Македонија
Преку регионално партнерство до членство во НАТО
Од вторник до четврток, заменик началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Насер Сејдини, учествува на осумнаесеттата Конференција на началниците на генералштабовите од армиите на земјите-членки на Јадранската повелба која се одржува во Црна Гора.
Домаќин на Конференцијата е началникот на Вооружените Сили на Црна Гора, Адмирал Драган Самарџиќ, а покрај учеството на началниците на ГШ на армиите од земјите-членки на Јадранската група (Македонија, Албанија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Црна Гора) на конференцијата присуствуваат и заменик началникот на Вооружените Сили на Словенија, командантот на КФОР, како и високи претставници на националните гарди, партнери на земјите членки на Јадранската повелба.
На отворањето на конференцијата се обрати началникот на Вооружените Сили на Црна Гора, Адмирал Драган Самарџиќ, а главна тема за учесниците е одржување на интероперабилноста преку регионално партнерство.
ЗНГШ на АРМ, генерал-потполковник Насер Сејдини во своето излагање ја истакна работата на АРМ во реформите и евроатланските аспирации кои ги има земмјата, потенцирајќи дека Македонија заслужува и има право да биде полноправна членка на НАТО алијансата.
Домаќин на наредната, деветнаестта конференција на началниците на генералштабовите од армиите на земјите-членки на Јадранската повелба, ќе биде Македонија./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на ГП „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 15:00 часот е нормализиран во двата правци, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.
Македонија
Утре сончево време со температура до 15 степени
Утре во утринските часови ќе има појава на магла по котлините. Во текот на денот ќе биде претежно сончево и тивко, освен во југоисточните делови каде ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на слаба магла. Во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 11 степени.
До крајот на неделата нашата држава ќе биде под влијание на висок воздушен притисок кој ќе услови стабилно и релативно топло време. По одделни котлини во претпладневните и ноќните часови ќе има појава на магла.
Македонија
(Фото) Колони возила чекаат влез во Македонија преку „Дојран“, „Богородица“ е затворен
Колони возила чекаат на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.
На ГП „Ники“ (Меџитлија) сообраќајот е блокиран само за товарни возила и автобуси, информира АМСМ.
Според најновата информација од АМСМ, сообраќајот на ГП „Богородица“ (ГП Евзони) од 15 часот е нормализиран во двата правци.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.

„Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничниот премин Дојран, времето на чекање за излез од државата изнесува 30 минути. На граничниот премин Табановце, времето на чекање за излез од државата изнесува 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата“, информира АМСМ.

