Македонија
Вевчани:Карневалот никогаш немал намера некого да навреди
Локалниот совет за превенција, на општина Вевчани изразува силен револт и протест против намерата одредени структури и поединци во општина Струга да го инволвираат Вевчанскиот карневал во срамни политички игри со кои се нарушуваат традиционално добрите меѓуверски и меѓуетнички односи во овој крај.
Локалниот совет за превенција, на општина Вевчани изразува силен револт и протест против намерата одредени структури и поединци во општина Струга да го инволвираат Вевчанскиот карневал во срамни политички игри со кои се нарушуваат традиционално добрите меѓуверски и меѓуетнички односи во овој крај.Ова се вели во заклучоците донесени по денешниот состанок во зградата на општина Вевчани, во врска со немилите настани што се случија во изминатиот период, што кулминираа со протестите во Струга ,а на кои како организатори се јавија Исламската верска заедница од Струга и градоначалникот на општина Струга Рамиз Мерко.Локалниот совет во заклучоците потенцира дека оваа манифестација нема намера никого да навредува.„Вевчанскиот карневал кој што постои повеќе од 1.400 години никогаш во својата суштина немал намера да навреди никого. Претставувањето на најразлични маски и содржини од страна на учесниците на карневалот секогаш имале за цел во еден карневалски и слободарски дух низ доза на хумор да се претстават настаните и личностите без притоа да навредат некого. Карневалите како настани по својата природа претставуваат прикажување на една поинаква слика од реалната состојба, впрочем заради тоа секаде во светот карневалите се одржуваат само неколку дена во годината.Од тука, на крајот изразуваме длабоко жалење што одредени поединци и групи не можат или не сакаат да ја разберат природата и суштината на карневалот како културна манифестација“, се вели во заклучоците од состанокот.Понатаму се осудуваат вандалските постапки за сквернавење на црквите во Октиси, Боровец и Лабуништа и обидот за уништување на суверенитетот на Здравствен дом Вевчани.„Апсолутно целосно се неприфатливи овие постапки и обиди за дестабилизација на безбедносната состојба во државата. Заради тоа, упатуваме апел до надлежните органи и институции да ги преземат сите правни чекори за расветлување на овие немили настани“, е ставот на локалната власт во Вевчани.Локалниот совет за превенција на општина Вевчани изрази подготвеност да одговори позитивно на иницијативата од СВР Охрид за организирање на заедничка средба на која би земале учество Градоначалниците на Вевчани, Струга и претставници на СВР Охрид, а се со цел за надминување на настанатата ситуација. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одронот е исчистен, сообраќајот на автопатот Скопје – Велес се одвива нормално
Во 20:38 часот на патниот правец Скопје-Велес, тунел Бадар, одронот е исчистен и сообраќајот се одвива нормално, информира АМСМ.
Претходно, од таму информираа дека сообраќајот се одвива по една лента поради одрон во тунелот.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката за домашен притвор на Груби е на обвинителството со 2 отсто доверба
Правда мора да има и таа мора да биде неселективна и конечна. Одлуката за домашен притвор е на обвинителството. Истото она со 2 посто доверба и за кое СДС се бореше да биде несменето до последниот здив. Сите забелешки може да ги испратат до таа адреса, и до омилените на Венко обвинители, велат од ВМРО-ДПМНЕ, по одлуката на скопското обвинителството да побара замена на мерката притвор со куќен притвор за Артан Груби.
„СДС треба да се договори со себе бидејќи се исклучително недоследни. Изутрина тврдат дека ДУИ одработува за ВМРО-ДПМНЕ, а сега дека е обратно. А всушност СДС се вистински во паника затоа што нивниот криминоген другар Артан Груби може да проговори за сите ортачки криминали на владите на Зоран и Вице, на Венко и Ковачевски, за бизнисите на Зечевиќ. Зошто врхушката на СДС денес заседаваше и “вртеше” телефони интересирајќи се за исказот на Артан Груби во обвинителство. Ова е и причината зошто СДС во случајот со Груби се однесува по логиката иста на онаа: “лопов вели држете го лоповот”. Црната кутија за криминалите на СДС и ДУИ падна. Прашање на време е кога “исплашените” од СДС ќе му прават на судските клупи друштво на Артан Груби“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Куќниот притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, велат од СДСМ
Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, сметаат од СДСМ. Според партијата, затоа судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.
„Дилот ВМРО–ДУИ се спроведува пред очите на јавноста. Прво со договореното враќање и режираното снимање на граничниот премин. Не работеа камерите кога Груби си замина преку граница, слободно, со пасош, иако бил на стоп-листата. Но, за договореното враќање на Груби камери има на секој чекор – од граница, пречек, па сè до Обвинителството и Судот. Потоа следуваше веќе подготвената кампања по медиумите под контрола на Орбан, а сега и одлуките за куќен притвор. Ако некој еднаш избегал од државата, зошто му се одредува куќен притвор?“, прашуваат од СДСМ.
Од таму велат дека ништо не е случајно и останува само да видиме која е цената.
„Пеш преминал преку граница и побегнал. А бил на стоп-листа. Сега, после 14 месеци бегство – се враќа и му се одредува куќен притвор. На кого уште не му е јасно ова сценарио? Ништо не е случајно. Ова е дел од договорот меѓу ДУИ и ВМРО-ОКГ. Останува само да видиме која е цената“, велат од СДСМ.

