Свет
Брачната двојка Обама лани заработила 1,8 милиони долари

Американскиот претседател Барак Обама и неговата сопруга Мишел , минатата година заработиле 1,8 милиони долари, најмногу од продажбата на книгите на претседателот, објави Белата куќа.
Американскиот претседател Барак Обама и неговата сопруга Мишел , минатата година заработиле 1,8 милиони долари, најмногу од продажбата на книгите на претседателот, објави Белата куќа.
Ваквата заработка има голем пад во однос на претходната година, американската двојка пријави 5,5 милиони долари приход, што се припишува на послабата продажба на книги, пишуваат светските медиуми.
Годишната претседателска плата на Обама изнесува 395.000 долари а брачната двојка плати половина милион долари данок и донираше околу 245 илјади долари на разни хуманитарни организации.
Барак Обама досега издаде три книги. Во 1995. година, „Сништата на мојот татко“, во 2006. година „ Смелоста на надежта“ и минатата година , книгата за деца „За тебе пеам : Писмо за моите ќерки“. /крај/см/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Според Украина, нереални се руските барања на средбата во Истанбул – се појавија дилеми дали состанокот е завршен

Во Истанбул денеска се одржуваат првите директни преговори меѓу руската и украинската делегација по повеќе од три години.
Извори од турското Министерство за надворешни работи и Украина потврдиле дека состанокот за завршен по нешто повеќе од еден час, а информацијата беше цитирана од повеќе светски медиуми. Сепак, руската државна агенција „РИА Новости“ објави дека преговорите не се завршени, туку страните во моментов прават пауза, повикувајќи се на неименувани извори.
Средбата се одржува без рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Од украинска страна преговорите ги води министерот за одбрана Рустем Умеров, додека во руската делегација е советникот на Кремљ Владимир Медински. Состанокот го отвори турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, кој го нарече „технички разговори“ кои можат да го отворат патот за средба меѓу лидерите на двете земји.
Иако средбата има симболична тежина, засега нема конкретни случувања.
„Русија постави барања кои се нереални и далеку го надминуваат сето она што е разговарано досега“, изјави по средбата извор од украинската дипломатија.
Според истиот извор, меѓу руските услови за прекин на огнот е и барањето украинските сили да се повлечат од сопствената територија, што Киев веднаш го одбил.
„Имаше и други предлози кои беа неприфатливи од самиот почеток“, додаде изворот.
Претходно денеска, Зеленски од Тирана рече дека светот мора да одговори ако мировните напори на Русија се само театарски, и повика на нови санкции кон Москва.
Свет
Зеленски: Ако преговорите се покажат како театар, светот мора силно да реагира

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека светот треба да воведе нови санкции кон Русија доколку се покаже дека нејзиното учество во директните мировни преговори со Украина е театрално.
Зборувајќи на конференција во Тирана, во време кога во Истанбул се водат првите директни преговори меѓу Украина и Русија по три години, Зеленски повика на поостра меѓународна реакција.
„Светот мора да одговори. Потребна е силна реакција, вклучително и санкции против енергетскиот сектор и банките на Русија. Притисокот мора да продолжи да расте додека не се постигне вистински напредок“, рече Зеленски.
Тој повторно повика на прекин на огнот: „Потребно ни е целосно запирање на убиствата, доволно долго за да ѝ се даде вистинска шанса на дипломатијата“.
Додаде дека Украина инсистира на „целосен, безусловен и искрен прекин на огнот“, кој, како што вели, мора да се случи веднаш за „да се запрат убиствата и да се создаде цврста основа за дипломатијата“.
„Ако руските претставници денес во Истанбул не може ниту да се согласат на тоа, на прекин на огнот… тогаш ќе биде 100 отсто јасно дека Путин сè уште ја поткопува дипломатијата“, рече Зеленски.
Регион
(Видео) Албанскиот премиер ја пречека Мелони на колена

За време на посетата на Албанија, италијанската премиерка Џорџа Мелони разговараше со домаќинот Еди Рама. Средбата меѓу Мелони и Рама ја одбележа и еден необичен детаљ.
Рама, како и на претходните пригоди, клекна пред италијанската премиерка, што ја насмеа италијанската лидерка.
„Не, Еди“, му рече Мелони низ смеа. „Тој го прави тоа за да биде висок колку мене“, додаде таа, а потоа срдечно се прегрнаа.
Рама клекна пред Мелони и во јануари оваа година, при што ѝ го честита роденденот.
Мелони и Рама разговараа за низа теми, вклучувајќи го и мигрантскиот камп, кој беше изграден во Ѓадер, во регионот на Лежа. Таму привремено ќе бидат сместени мигрантите од трети земји, кои се враќаат од Италија, додека не им се проверат документите.
Мелони, говорејќи од Тирана, каде што учествува на состанокот на европската политичка заедница, изјави дека работата таму бргу напредува, што, според нејзините зборови, покажува дека се е на добар пат.
На прашањето дали поминала покрај мигрантскиот центар, таа одговори: „Немав време. Работата продолжува и тоа покажува колку бргу се оди, што потврдува дека, како што ветивме, одиме во добра насока“.
Мелони се осврна и на војната во Украина велејќи дека Европската Унија мора да инсистира на безусловно примирје и на сериозен мировен договор, кој ќе вклучува безбедносни гаранции за Киев.
„Не смееме да бараме алтернативи. Мораме да инсистираме на сериозни мировни договори и безусловен прекин на огнот, со безбедносни гаранции за Украина. Работиме на тоа“, рече Мелони.