Свет
Убиен агент на ЦИА што учествувал во бомбардирањето на Србија

Бивш агент на ЦИА, кој учествувал во бомбардирањето на Србија во 1999. година, на 22. март бил пронајден мртов во близина на својата куќа
Бивш агент на ЦИА, кој учествувал во бомбардирањето на Србија во 1999. година, на 22. март бил пронајден мртов во близина на својата куќа во сојузната држава Вирџинија.
Вилијам Бенет работел за Агенцијата неколку години, а договорот му истекол во 2000. година.
Како што пренесуваат американските медиуми, Бенет учествувал во бомбардирањето на НАТО на кинеската амбасада во Белград, на 7. мај 1999. година.
Во тој напад загинаа тројца Кинези, а грешката во бомбардирањето била правдана со старата мапа, која амбасадата ја покажувала на поранешната локација.
Засега не е познато нивото на кое Бенет бил вмешан во бомбардирањето на кинеската амбасада и дали тоа може да се доведе во врска со неговото убиство.
Случајот со убиството на агентот на ЦИА го истражува и ФБИ, а за бруталниот напад се сомничат локалните латино-американски банди. /крај/ин/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Мексико го тужи Гугл за промена на името на Заливот во Американски Залив

Мексико го тужи интернет гигантот Гугл поради промената од Мексиканскиот Залив во Американскиот Залив на неговата услуга „Мапи“, изјави вчера мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум.
Претседателката го објави ова за време на нејзината дневна прес-конференција, но не сподели многу детали за тужбата. Гугл сè уште не го коментираше случајот.
Во февруари, Гугл го промени името на Мексиканскиот Залив во Американски за американските корисници на својата услуга „Мапс“ откако американската влада еднострано го преименуваше водно тело. Корисниците надвор од САД ќе ги видат обете имиња.
Европа
Илјадници протестираа во Словачка. „Фицо го помина Денот на победата со воен злосторник“

Неколку илјади демонстранти вчера излегоа на улиците на словачкиот главен град Братислава и други градови за да протестираат против посетата на премиерот Роберт Фицо на Москва.
Фицо присуствуваше на годишната руска воена парада по повод победата на Советскиот Сојуз над нацистичка Германија. Додека поголемиот дел од Европа ја одбележа годишнината завчера, Русија секогаш ја одржува својата парада на победата на 9 мај. Фицо беше единствениот лидер на земја-членка на Европската Унија што присуствуваше на настанот и беше критикуван за неговиот проруски став.
Најголемиот протест се одржа во Братислава. „9 мај е Ден на Европа, но не за секого. Роберт Фицо ќе го помине со воен злосторник“, објави организаторот на протестот на Фејсбук, алудирајќи на рускиот претседател Владимир Путин.
Шефицата на ЕУ, Каја Калас, исто така, остро го критикуваше патувањето на Фицо во Москва. „Секој што ја поддржува слободата, независноста и европските вредности треба да биде денес во Украина, а не во Москва. Фицо е на погрешната страна“, рече таа.
Словачкиот премиер го бранеше своето патување во пораки на Фејсбук до своите поддржувачи. Тој рече дека неговото патување е за да им оддаде почит на оние што загинаа за ослободувањето на Словачка од нацистичката власт.
Свет
Индија и Пакистан воспоставија први контакти по новата ескалација

Индија и Пакистан ги воспоставија своите први контакти од почетокот на кризата и разменија пораки, објавија светските агенции во саботата, а пакистанскиот министер за надворешни работи Ишак Дар изјави дека Пакистан ќе разгледа мир доколку Индија ги прекине воените дејствија.
Тој во саботата за „Гео њуз“ изјави дека му рекол на американскиот државен секретар Марко Рубио дека „топката е во дворот на Индија“, објави агенцијата ДПА.
„Војната не е наш приоритет и ние навистина сакаме мир, но без хегемонија на која било земја“, рече Дар, кој е и заменик-премиер на земјата.
Дар рече дека неговите разговори со светските лидери, вклучувајќи ги Рубио и саудискиот министер за надворешни работи во саботата наутро, биле „позитивни“ и дека се надева оти разговорите со Индија би можеле да започнат.
На прашањето за контактот меѓу армиите на двете земји по последната рунда напади, Дар рече дека „биле разменети пораки од двете страни“.
Ројтерс, повикувајќи се на индиски медиуми, објави дека индиски и пакистански претставници разговарале во саботата.
Ситуацијата се влоши во саботата откако Пакистан започна напад врз соседната земја во кој тврдеше дека уништил индиски систем за воздушна одбрана со хиперсонични ракети.
Нападот се случи откако Пакистан објави дека Индија испалила ракети врз неколку воени бази.