Македонија
Транпсаренси: Недостиг од политичка волја за борба против корупцијата
Недостиг од политичка волја ја попречува борбата против корупцијата во Македонија, Албанија, Косово и Турција, покажува најновиот извештај на Транспаренси Интернешнал.
Недостиг од политичка волја ја попречува борбата против корупцијата во Македонија, Албанија, Косово и Турција, покажува најновиот извештај на Транспаренси Интернешнал. Во извештајот кој е објавен денеска стои дека овие земји мора да сторат многу повеќе во делот во кој ќе се гарантира ефикасна имплементација на антикорупциските закони. Транспаренси Интернешнал смета дека овие земји треба да изградат капацитет и да го подобрат управувањето во клучните институции.„Постои потреба за посилна политичка волја за справување со проблемот на корупцијата во овие земји“, изјави Јана Митермаер, раководител на Канцеларијата за врски на Транспаренси Интернешнал во Европската унија. Процесот на пристапување на овие земји кон ЕУ бара да бидат исполнети одредени финансиски, социјални, економски и политички стандарди. Ова вклучува напредок во областа на антикорупцијата и доброто владеење, која се покажа како камен на сопнување за кандидатите и потенцијалните земји кандидати, стои во извештајот на Транспаренси Интернешнал. Наодите покажуваат дека и покрај законската регулатива, спроведувањето на антикорупциските закони недостасува во сите четири земји. Според Транспаренси Интернешнал нискиот капацитет и слабото управување во судството, законодавната власт и јавната администрација се клучни што законите не се применуваат во практика. Во делот за Македонија во извештајот на Транспаренси стои дека постојат одредени проблеми, како инволвираност на политиката околу разрешувањето на судиите, именување и отстранување на јавните службеници, пристапот до информации и спроведувањето на постапките за јавни набавки. Во извештајот се препорачува Собранието да ја зајакне способноста за следење на ревизорските извештаи. крај/ти/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Магла во околината на Демир Капија, умерен интензитет на сообраќај на патните правци
Појава на магла и намалена видливост до 60 метри во околината на Демир Капија, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
(Видео) Филипче го соопшти новото раководство на партијата: СДСМ има нов тим, нова сила – нова енергија!
Претседателот на Социјалдемократкиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, по завршувањето на вчерашната седницата на Централниот одбор на СДСМ го соопшти новото раководство на партијата. На прес-конференцијата, Филипче посочи дека новиот тим влегува во храбра и многу одлучна борба со „ненародната, корумпирана и криминогена власт на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН“.
Во продолжение е интегралната изјава на Филипче:
„На седницата на Централниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија се избра новото раководство. Нови партиски потпретседатели се доктор Александар Трајановски и пратеничката Јована Тренчевска. Членови на Извршниот одбор се луѓе коишто се еден дел искусни, еден дел млади, одлична спојка. Искусните ќе го пренесат своето знаење и искуство на помладите. Секретарските позиции ги задржаа актуелниот генерален секретар и еден од досегашните организациските секретари. Ова е тим кој влегува во храбра и многу одлучна борба со оваа ненародна и криминогена и корумпирана власт на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН. И не сме сами, на денешниот состанок се продискутираа многу аспекти, ја шириме нашата платформа, повикуваме многу граѓански организации, независни поединци, интелектуалци. Го формиравме и Советот на партијата кој ќе има улога да привлекува слободоумни луѓе коишто ги делат нашите вредносни политики, поради тоа што нашиот фронт којшто го објавуваме вечерва постепено и сигурно ќе расте, затоа што ние се подготвуваме власта да ја вратиме во рацете на граѓаните. Во рамките на тимот еден од најновите делови на целокупниот тим е Антикорупцискиот тим, составен од млади луѓе, истражувачи, но искусни луѓе коишто ги консултираме за активностите, кои се занимаваат со разоткривање на корумпираните шеми на актуелната власт. И вечерва цврсто и одлучно кажуваме, дека ние сме тие коишто ќе стават крај на политиката на изолација на државата од Европа. Ние сме тие коишто ќе ставиме крај на корупцијата и криминалот на оваа власт. Ние сме тие коишто ќе ставиме крај на предавството на безбедноста и националните интереси на нашата земја преку проектот мигранти за пари. Ние ја враќаме власта во рацете на граѓаните“.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.

