Македонија
Уапсен Арслан Нуиши, споменуван во атентатот врз Глигоров

Околу 3.30 часот во неделата, во импровизирана чајџилница во село Крушопек е уапсен 44-годишниот Арслан Нуиши од село Грчец, со прекар Бос кој сега употребувал друго име, баран со домашни и меѓународни потерници. Станува збор за личноста која се споменува и за вмешаност во атентат врз Глигоров
Иво Котевски, портпаролот на Министерството за внатрешни работи потврди за www.forum.com.mk дека станува збор за истата личност која се споменуваше во врска со атентатот на поранешниот претседател Киро Глигоров, сега преименуван како Арслан Пода. Но прецизираше дека во тоа време МВР нема поднесено никаква пријава против него.Босанецот Осман Ватреш во 2002 г. во интервју за скопскиот неделник Национал спомненува личност со исто име Арслан Нуиши, во контекстот на група којашто е снимена на видео-касета а која е инволвирана во подготовката и изведувањето на атентатот врз тогашниот претседател Киро Глигоров во октомври 1995 г.Арслан Нуиши е споменуван и како лицето што пред атентатот му го подари наводно блиндираниот „мерцедес“ на Киро Глигоров. Ватреш исто така споменува дека братот на Арслан Нуиши го сменил презимето во Лесковица во времето кога Нуиши бил упасен. Лесковица инаку загина во меистериозна сообраќајна несреќа.
Нуиши е уапсен за киднапирањето на косовскиот бизнисмен од Хрватска
Министерството за вантрешни работи презело во организирана акција при апсењето на лицето барано по меѓуанродни потерници. Во неговото возило била најдена автоматска пушка, две рамки со куршуми, два двогледа, две радиостаници, 28 куршуми, два мобилни телефона, плетени маски „фантомки“, ракавици и други предмети кои се предадени на вештачење во Одделението за крим-техника.Последен пат меѓународна потерница преку Интерпол, по него била распишана на 25 окромври 2006 г. а Централна потерница по Наредба на Основен суд Скопје 1 од 5 јуни минатата година за издржување казна затвор десет години, претходно распишана во јули 2007 г.Нуиши во октомври.2006 г. испеа да и избега на полицијата, кога припадниците на Единицата за специјални задачи во селото Света Петка ослободија косовски бизнисмен со хрватско државјанство Љуљзим Бегај кој живее во Омиш и е соспвтеник на Kosmote Food Company, кој две седмици беше држен во заложништво и за него беше баран откуп од 500 илајди евра.
Нема потврда дали опремата е користена во грабежот на „Прокредит банка“
Покрај грабнувањето уапсениот Нуиши во криминалистичката евиденцијата на Министерството за бнадворешни работи фигурира за голем број други кривични дела за кои во повеќе наврати е осудуван и на казна затвор за што МВР информира со список: Со решение од 07.03.2007 г.- ОС Скопје 1 изречена му е казна затвор во траење од 10 години по член 141 од КЗ на РМ; Со решение од 16.06.1997 год.- ОС Скопје 2 изречена му е казна затвор во траење од три месеца по член 222 од КЗ на РМ; Со решение од 23.10.1990 год.- ОС Скопје 1 изречена му е условна осуда во траење од три месеца по член 239 од КЗ на РМ; Со решение од 30.01.1989 год.- ОС Скопје 1 изречена му е казна затвор во траење од три месеци по чл.239 од КЗ на СРМ;Нуиши има и четири кривични пријави, кои датираат од 1982, 1988, 1995 и 2006 г.Извори од МВР за www.forum.com.mk велат дека се’ уште се испитува во кои криминални дејствија била користена големата опрема најдена кај Нуиши.Исто така, нашите соговорници не можеа да ни дадат одговор на прашањето дали овој арсенал, двогледот и маските, делови од маскирна униформа особено радиостаниците би можеле да бидат употребени во петочниот грабеж на експозитурата на „Поркредит банка“ во центарот на Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сиљановска-Давкова го прими Ристо Дурловски, претседател на организацијата „Обединети Македонци во Канада“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими Ристо Дурловски, претседател на организацијата „Обединети Македонци во Канада“.
На средбата, таа уште еднаш ја потврди својата определба за формирање на Совет за дијаспора, како политички исчекор во соработката меѓу државата и дијаспората. Во Советот, претседателката гледа институционален одговор на потребата од засилена и продлабочена комуникација со нашите иселеници во сите области.
Дурловски истакна дека примарна цел на Организацијата останува да биде промоцијата и заштитата на правата на Македонците во Канада, како и нивната интеграција во канадското демократско општество. За него, македонските корени се силна мотивација за поддршка на македонските национални интереси.
Соговорниците се согласија дека бројната македонска дијаспора може да биде фактор на зајакнување на канадско-македонските политички, економски, културни и други односи.
Македонија
Од утре авионско и терестрично прскање против комарци во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека утре ќе започне авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, а на 16 септември терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци и ларви од комарци, односно:
1. Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива на 12.09.2025 (петок) и на 13.09.2025 (сабота), во раните утрински часови.
2. Терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци и ларви од комарци ќе се одвива од 16.09.2025 (вторник) до 19.06.2025 (петок), во период од 22.00 до 03.00 часот, наредниот ден
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, додаваат од Градот Скопје.
Исто така се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
Македонија
Зголемена фреквенција на возила на Табановце за излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП Табановце за излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу 30 минути.
На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, додаваат од АМСМ.