Свет
Во Рио горат магацини со карневалски костими

Работилници и магацини во кои се изработуваат и се чуваат костими и сценографиии за најпознатиот карневал во светот, горат во Рио Де Жанеиро, јави бразилската телевизија „Globo“.Пожарот избувнал после 10 часот по македонско време, односно во 7 часот изутрина по локално време, а на местото на инцидентот со огнената стихија се борат 15 противпожарни бригади. Засега нема информации за жртви или повредени. Карневалот се одржува во март секоја година во Рио Де Жанеиро, и тогаш бразилската метропола е најпосетено место за одмор во светот. Карневалот во Рио славата ја стекна по неуморното темпераментното танцување на бразилските убавици и живописните сценографии и костими на групите танчери кои се натпреваруваат дефилирајќи по прочуениот Самбадром. Годинава карневалот ќе се одржи од 5 до 8 март./крај/ро/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Земјотрес на Крит

Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска, четврток, 20 март 2025 година во 18 часот и 27 минути на подрачјето на Крит, Грција.
Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот бил лоциран во област со географски координати од географска ширина 35,56 и географска должина 24,64.
Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 35 километри под површината на земјата.
Свет
(Видео) Пукање во болница во САД, напаѓачот е во бегство

Американската полиција соопшти дека имало пукање во болница во државата Мичиген.
Се уште се трага по напаѓачот, пренесуваат светските агенции.
Полициската управа го потврди пукањето во болницата Corewell Health Beaumont Troy во објава на социјалната мрежа X.
🚨 BREAKING: A massive police response is happening near Corewell Health Beaumont Hospital in Troy, Michigan, after police confirmed an active shooting. SHOOTER NOT IN CUSTODY. pic.twitter.com/gHuihpoXsa
— Ready Breaking (@Ready_Breaking) March 20, 2025
„Се чини дека ова е изолиран инцидент, но осомничениот не е уапсен“, се вели во соопштението на полицијата.
Болницата соопшти дека најмалку едно лице е повредено, додека официјалните лица побараа од јавноста да ја избегне областа.
Училиштата во градот се заклучени, но наставата се уште се одржува.
Се уште не се познати детали за тоа што го предизвикало инцидентот и дали има повредени или жртви.
Свет
Захарова: ЕУ има намера да ги наруши руско-американските преговори за Украина

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова денеска изјави дека одредбите од новата одбранбена стратегија на ЕУ за помош на Украина укажуваат на намерата на Европа да ги наруши руско-американските преговори за Украина.
„Сето ова јасно го покажува непроменливиот курс на раководството на Европската унија и на мнозинството нејзини членки во насока на поткопување на руско-американските напори за изградба на дијалог за изнаоѓање начин за мирно решавање на украинскиот конфликт“, рече Захарова на брифингот, пренесува РИА Новости.
Според неа, во тек се подготовки за средби меѓу Русија и САД за Украина, вклучително и договор за датумот на средбата и составот на делегациите.
Коментирајќи ја најавата на Пентагон за продолжување на испораката на воена помош за Киев, Захарова оцени дека испораката на американско оружје за Украина е во спротивност со изјавите на Вашингтон за неговата намера да постигне дипломатско решение за украинската криза.
„Оние кои сакаат да постигнат мир во Украина, природно ќе се залагаат за што поскоро прекинување на милитаризацијата на терористичката банда претставена од властите во Киев“, истакна портпаролката на руското министерство и предупреди дека испораката на оружје за Украина „го попречува решението и директно ги вклучува земјите од НАТО во конфликтот, нагласувајќи дека тие „си играат со оган“, пренесува Танјуг.