Свет
„Црвенокошулашите“ го радикализираат протестот
Илјадници на анти-владини демонстранти во Бангкок најавија дека ќе маршираат на воена база за да го засилат притисокот врз премиерот Абхисит Веџаџива да го распушти парламентот и да распише парламентарни избори
Поддржувачи на поранешниот премиер Таксин Шинаватра кој во моментов со семејството се наоѓа во Црна Гора, и’ дадоа ултиматум на тајландската влада до понеделник напладне да одговори на нивните барања за распишување парламентарни избори или ќе се соочат со уште помасовни демонстрации.
Во протестите кои почнаа минатиот петок, кога стотици илјади демонстранти од руралните средини тргнаа кон тајландската престолнина, засега уечствуваале повеќе од 150 илјади демонстранти, но се најавува дека нивната бројка може значително да се зголеми и во понеделник да предизвика целосно парализирање на Бангкок.
„Ние ќе маршираме до таму, браќа и сестри. Ќе одиме пеш да добиеме одговор лично од Абхисит“, изјави Натавут Саикуа, лидер на демонстрантите, и на Обединетиот фронт за демократија против диктатурата (UDD), додавајќи дека не гледа како власта смета дека се’ уште има легитимитет, покрај толку големиот број луѓе кои демонстрираат.
Странските инвеститори се загрижени од можното насилство, што ќе ги попречи економиските токови во втората по големина економија во Југоисточна Азија.
Аналитичарите сметаат дека Абхисит и неговата коалиција нема да попуштат на притисокот на противниците кои го обвинуваат дека неговата влада е само параван за управувањето на елитите од урбаните средини, ројалистите кои кога протестираат носат жолти кошули и на војската.
Повеќето од демонстрантите во Бангкок дојдоа од сиромашните рурални области, превезувајќи се со камиони, автомобили, па дури и со чамци.
Таксин Шинаватра беше соборен со државен удар во 2006 г. и од тогаш е во бегство. Во отсуство е осуден на две години затвор заради корупција и злоупотреба на функцијата, а по него од тајландските власти е распишана потерница на Интерпол.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп: Секој Евреин што ќе гласа за Мамдани е глупав човек
Американскиот претседател Доналд Трамп ги повика Евреите во Њујорк да не гласаат за кандидатот на левото крило на Демократската партија, Зохран Мамдани, нарекувајќи го „докажан мразител на Евреите“.
„Секој Евреин што ќе гласа за Зохран Мамдани е глупaв човек!“, напиша Трамп на својата платформа Truth Social, обвинувајќи го 34-годишниот кандидат дека „ги мрази Евреите“. Мамдани, муслимански демократски социјалист роден во Уганда, е познат поддржувач на палестинската кауза и застапник на кампањата за бојкот и санкции против Израел.
Во обид да ги смири реакциите, Мамдани во последните месеци јавно се изјаснува против антисемитизмот. Тој води во анкетите со 41 отсто поддршка, пред поранешниот гувернер Ендру Куомо, кој има 34 отсто и ја има поддршката на Трамп.
Трамп претходно се закани дека ќе му ги ускрати федералните средства на Њујорк ако Мамдани победи на изборите за градоначалник.
Свет
Глобалното затоплување ќе ја надмине границата од 1,5 степени, предупредува ОН
Светот нема да го исполни климатскиот цел од ограничување на затоплувањето на 1,5 степени Целзиусови, соопшти Програмата на Обединетите нации за животна средина (UNEP). Според годишниот извештај, поради недоволните мерки за намалување на емисиите на стакленички гасови, глобалната температура во следната деценија ќе ја надмине целта утврдена со Парискиот договор од 2015 година.
UNEP предупредува дека сегашните политики водат кон раст на температурите од 2,3 до 2,5 степени, што ќе биде „тешко да се преобрати“. Иако е постигнат напредок во однос на пред десет години – кога прогнозите укажуваа на пораст до четири степени – емисиите и понатаму растат, бидејќи земјите се потпираат на јаглен, нафта и гас за производство на енергија.
Овие податоци, според агенцијата, дополнително ќе го засилат притисокот пред климатскиот самит COP30, на кој државите ќе разговараат за побрзо финансирање на мерките за ублажување на глобалното затоплување.
Свет
Германија им нуди пари на Авганистанците ако се откажат од доаѓање во земјата
Германската влада им понудила финансиска надомест на Авганистанците кои имаат одобрение за прием во Германија, доколку доброволно се откажат од тоа одобрение за влез во земјата.
Според документот на Германското друштво за меѓународна соработка, понудата се однесува на околу 660 лица кои сега се во Пакистан. Поединци што ќе прифатат, ќе добијат еднократна исплата — 1500 евра во Пакистан и дополнителни 5000 евра како „помош за нов почеток“, но со тоа ќе се откажат од сите идни побарувања кон германската влада.
Министерството за внатрешни работи објаснило дека не може да гарантира навремен завршеток на програмата за прием поради административни пречки и рокови што ги поставила пакистанската влада.
Хуманитарни организации ја осудија понудата, нарекувајќи ја „лоша“ и „недоволна“. Според нив, износот не го покрива ниту дел од трошоците што бегалците веќе ги направиле, а враќањето во Авганистан би значело ризик за нивниот живот под талибанскиот режим.
Во меѓувреме, неколку авганистански семејства што поднеле тужби против германската држава успеале да добијат дозвола за влез и пристигнале во Хановер.

