Македонија
Размена на искуства во борбата против трговија со луѓе со делегација од Таџикистан

Делегација од таџикистан за борба против трговија со луѓе пристигна денеска во Скопје на покана од мисијата на ОБСЕ за да се споделат искуствата во оваа област
За време на тридневната обука, надлежните од државните институции во Таџикистан кои се задолжени за борба против трговијата со луѓе ќе се сретнат со претставници на Министерството за внатрешни работи, Националната комисија за борба со трговијата со луѓе и илегалната миграција. Тие ќе се сретнат и со претставници од Министерството за труд и социјална политика, канцеларијата на јавниот обвинител и локални невладини организации, при што ќе дискутираат за најновите приоди кон борбата со трговијата со луѓе и идентификувањето и помош за жртвите. „Мисијата е задоволна што овозможи размена на искуства и практики во полето на борба против трговијата со луѓе. Овие работилници претставуваат единствена можност за креирање мрежа и регионални реакции на ваквиот вид организиран криминал“, рече Лиза Тилни, шеф на одделението за право при Мисијата во ОБСЕ.Мисијата во Скопје им помага на владините и невладините институции во нивните напори за борба против трговијата со луѓе, при обезбедувањето помош на жртвите со поддршка на Националниот акционен план за борба против трговијата со луѓе и илегалната миграција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода денеска корисниците од улицата Црвена Скопска Општина

Од ЈП Водовод и Канализација добиено е известување дека денеска, поради дефект во шахта (промена на шибер во шахта ф 50 мм) на улицата Кеј Димитар Влахов бр.4, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Црвена Скопска Општина (сите објекти кои се наоѓаат на истоимената улица).
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работата.
Македонија
На Богородица се чека околу 30 минути

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Богородица времето на чекање е околу 30 минути, додека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, наместа нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 32 степена.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди, ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 32 степени.
Времето во наредните денови
Од среда до петок ќе преовладува претежно стабилно време со пораст на дневните температури. Во деновите од викендот повторно ќе има услови за повремени локални врнежи од дожд и ретки грмежи, а дневните температури ќе бидат во опаѓање.