Македонија
Невработеноста е главен проблем за македонските граѓани

Речиси половина од македонските граѓани сметаат дека невработеноста е најприоритетен проблем за државата, покажува последната анкета на Институтот „Павел Шатев“. Според анкетата, мнозинство од граѓаните сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на следните парламентарните избори
На прашањето, „Што мислите кој ќе победи на следните парламентарни избори?“, 30 отсто одговориле ВМРО-ДПМНЕ, 9,8 отсто СДСМ, 5,7 отсто ДУИ и ДПА 2,9 отсто. Одговор на ова прашање немаат 47,9 отсто од граѓаните.Според анкетата, доколку утре се одржат парламентарни избори, најголем број гласови ќе освои ВМРО-ДПМНЕ. На прашањето „Доколку утре се одржат парламентарни избори за која политичка партија ќе гласате“, 21,2 отсто би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, 10,9 отсто за СДСМ, 5,3% за ДУИ, 2,9% за ДПА и 1,2% за Нова Демократија. Одговор на ова прашање немале 26, 4% од испитаниците, додека 30,5% нема да гласаат за ниту една партија.Според анкетата на институтот, 21,8 отсто од граѓаните најмногу доверба имаат во премиерот Никола Груевски, 7,3% во лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, 5,8% во Али Ахмети и 3,3 во Мендух Тачи. Доверба во ниеден политичар немаат 41,9 отсто од граѓаните, додека 12,5 отсто немале одговор на ова прашање.Според анкетата, 63,9 отсто од македонските граѓани сметаат дека Бранко Црвенковски не заслужува повторно да биде премиер, додека 15,3 отсто повторно би му ја довериле челната функција на Владата. Без одговор се 20,7% од испитаниците.На прашањето „Кој проблем според вас е најприоритетен во Република Македонија?“, 46,2 отсто од нив се определиле за невработеноста, 29,6 отсто за економската крие, додека за 14,3 отсто од нив е решавањето на спорот со името.Анкетата е спроведена на репрезентативен примерок од 1.115 испитаници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Утре претежно сончево, кон крајот на денот зголемена облачност

До крајот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Во текот на ноќта ќе преовладува ведро и тивко време.
Утре ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми.
Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 27 до 33 степени.
Во Скопје, сончево со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 33 степенiи.
Во наредните денови следува период на претежно сончево време, освен во среда кога ќе преовладува променливо облачно со сончеви периоди. Во среда и четврток ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер, а дневните температури ќе опаднат за неколку степени.
Македонија
Кирков до Арсовска: Знаете ли дека ви изгореа „Дрисла“, „Вардариште“, а Скопје е затрупано со смет кој не го собирате

Советнинкот во Советот на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Кирков, со објава на социјалните мрежи ја праша градоначалничката Данела Арсовска дали знае, дека изгореа Дрисла и Вардариште а како што вели Скопје е затрупано со смет кој никој не го собира.
„Добар ден градоначалничке?
Како сте?
Знаете ли дека Дрисла ви изгоре, Вардариште исто така, а Скопје е затрупано со смет кој не го собирате. Орце се утепа од работа да го гаси вашиот пожар.
А со ЈСП до каде сте?
Нели Скопје ќе го правевте модерен град“.
За Зоолошка, вели Кирков да не правиме муабет.
„Таму животните умираат од болести од 19 век. Ова се лошите вести, добрите се што Скопје ќе ве преживее.
Си одите уште месец дена“, пишува тој во објавата.
Македонија
Утревечер собир на плоштадот „Македонија“ во Скопје: со ѕвездено небо и молк да обележиме шест месеци од масакрот во Кочани

Утре во 20:16 часот, на плоштадот „Македонија“ во Скопје, ќе се одржи собир на кој ќе се обележат шест месеци од пожарот во дискотеката во Кочани со 62 жртви и над 200 повредени.
Иницијативата „Кој е следен?“ и студентски активисти повикуваат на достоинствено сеќавање, со ѕвездено небо и молк, како симбол на солидарност и граѓанска одговорност.
„Ова не беше несреќа. Не беше трагедија. Беше масакр. Свирепо убиство од страна на дисфункционалните институции и партискиот картел. Не смееме да отрпнеме. Болката мора да ја почувствуваме сите заедно . таа болка треба да не разбесни и да не поттикне на акција. Вистинската борба за живот или смрт е токму борбата за Кочани“, велат организаторите.
Обвинението, поднесено во јуни, сè уште не е оценето од надлежниот суд, поради обемноста на предметот и бројните приговори од страна на обвинетите. Вкупно 34 физички и три правни лица се соочуваат со обвиненија.
Семејствата на загинатите преку „Марш на ангелите“ во Кочани секоја сабота веќе шест месеци бараат одговорност и правда за нивните деца, а протести се организира и во други градови.