Македонија
Тужителите не се откажуваат од случајот против Топилницата
Тужителите засега нема да ја повлечат тужбата против државата по тридецениското загадување предизвикано од велешката Топилница.
Тужителите засега нема да ја повлечат тужбата против државата по тридецениското загадување предизвикано од велешката Топилница.
Судот на последното рочиште ги отфрли резултатите од досегашните вештачења и донесе одлука домашни стручњаци одново да направат вештачење.
Тужителите се свесни дека новото испитување на загаденоста со себе повлекува и дополнителни материјални трошоци, но велат дека нема да отстапат од тужбата.
„Единствено нешто што останува е да се договориме сите тужители како понатаму би постапувале доколку навистина се наметнат материјални трошоци. Во однос на прецизирањето на тужбеното барање, во однос на конкретното загадување кое би се утврдило сето тоа треба да биде преку институции кои ќе ги ангажира судот. Сите тие вештачења ќе чинат пари“, рече Горан Петров, претседател на одборот за спас на Велес од Топилницата.
Од тужбата против државата не отстапуваат ниту членовите на Зелената коалиција. Тие велат дека и понатаму ќе се борат дасе заштитат граѓаните на Велес од евентуалното рестартирање на Топилницата. За материјалните трошоци кои ги наметнува новото вештачење помош ќе бараат од советот на општина Велес и од а други институции.
„Ја имаме моќта да лобираме, ја имаме моќта на пријателствата и моќта на поддржувачите на зелената коалиција. Ќе апелираме до советот на општина Велес одреден дел финансиски средства од буџетот да отстапи на име на докажување на загадувањето.
Планираме во иднина и донаторска конференција и три големи сериозни донатори фондации кои веќе се одважија да му помогнат на Велес“ изјавија тужителите.
Велешкиот суд на последното рочиште на судскиот спор меѓу општината и државата, донесе одлука да се утврдат мерите и границите на парцелите, да се утврди сопственоста и да се измери колкава е загаденоста на истите. И сето тоа да го направат овластени домашни институции. /крај/ ди
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Николовски: Системот на злоупотреби што го создаде Владата ја уништи довербата – земјоделците повторно ќе ја плататат цената
„Колку пати алармирав и предупредував дека во Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој се создава систем на клиентелизам, влијанија и злоупотреби?“, порача поранешниот министер за земјоделство, Љупчо Николовски, реагирајќи по апсењето на директорот на Агенцијата при земање мито.
„Јавно укажував дека ИПАРД 3 ќе крахира, дека со вакви практики се загрозува кредибилитетот на државата пред Европската комисија и се става под ризик целата програма вредна околу 100 милиони евра – пари наменети за развој на македонското земјоделство“, изјави Николовски.
Според него, денешниот скандал е директна последица на политичко поставување на луѓе без интегритет и без компетенции.
„Ова не е изолиран инцидент, туку резултат на владеење кое ги заменува вредностите и професионалноста со партиска послушност“, нагласи тој.
Николовски потсети дека за време на неговиот мандат ИПАРД 2 програмата беше 100% искористена, со 2.369 договори и реализирани инвестиции.
„Срамно е целиот тој успех и довербата што ја изградивме со Европската унија да биде уништена за само една година поради корупција и лични интереси“, додаде тој.
Тој предупреди дека постои реална опасност Европската комисија да ја стопира ИПАРД 3 програмата за Македонија, што би значело блокада на сите исплати и нови повици.
„Ако се случи тоа, земјоделците повторно ќе бидат жртви на корупцијата и неспособноста на оваа власт“, порача Николовски.
Поранешниот министер побара итна одговорност и расчистување со злоупотребите:
„Време е за целосна одговорност. Македонија не смее да си дозволи да ја изгуби довербата во европските институции поради поединци кои го претворија земјоделството во извор на мито и политички влијанија.“
Македонија
Делови од Центар и Сарај в понеделник без вода
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека зафатот кој беше најавен за денеска поради одредени технички пречки се одложува за понеделник.
Поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
До понеделник променливо облачно време со локални врнежи од дожд
Променливо облачно време со локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни. Процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 30 l/m² за 24 часа), засилен ветер и појава на грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен, а долж Повардарието од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса до понеделник ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни. Процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 30 l/m² за 24 часа), засилен ветер и појава на грмежи. Од вторник се очекува стабилизирање на времето.

