Свет
За командант Бреза се повлекува мерката притвор?
Дали преседанот за Красниќи прераснува во правило кое ќе го опфати и Хамди Бајрамовски?
Дали преседанот за Красниќи прераснува во правило кое ќе го опфати и Хамди Бајрамовски?
Стерјо Зиков: Ако и командант Бреза се појави пред судот, веројатно би имало услови да се повлече мерката притвор против него
БОРИС ГЕОРГИЕВСК
И
За Хамди Бајрамовски, алијас командант Бреза, од скопското село Брест ќе биде применет истиот рецепт како и во случајот со Агим Красниќи доколку и тој се појави пред истражен судија и даде изјава. Ваквата разврска на проблемот со Бреза уште во петокот, во една завиена форма, ја најави премиерот Владо Бучковски, а официјалната потврда викендот пристигна од скопскиот јавен обвинител Стерјо Зиков. †Ако и командант Бреза се појави пред судот, веројатно би имало услови да се повлече мерката притвор против него. Меѓутоа, не станува збор за амнестија, затоа што Обвинителството не може да даде амнестија и не предлага таков актти, изјави Зиков во интервју за Радио Слободна Европа. Ваквата најава е во ист контекст со ставот на премиерот Бучковски, кој отворено порача дека додека е тој на чело на Владата, †нема да избегнува со политички средства да решава и безбедносни прашањааи. Зиков вчера дополнително ни објасни дека неговата изјава не значи и оти мерката притвор би се повлекла автоматски со самото појавување на Бреза пред судот, туку би се зеле предвид сите околности, и потоа би била донесена одлуката.
Сликата на командант Бреза сў уште се наоѓа на Интернет-страницата на МВР, за лица по кои трага полицијата. На неа е наведено дека 24-годишниот Бреза се бара по наредба на Основниот суд Скопје 2 за сторено кривично дело според член 237 од Кривичниот закон, односно разбојништво, и за други кривични дела. Тој веќе разговараше за повлекување на потерниците со мини-делегација од пратеници Албанци во Собранието, а неофицијалните најави говорат дека Бреза преку некои канали испратил сигнали оти е подготвен да се појави во судот и да даде изјава, по примерот на Красниќи.
Разликата меѓу Бреза и Красниќи потоа би била единствено во тоа што полицијата го пронајде оружјето на командантот од Брест, уште пред тој да се појави пред судот, додека во Кондово успеа да влезе откако беше повлечена потерницата по Красниќи, а поголемиот дел од вооружените групи си заминаа на Косово. Премиерот Бучковски во петокот порача дека по †ослободувањетоои на Кондово, најважната задача која стои пред полицијата е пронаоѓање на оружјето кое се наоѓаше во рацете на групата. Полицијата во саботата одговори на повикот на премиерот. Во Кондово ги пронајде топот и минофрлачот, кои според Бучковски биле главната закана за главниот град во периодот кога во скопското село престојуваше вооружената група, како и две “золјиии, автоматски и полуавтоматски пушки, пушкомитралез, четири рачни бомби и седум парчиња оружје РПГ. Во акцијата била пронајдена и муниција за наведеното оружје. За потсетување, сличен арсенал беше пронајден и во домот на Хамди Бајрамовски во полициската рација на 1 јули годинава.
Според опозициската ВМРО-ДПМНЕ, потерниците против Агим Красниќи власта ги повлекла, бидејќи тој поседувал топ со кој се закануваше дека ќе го нападне Скопје. Со тоа, изјави викендов портпаролот на партијата, Александар Бичиклиски, Владата покажала дека поседувањето такво оружје е услов за стекнување статус на политички партнер за преговори со неа, но и оти таа нема политички капацитет да се справи со проблемите со кои се соочува државата.
