Свет
Загинати се сите 132 патници во авионот на полскиот претседател
Во авионот во кој патуваше полскиот претседател Лех Качински кој ја предводеше државната делегација на комеморација на жртвите од Катинската шума близу рускиот град Смоленск, имало вкупно 132 патници и членови на екипажот (проширена верзија)
„Во сабота, во округот Печорска во Смоленската област при слетување на аеродромот Северниј во услови на густа магал а се зивестува и за силни ветрови кои дувале во тој регион, се урна авионот ТУ-154 на претседателот на Полска. Во авионот се наоѓале 132 лица, меѓу нив и претседателот и неговата сопруга“, за РИА Новости потврдил официјален претставник на руските власти, Владимир Миркин.Тој додал дека веднаш се спроведуваат истражни дејствија, а исто така се врши идентификација на жртвите. Агенцијата додава дека потврда дека нема преживеани во несреќата добила и од министерството за вонредни состојби и од високи функционери од Централниот федерален округ. Според овие информации, авионот се урнал на 500 метри од полетно слетната писта во 9.50 минути по средоевропско време.Рускиот претседател, Дмитриј Медведев формираше специјална комисија за истрага на околностите околу авионската несреќа во која утринава загина полскиот претседател Лех Качински.Во соопштението на Кремљ се наведува дека комисијата ќе ја предводи лично премиерот Владимир Путин. На местото на несреќата е испратен министерот за вонредни ситуации на Руската федерација, Сергеј Шојгу, како и повеќе инспектори и криминалисти.Авионот од типот „Тупољев 154“, кој летал од Варшава за Смоленск, најверојатно поради густа магла при слетувањето се залетал во крошни од дрва по што паднал на земја и се запалил, а гувернерот на регионот Смоленск, Сергеј Антуфијев потврди дека несреќата не ја преживеало ниту едно лице.Во авионот се наоѓале претседателот на Полска, неговата сопруга, началникот на генералштабот на полската војска и заменик министерот за надворешни работи кои патувале на свеченоста по повод 70-годишнината од масакрот на полските офицери во Катинската шума.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Паника во американската воена база поради сомнителен пакет
Неколку лица се разболеле и биле однесени во болница откако сомнителен пакет со бел прав бил доставен до воздухопловната база „Ендрус“ во американската држава Мериленд, според официјални лица и извори запознаени со истрагата, пренесува CNN.
Според соопштението од базата Ендрус, инцидентот се случил кога едно лице го отворило пакетот, што довело до евакуација на две згради и воспоставување безбедносен кордон, пренесува CNN.
Тимовите за итна интервенција реагирале брзо и утврдиле дека нема непосредна закана, по што случајот бил предаден на Канцеларијата за специјални истраги.
Неколку лица кои биле во контакт со пакетот, или во негова близина, биле транспортирани во медицинскиот центар во рамките на базата.
Првичниот тест не открил присуство на опасни супстанции, но истрагата продолжува.
Сè уште не се познати степенот и природата на симптомите кај оние кои се разболеле.
Тимот за опасни материјали го напуштил местото на настанот синоќа.
Просторијата каде што бил отворен пликот – во зградата каде што се наоѓа Центарот за подготвеност на Националната гарда – е сè уште затворена.
Базата „Ендрус“, која се наоѓа во близина на Вашингтон, е позната, меѓу другото, по тоа што се користи за патувања на американскиот претседател, потпретседателот и членовите на кабинетот.
Лидерот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, беше во базата еден ден пред инцидентот, во средат, пренесуваат светските медиуми.
Фото: принтскрин
Свет
(Видео) Заплови „Фуџијан“, најновиот и најмоќен кинески носач на авиони
Најновиот кинески носач на авиони „Фуџијан“ официјално е пуштен во служба, што претставува значаен чекор во напорите на Пекинг да ја достигне поморската моќ на САД, јави кинеската државна телевизија CCTV. На церемонијата на островот Хаинан присуствувал и претседателот Шји Џинпинг, кој симболично го активирал катапултот на палубата.
„Фуџијан“ е трет и технолошки најнапреден носач на авиони во кинеската флота, прв опремен со електромагнетни катапулти (EMALS) – технологија што досега ја поседува само американскиот „USS Gerald R. Ford“. Со тоа се овозможува полетување на авиони со поголем товар и поголем дострел.
President Xi Jinping on Wednesday attended the commissioning and flag-presenting ceremony of the Fujian, China's first aircraft carrier equipped with electromagnetic catapults, in south China's Hainan Province, according to Xinhua.
Xi, also general secretary of the Communist… pic.twitter.com/uTKFz6n1pD
— Global Times (@globaltimesnews) November 7, 2025
Иако користи конвенционален погон, за разлика од американските нуклеарни носачи, „Фуџијан“ со истиснина од 80.000 тони се смета за најмоќниот кинески брод досега и извор на национална гордост. Во Кина веќе се гради и четврти носач, познат како „Тип 004“, кој се очекува да има и нуклеарен погон.
Свет
Захарова му одговори на Руте: Објавете го списокот на „глобални правила“ што наводно ги кршиме
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, реагираше на изјавата на шефот на НАТО, Марк Руте, на тема Русија и кршењата на глобалните правила. Таа му наложи да го објави целосниот список на таканаречените правила, чие кршење неосновано ѝ се припишува на Москва.
„Прво, за какви „глобални правила“ зборуваме? Барам нивниот целосен список да биде објавен на веб-страницата на НАТО. Досега никој не знае за какви правила зборува Руте“, напиша дипломатката на својот Телеграм канал.
Второ, Русија, Кина, како и поголемиот дел од светот, отсекогаш изјавувале посветеност на меѓународното право, додека НАТО постојано го крши тој закон со своите агресивни дејствија и нелегитимни коалиции, изјави таа, потсетувајќи на нападите врз Ирак, бомбардирањето на Југославија и другите воени интервенции.
„Трето, не се сеќавам дека некоја од земјите-членки на НАТО изјавила дека ја суспендира соработката, на пример, како што изјави Руте, со Кина. Неодамна се одржа самитот САД-Кина – не слушнав дека Руте го критикувал американскиот претседател за тоа“, изјави таа.
Порано, Руте изјави дека Русија не е сама во намерата да ги прекрши глобалните правила, истакнувајќи дека оваа земја соработува со Кина, Северна Кореја, Иран и други земји.
Кремљ изјави дека Русија не претставува закана за никого, но дека нема да ги игнорира дејствијата што се потенцијално опасни за нејзините интереси.
Фото: принтскрин

