Македонија
Генералот Стојановски на балканска конференција во Романија
Делегација на АРМ, предводена од началникот на Генералштабот(ГШ) на АРМ генерал-потполковник Мирослав Стојановски, од денеска престојува на Конференција во Брашов, Романија.
Делегација на АРМ, предводена од началникот на Генералштабот(ГШ) на АРМ генерал-потполковник Мирослав Стојановски, од денеска престојува на Конференција во Брашов, Романија.
На четвртата Конференција на началниците на генералштабовите на армиите од балканските земји, што ќе трае до 11. јуни, На конференцијата во Брашов ќе учествуваат и началниците на генералштабови од Албанија, Турција, Грција, Босна и Херцеговина, Бугарија, Црна Гора и Србија, додека како гости ќе присуствуваат и началниците на генералштабовите на армиите од Словенија и Хрватска.
Најавено е учество на Заменик претседавачот на Воениот комитет на НАТО генерал-потполковник Валтер Гаскин, Претседавачот на Воениот комитет на ЕУ генерал Хакан Сирен, како и Командантот на Здружената команда на НАТО во Неапол, адмирал Марк Фитцџералд.
Првата конференција на НГШ на балканските земји се одржа во април 2007 година во Солун, Република Грција, втората се одржа во Анталија, Република Турција, додека третата средба на армиските лидери од Балканот минатата година се одржа во Белград, Република Србија.
На маргините од конференцијата, се очекува генералот Стојановски да оствари повеќе билатерални средби со своите колеги, началници на генералштабови кои учествуваат на конференцијата. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски со Гренел: Се бориме за секој интерес на Македонија
За време на посетата на САД, во Вашингтон, Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски оствари повеќе активности и средби со истакнати личности од американскиот политички, општествен и економски живот.
Тој се сретна и со Ричард Гренел, нов претседателски пратеник за специјални мисии и политика.
За средбата Мицкоски истакна:
„Разговаравме за актуелните случувања, за предизвиците со кои се соочуваме како држава и нашето остварување на стратешките интереси врзани со членството во Европската Унија. Воедно побарав поголемо ангажирање од нашите стратешки партнери на тој план, како и искористување на потенцијалите на економски план. Се бориме за секој интерес на државата.“, посочи Мицкоски.
Македонија
Началник во МВР нападнал лице и со службен пиштол го удирал по глава – поднесена е кривична пријава
Полицијата поднесе кривична пријава против С.Б. – началник во Одделение за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „затајување“.
„На 12 јануари во Кавадарци, пријавениот физички нападнал едно лице и со службен пиштол неколку пати го удрил по главата. Исто така, на 13 јануари, противправно присвоил една рамка и пет куршуми и не ги вратил, а кои се сопственост на Министерството за внатрешни работи“, соопшти МВР.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе поднесе Предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност против пријавениот ќе изрече задолжителна мерка за отстранување од работното место – суспензија до завршување на дисциплинската постапка.
Македонија
Нормализирана испораката на топлинска енергија
Нормализирана е испораката на топлинска енергија откако утрово повеќе скопски општини останаа без парно греење поради зголемени загуби на вода во топлификациската мрежа.
Кај приклучените потрошувачи на системот за централно греење од овој реон испораката на топлинска енергија се реализира согласно мрежните правила кај сите станбени и деловни објекти каде што утрово после 10 часот беше намален квалитетот на испорака, со исклучок на дел од потрошувачите во Општина Центар, велат од ЕСМ.
Оттука додаваат дека продолжуваат со работа, со вложување на максимални напори за што побрзо отстранување на дефектот во близина на Олимписки базен, по што ќе следи нормализирање на испораката на топлинска енергија за потрошувачите кои се снабдуваат со топлинска енергија од тој магистрален вод.
Станува збор за интервенција врз магистрален вод А во општина Центар што поминува преку булеварот Кочо Рацин, на потегот помеѓу Веро Центар и Олимписки базен.
Директорот на ЕСМ, Петар Милетиќ ја обвини претходната власт за двегодишна целосна негрижа и неодржување на дистрибутивната мрежа.
„Претходното раковоство кадри на СДСМ и на ДУИ кои несовесно и неодговорно раководеа со системот за дистрибуција на топлина придонесуваат за појава на неочекувани дефекти. Екипите на ЕСМ Дистрибуција на топлина продолжуваат со работа, со вложување на максимални напори за што побрзо отстранување на дефектот, по што ќе следи нормализирање на испораката на топлинска енергија за потрошувачите кои се снабдуваат со топлинска енергија од тој магистрален вод. Некоректно е дефект на топлификациската мрежа кој е последица на негрижата на претходното раководство, да се користи за паника и вознемиреност кај граѓаните на Град Скопје во функција на добивање ситни дневнополитички поени“, вели Петар Милетиќ.