Економија
Инвестиции од милијарда евра за изградба на патишта
Првата фаза од тендерот за концесија на патиштата од Коридорот 8 ја поминаа пет конзорциуми, кои ќе учествуваат во постапката за добивање на концесија за изградба, реконструкција, одржување, наплата на патарини и користење на овие патните правци, соопштија од Владата
„Избраните конзорциуми до крајот на месецов ќе бидат поканети да ја подигнат тендерската документација и во првиот квартал од 2011 година да ги достават финансиските понуди за двата пакета на патни правци што се предмет на концесија потоа Владата ќе го направи конечниот избор“, изјави вицепремиерот задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски.Првата фаза ја поминаа израелската компанија Шиком Бинуи заедно со Групо Суарез де Коста од Португалија, Буик Траво во соработка со ДТП Терасмент од Франција и Интертол Јуроп од Унгарија, австриската компанија Штрабах со домашната компанија Гранит, грчката компанија Актори Акто Консешнс и Алпине Бау ГМБХ од Австрија заедно со турската Лимак и Сома Ентерпрајз од Индија.Изборот на конзорциумот ќе зависи од концесискиот надомест што треба државата да го добива, како и од субвенциите кои ќе ги бараа компаниите поради недоволната фреквентност на македонските патишта.Пешевски очекува дека постапката ќе доведе до економски развој на државата односно поврзување на Македонија со патната трансверзала Исток-Запад.Под концесија се даваат два пакета патишта, во првиот пакет патните правци Крива Паланка – Романовце, Кочани – Штип, Миладиновце – Штип, како и патната делница Миладиновце – Штип преку Свети Николе како и Миладиновце – Скопје – Хиподром и обиколницата околу Скопје. Вториот пакет е со должина патните правци Стенковец – Блаце, Гостивар – Ќафасан, Требениште – Охрид, Струга –Подмоље, патната делница Гостивар – Букојчани – Кичево, Кичево – Требениште, Требениште – Охрид, Требениште – Струга, Струга – Ќафасан и Струга – Подмоље како и веќе изградениот автопат Скопје – Тетово – Гостивар.Вкупната должина на проектот е 380 километри пат низ државата кои треба да биде финализиран кон средината на следната година.Патиштата ќе бидат под концесија 35 години,а концесионерите ќе имаат осум години за изградба на патиштата, се очекува изградбата на патиштата концесионерите да ги чини над милијарда евра.„Државата останува сопственик на патиштата и во текот на траењето на концесијата, а концесионерот изградбата и реконструкцијата ќе ги врши во име и за сметка на државата“, изјави министерот за транспорт и врски, Миле Јанакески.Тој рече дека цената на патарините ќе биде одредена според методологија која ја носи Владата,
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

