборна комисија тој доби 57 отсто од гласовите и на тој начин ја задржа претседателската функција уште по првиот круг од изборите. Неговиот главен противкандидат Бухари, кој доаѓа од северниот муслимански дел на Нигерија освои 31 отсто од гласовите.Нигерија е најголемиот производител на нафта во Африка, и извезува околу 2,2 милиони барели нафта дневно. Меѓутоа, нафтената индустрија во земјата трпи загуби поради честите напади што ги изведуваат борците на Движењето за ослободување на делтата на Нигер и други вооружени групи, врз објекти на „Chevron“, „Shel“ и други нафтени компании.Судири меѓу муслиманските милитанти и нигериската војска се разгоруваат повремено во регионите Борно, Потискум и Јоба. Спорадични пресметки има и во провинцијата Вудилу, на околу 20 километри од Кано, најголем град во северниот дел од Нигерија, како и во Баучи, во една од 12 провинции во северна Нигерија со мнозинско муслиманско население. Таму пред девет години почна да спроведува шеријатско право, што предизвика судири меѓи муслиманите и припадниците на локалното христијанско малцинство, и оттогаш во судирите се убиени повеќе од илјада лица.Нигерија е составена од вкупно 36 држави и има население од околу 160 милиони, кои речиси по половина се христијани на југот и муслимани на северот, но милиони од нив живеат и на север и на југ./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Меланија Трамп денес ќе претседава со состанокот на Советот за безбедност на ОН
Првата дама на САД, Меланија Трамп, ќе претседава со состанокот на Советот за безбедност на ОН во Њујорк.
Состанокот на најмоќното тело на ОН е закажан да започне во 15 часот по локално време и ќе биде посветен на децата, технологијата и образованието во конфликтни услови, според соопштението на Белата куќа.
Портпаролот на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, го нарече потегот „знак за важноста што САД ја придаваат на Советот за безбедност и на ова прашање“.
Меланија Трамп ќе биде првата сопруга на американски претседател што претседава со таков состанок. САД го преземаат ротирачкото претседателство со најважното тело на ОН во март, што вклучува претседавање со состаноци. Состаноците на телото од 15 члена вообичаено ги водат амбасадорите на ОН или владини претставници.
Претседавањето доаѓа во услови на затегнати односи меѓу администрацијата на претседателот Доналд Трамп и Обединетите нации.
Записите на ОН сугерираат дека САД ѝ должат на организацијата милијарди долари.
Во исто време, Трамп постојано ја критикуваше како „неефикасна“, ги повлече САД од неколку институции на ОН и меѓународни договори и неодамна ги откри своите сопствени иницијативи како што е Советот за мир.
фото/ Depositphotos
Свет
(Видео) Чад се издига над амбасадата на САД во Кувајт
Чад се издига над амбасадата на САД во Кувајт утрово, изјавија очевидци, а голем број безбедносни сили, амбулантни возила и противпожарни возила се во областа околу амбасадата.
Амбасадата издаде предупредување, велејќи дека постои постојана закана од ракети и беспилотни летала над Кувајт и ги советуваше луѓето да не доаѓаат во амбасадата.
На американските граѓани им е кажано да останат дома и да бидат внимателни поради потенцијални напади.
Воздушната одбрана пресретна неколку „непријателски беспилотни летала“ кои се приближуваа кон земјата по море, според агенцијата за цивилна одбрана КУНА.
Нема пријавени повредени, а агенцијата соопшти дека безбедносната ситуација останува „стабилна“.
Smoke was seen rising from the U.S. Embassy compound in Kuwait after Iran launched strikes targeting American positions in the Gulf, marking a sharp escalation in regional tensions.
📹: PTI pic.twitter.com/zrTinHjNuU
— The Hindu (@the_hindu) March 2, 2026
Напади во регионот по атентатот врз Хамнеи
Кувајт, како и другите земји од Персискиот Залив, се соочуват со напади по атентатот врз врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи. Меѓу целите во регионот се американските воени објекти.
Како одмазда за воздушните напади на САД и Израел, Иран нападна и локации во Обединетите Арапски Емирати, Катар и Бахреин.
Револуционерната гарда на Иран денеска објави дека лансирала ракети врз израелските градови Тел Авив и Хаифа, како и Источен Ерусалим.
„Меѓу целите на овој десетти напад беа владиниот комплекс на ционистичкиот (израелски) режим во Тел Авив, напади врз воени и безбедносни центри во Хаифа и напад врз Источен Ерусалим, област окупирана и анектирана од Израел“, соопшти идеолошката армија на Иран во соопштение емитувано на државната телевизија.
САД објавија дека досега тројца американски војници се убиени во американската операција против Иран, а Кувајт објави дека неколку американски борбени авиони се урнаа во таа земја, но екипажите преживеаја.
Свет
(Видео) Нападнат еден од најголемите нафтени центри во Саудиска Арабија
Според првичните извештаи, Иран започна напади врз нафтени постројки во Саудиска Арабија. Беспилотните летала „Шахед“ го нападнаа објектот „Арамко“ во Рас Танура, локација која се смета за еден од најголемите нафтени центри во светот.
Набргу потоа, рафинеријата за нафта „Сауди Арамко“ ги прекина операциите, објави „Скај њуз Арабија“.
BREAKING: Sky News Arabia claims Saudi Aramco’s Ras Tanura refinery was shut down following a drone attack. pic.twitter.com/YGXRzfhQms
— Clash Report (@clashreport) March 2, 2026
Работниците во постројките на „Арамко“ ги напуштаат постројките по извештаите за ирански напади.
Workers at Aramco facilities in Saudi Arabia are evacuating following reported Iranian strikes. pic.twitter.com/903atwsLZX
— Clash Report (@clashreport) March 2, 2026
Рас Танура е еден од најважните енергетски центри во светот – се наоѓа на источниот брег на Саудиска Арабија и служи како главен терминал за извоз на сурова нафта. Овој објект вклучува еден од најголемите нафтени терминали и рафинериски комплекси на планетата, со огромен капацитет за преработка и транспорт на нафта со танкери до Азија, Европа и САД, и долго време е клучна алка во глобалните енергетски текови.
BREAKING: Sky News Arabia claims Saudi Aramco’s Ras Tanura refinery was shut down following a drone attack. pic.twitter.com/YGXRzfhQms
— Clash Report (@clashreport) March 2, 2026
Поради неговата стратешка улога во снабдувањето со сурова нафта и рафинирани производи, секое нарушување на работењето во Рас Танура би можело да има сериозни последици за глобалниот пазар.
фото/ЕПА

