Свет
Немири во главниот град на Тунис
Доцна вечерва избувнале судири во едно предградие на Тунис, изјавиле неколку сведоци за Ројтерс, што е првпат главниот град на земјата да го зафати бран на насилство, во кое досега, како што информираат властите, загинале 23 цивили.Сведоците за Ројтерс во телефонски разговор изјавиле дека стотина млади лица ги кршат излозите и ги ограбуваат продавниците и дека запалиле една банка, а дека полицијата ги растерува со палки.Според податоците на меѓународната организација „Хјуман рајтс воч“, бројката на загинати може да се искачи и на повеќе од 50 лица, повикувајќи се на податоците од медицинскиот персонал во регионалната болница во градот Касерин.Протестите во Тунис избувнаа поради големата стапка на невработеност во земјата и се едни од најсериозните во последните неколку децении. Од Унијата на работници за BBC изјавиле дека полицијата ги предупредувала граѓаните да не се собираат во поголеми групи, дури да нема ни по двајца што ќе се движат заедно. Тие додале дека во земјата има очен недостиг од храна и нафта за греење.Претседателот на владата Зине ал Абидине Бен Али ја одбранил владината програма непосредно пред протестите и ветил дека ќе се отворат повеќе работни места. Тој рекол дека екстремистичкото малцинство кое ги прави нередите во државата е погрешна опција за младите, осудувајќи ги бандите кои ги поттикнуваат немирите.Вчера туниската влада нареди да се затворат училиштата и универзитетите се додека траат демонстрациите./крај/ро/BBC/бч
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Четворица тинејџери под истрага за нападот на германскиот пратеник во Европскиот парламент Матијас Еке
Четворица германски тинејџери се под истрага за нападот врз германскиот пратеник во Европскиот парламент (ЕП) Матијас Еке, кога беше тешко повреден и му беше потребна операција, соопшти полицијата.
Полицијата соопшти дека 17-годишникот дошол во полициската станица во саботата и рекол дека бил вклучен во нападот врз Еке, а полицијата идентификувала уште тројца напаѓачи во неделата, откако ги пребарала нивните домови и собрала докази, објави Ројтерс.
Сите четворица се германски државјани на возраст од 17 до 18 години.
Регион
300 милиони луѓе го гледале интервјуто на Вучиќ за кинеската телевизија
300 милиони луѓе го гледале интервјуто на српскиот претседател Александар Вучиќ за кинески CCTV.
Вучиќ во интервјуто посочи дека Србија може и треба да научи, како што наведе, „илјада работи од своите кинески пријатели“.
– Правиме големи подготовки за ЕКСПО. Кога управувате со земја имате високи цели. Секогаш мора да ги ставате новите цели на прво место. Ако сакаме да го постигнеме тоа, најдобар можен партнер за тоа отсекогаш била, и секогаш ќе биде, Народна Република Кина. Тука е и претседателот Кси, бидејќи тој секогаш го држи зборот. Го гледам како обичен, скромен човек, кога ќе вети нешто, го исполнува. Не можам да ви кажам дали имаме големи работи во железничкиот сектор, целокупната инфраструктура или индустрискиот сектор, економијата, туризмот, културата, но секако има илјадници работи што можеме и мораме да ги научиме од нашите кинески пријатели – рече Вучиќ во интервјуто за кинеската телевизија.
Свет
Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда во Турција
Едно лице е тешко повредено во експлозија во станбена зграда во турскиот град Текирдаг, во северозападна Турција.
Засега не е познато што ја предизвикало експлозијата во станот на последниот кат од петкатницата, а како што неофицијално дознава телевизијата ТРТ, најверојатно е дека експлодирала плинска боца.
Од силината на експлозијата оштетени се ѕидовите во станот, а искршени се прозорците.