Македонија
МВР: Полицијата спречи поголем инцидент
„Министерството за внатрешни работи ги осудува вчерашните инциденти на плоштадот ’Македонија’ и апелира Бранко Црвенковски да не ги злоупотребува“
„Министерството за внатрешни работи ги осудува вчерашните инциденти на плоштадот ’Македонија’ и апелира Бранко Црвенковски да не ги злоупотребува политички во предизборни цели“
„Со правовремената интервенција на полиција вчера беше спречен поголем инцидент и досега нема пријави за посериозно повредени граѓани. Подеднакво важно е дека нема ниту пријави за тортура или прекумерна употреба на сила од страна на полицијата“, се наведува во соопштението на МВР.
Полицијата денеска повикала лица за кои постојат индиции дека учествувале во пријавениот физички напад.
МВР истакнува дека орагнизаторот требало да најави постестот најмлаку 48 часа пред неговото одржување, а не на помалку од 24 часа „со што намерно или не, значително го скусил времето за подготовка од страна на полицијата“.
„Не можеме, а да не изразиме зачуденост дека за ’неодговорен однос на МВР’ обвинува човекот, кој во десетици наврати го деградираше трудот на полицијата, амнестирајќи криминал тежок десетици милиони евра и пуштајќи на слобода насилници кои се во роднинска врска со негови блиски соработници или лица кои малтретираа и тепаа за време на избори“, се наведува во реакцијата./крај/с/ил.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Најладно во Крушево, најмногу снег на Попова Шапка
Најладно утрово било во Крушево каде што се измерени -3 степени, 0 степени биле измерени во Битола и Берово, 1 во Крива Паланка, Охрид и Прилеп, 2 во Тетово, Дебар и Претор, 3 во Скопје-Петровец и Штип, 4 во Куманово и Демир Капија, 6 во Струмица и Гевгелија.
Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 07 часот (во l/m2)
8 Тетово, 7 Демир Капија, 6 Скопје-Петровец, Битола, 4 Крива Паланка, Прилеп, Дебар, Крушево, 3 Претор, 1 Берово.
Висина на снежна покривка во 𝟢𝟩 часот (во сᴍ)
68 Попова Шапка, 60 Маврови Анови, 25 Крушево, 7 Тетово, 4 Гостивар.
Времето во текот на ноќта и изутринава
Облачно со повремен локален дожд, на планините повремен снег. Дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Времето денеска
Променливо облачно и студено со повремен локален дожд и снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, наместа со брзина над 60 km/h. Максималната температура ќе достигне од 2 до 8 степени.
Во Скопје облачно и студено со повремени врнежи од дожд, а во повисоките делови од котлината со повремен снег. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.
Македонија
Забранет сообраќај за тешки товарни возила на Ѓавато и на патниот правец Тетово – Попова Шапка
Од 07:00 часот се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на планинскиот премин Ѓавато.
Активна забрана за сообраќај на тешки товарни возила има на патниот правец Тетово – Попова Шапка.
Во 06:00 часот на патениот правец Гостивар-Маврово-Дебар и обратно, се укинува забраната за движење на ТМВ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонија Пат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без струја делови од Сарај и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваaт дека денеска ( Четврток ) без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.30 часот, корисниците на дел од Сарај и стопански објекти на: Адем Иљаз, Ислам Абази, Млекара Глумово, Драче Сарај, Бензиска Пумпа Сарај. (општина Сарај);
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците на дел од ул. Дрма-Идризово.(општина Гази Баба);
– во периодот од 10.30 до 13.00 часот, корисниците на дел од Сарај и село Грчец. (општина Сарај).