Македонија
Повторно координација за Анкетната комисија
Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски за денеска закажа нова координација со сите претседатели на пратеничките групи на која ќе се обидат да дојдат до компромисно решение за формирање на Анкетна комисија кој треба да ги испита случувањата од први јули.
Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски за денеска закажа нова координација со сите претседатели на пратеничките групи на која ќе се обидат да дојдат до компромисно решение за формирање на Анкетна комисија кој треба да ги испита случувањата од први јули.
На вчерашната координација владеачката ВМРО-ДПМНЕ и опозициската СДСМ не успеаја да постигнат договор за формирање на Анкетната комисија, а втората точка за измените во деловникот воопшто не била разгледана и е оставена за денеска.
Опозицијата на средбата предложила нов, како што наведуваат, компромисен предлог – комбинација од нивниот, на владеачкото мнозинство и предлогот на претседателот на Парламентот, додека намерата на ВМРО-ДПМНЕ се прашањата за анкетната комисија и Деловникот за работа на Собранието да се решат во пакет, пред претстојниот состанок на Комитетот за Спогодбата за стабилизација и асоцијација следната недела.
И покрај широкиот опфат на предлогот, велат од опозициската партија, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на средбата се изјаснила дека останува на својот предлог и . дека прашањето за Деловникот на Собранието треба да се отвори дури откако ќе биде формирана анкетната комисија
Во владеачката партија наведуваат дека не прифаќаат анкетната комисија да биде ограничувана и условувана од опозицијата.
Група пратеници од опозицијата на први јули учествуваа во инцидент во собранието и се судрија со припадник на МВР, а двете страни имаат различни видувања за настанот. /крај/со/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 12:00 часот, корисниците на улиците: Урош Џудовоќ, Осло, Будимпештанска, Лубица Георгиева (Општина Карпош)
Македонија
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на висок воздушен притисок продолжува периодот на претежно сончево и тивко време. Во ноќните и претпладневните часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност.
Македонија
Зимзоленд: Продолжуваме со работа, шпекулација е дека настанот ќе биде затворен
Од Зимзоленд велат дека продолжуваат со работа и дека информациите за неговото затворање се шпекулации.
„Во последните часови на одредени медиуми се појавија неточни информации и шпекулации дека Зимзоленд ќе биде затворен. Ве информираме дека ова не е точно. Зимзоленд продолжува да работи со редовно работно време“, се наведува во јавното соопштението.
Во него се додава дека е точно дека во претходните денови имало инспекциски надзори, но велат дека до надлежните служби била доставена целосната и потребна документација.