Претседателот на државата, Бранко Црвенковски, сў уште не се изјаснил за владините заклучоци во врска со †случајот Красниќиии откако претходно остро ја критикуваше одлуката на судот и Обвинителството. Заклучоците од владината седница донесени во четвртокот уште патуваат во претседателскиот кабинет. Бранејќи ја одлуката на судот и Обвинителството за повлекување на потерницата против Красниќи, премиерот Бучковски најави оти во октомври ќе започне судскиот процес против кондовецот, со што ќе се покаже дека нема никаков договор за амнестија. Обвинителот Зиков потврдува дека судската постапка против Красниќи продолжува, а тој се соочува со обвиненија за две тешки кражби, две насилства против поединечни лица, и едно обвинение за подготвување тероризам.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Макрон: Расте непријателството кон Евреите, сите мораме да се мобилизираме
Францускиот претседател, Емануел Макрон, повика на зајакнати напори во борбата против антисемитизмот во Франција, откако нови владини податоци покажале дека непријателството кон Евреите останува на високо ниво, и покрај падот на регистрираните инциденти во 2025 година.
Франција, која има најголема еврејска заедница во Европа, минатата година евидентирала 1320 антисемитски дела, што претставува 53 отсто од сите инциденти поврзани со религија, според извештајот на Министерството за внатрешни работи објавен денеска.
Иако бројот на инциденти се намалил за 16 проценти во однос на претходната година, Министерството соопшти дека тие остануваат на „историски високо ниво трета година по ред“. Зголемувањето е забележано особено по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година и последователниот конфликт во Газа.
„Училиштата, правосудниот систем, избраните претставници – сите мора да се мобилизираат“, порача Макрон на церемонија по повод 20 години од смртта на Илан Халими, 23-годишен Евреин кој беше киднапиран и држен во заложништво 24 дена, пред да биде убиен. Водачот на бандата беше осуден на доживотен затвор во 2009 година.
Макрон го осуди, како што го нарече, „отровот на омразата на интернет“, и побара од Европската комисија да ги повика големите онлајн платформи на одговорност.
Свет
Мерц: Русија сè уште не е подготвена за сериозни мировни преговори
Германскиот канцелар, Фридрих Мерц, изјави дека Русија сè уште не е подготвена за сериозни преговори за мир во Украина, иако западните сојузници се подготвени за дијалог кога ќе има смисла.
Говорејќи за време на Минхенската безбедносна конференција, Мерц го почна излагањето со критика на унгарскиот премиер Виктор Орбан, раскажувајќи за „еден премиер од ЕУ“ кој заминал во Москва без мандат и „не постигнал ништо“. Според него, една недела по таа посета, Украина претрпела некои од најжестоките напади врз цивилната инфраструктура.
„Ако разговорите имаат смисла, ние сме подготвени. Но, како што гледаме и од американска страна – Русија сè уште не е подготвена сериозно да разговара“, рече Мерц.
Тој додаде дека војната ќе заврши дури кога Русија ќе биде барем економски, а можеби и воено, исцрпена:
„Се приближуваме до тој момент, но сè уште не сме таму. Русија мора да се откаже од овој ужасен напад врз Украина, а ние мора да направиме сè што е потребно за да ги доведеме до точка кога повеќе нема да гледаат корист од продолжување на оваа војна“, истакна германскиот канцелар.
Регион
На Мерц му е непријатно оти е закочено членството на Западен Балкан во ЕУ
Германскиот канцелар Мерц во Минхен зборуваше за иднината на проширувањето на Европската унија, откако расправата беше поттикната од прашање на претседателот на Црна Гора.
Тој призна дека чувствува „сè поголема непријатност“ поради тоа што Европската унија не успева да постигне значаен напредок во пристапните процеси со земјите од Западен Балкан и соседството.
„Мораме да осмислиме нова стратегија за да ги доближиме овие земји до ЕУ. Не сакам да ве изгубам“, порача Мерц.
Како главна пречка го наведе принципот на едногласност, со посебен акцент на постојаното блокирање од страна на Унгарија, која ја опиша како „слон во просторијата“. Тој изрази надеж дека ова може да се надмине.
„По изборите што ќе се одржат во април, се надеваме дека ќе можеме да ги отвориме следните поглавја и да ви се приближиме уште повеќе кон Европската унија“, заклучи тој.

