Македонија
Ги „рекетирале“ за да не им објават вулгарни фотографии

Тројца жители на кумановското село Горно Коњаре преку СМС пораки им се заканувале на татко и ќерка од струшкото село Мислодежда, дека ако не им исплатат 20.000 швајцарски франци
Тројца жители на кумановското село Горно Коњаре преку СМС пораки им се заканувале на татко и ќерка од струшкото село Мислодежда, дека ако не им исплатат 20.000 швајцарски франци јавно ќе објават вулгарни фотографии од ќерката, соопштува МВР.
Завчера таткото го пријавил случајот во полиција. Вчера на пладне во Кичево по претходно договорена средба на заканувачите им биле дадени швајцарските франци кои претходно биле крим технички обработени.
При претрес на уценувачите, кај нив биле најдени и одземени парите, два телефони „Нокиа“ и потврда за трансфер на пари од „Вестерн Унион“. Од нивните домови бил одземен компјутер и други предмети кои што биле дадени на понатамошна обработка. Против тројцата осомничени е поднесена кривична пријава за уцена. /крај/со/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци

Во 21.25 часот сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци е нормализиран, соопшти АМСМ.
Сообраќајот во спротивниот правец ќе биде пуштен штом се создадат услови.
Македонија
МВР: Поради пожар, затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025), затворен за сообраќај е автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Возилата се пренасочуваат кон Петровец.
МВР со апел до граѓаните, да не се упатуваат кон овој дел од автопатот се додека не се создадат услови за повторно пуштање на сообраќајот.