Македонија
Средношколска размена со Германија
Заложбата на средното училиште „Таки Даскало“ од Битола е соработката со училишта од Европа, размена на искуства и подобрување на воспитно обраозвниот процес.
Заложбата на средното училиште „Таки Даскало“ од Битола е соработката со училишта од Европа, размена на искуства и подобрување на воспитно обраозвниот процес. Таква меѓународна сорботка, денеска беше остварена со училиште од Германија во насока на искуства од различните образовни системи и импелемнтација на образовно едукативниот процес.„ Ја гледам најголемата можност преку нивно посредништво да се дојде до учество и добивање грантови на Европската унија“, вели Анита Ангелевска директор на Државното средно училиште „Таки Даскало“ од Битола. Првиот контакт со ова училиште бил остварен во 2005-та и досега имало само размена на наставници. Денешната посета на координаторите на проектот беше искористена и за организирање работилница за ученици од прва и втора година, кои го изучуваат германскиот јазик.„Секој од учениците требаше да ги каже своите идеи и цели“, вели Македонка Атанасоска, професор по германски јазик во битолското средно училиште.За гостите од Германија, пред сé, било интересно патувањето на прсторите на Балканот, и запознавањето со овдешната култура и традиција. Нивните ученици малку знаеле за земјава.„Во принцип многу малку се знае за Македонија, но искуствата што ги имаат, ги разменуваат со своите врсници. Ние донесовме и писма, па подоцна преку електронска пошта , тие ќе се допишуваат“, вели Ула Суксарторис, координатор на проектот од германска страна.Целта на соработката е размена на искуства, размена на ученици и професори и заедничкиот интерес на Европа, историјата на двете држави, животот на младите и изучувањето на странските јазици кои ги зборува Европа./крај/ом/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно и студено со сончеви периоди, повремено ќе дува засилен северен ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -4 до 3 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, претпладне во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 2 степена.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со студени утра и утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во вторник наместа дневните температури ќе се задржат негативни, а од среда ќе бидат во постепен пораст. Од средината на седмицата по котлините ќе има услови за појава на магла.

